Ди Каприо го опече медуза за време на одморот во Италија, девојката (26) му укажа помош - Канал 5

Ди Каприо го опече медуза за време на одморот во Италија, девојката (26) му укажа помош

Леонардо ди Каприо доживеал мала незгода за време на својот одмор на Сардинија, каде ужива со својата 26-годишна девојка Виторија Серети.

Ди Каприо го опече медуза за време на одморот во Италија, девојката (26) му укажа помош

Додека пливале во морето, 49-годишниот актер го опекла медуза. Тој се качил на јахтата, а по него дошла и Виторија. Екипажот на јахтата му укажал помош и ја санирал раната на Ди Каприо.

Потсетуваме дека Леонардо и Виторија неодамна заминаа на одмор. На луксузната јахта со нив уживаат и актерот Тоби Мегваер и моделот Бабет Стријбос.

Неодамна странските медиуми шпекулираа дека славниот актер се жени бидејќи Виторија била фотографирана со голем дијамантски прстен на левата рака. Ди Каприо и Виторија се во врска од минатото лето, а ова не е првпат да се шпекулира дека тој ќе се жени.

Виторија веќе беше во брак

Инаку, Виторија е успешен модел. Таа учествуваше на ревии за брендовите Клоè, Пако Рабан, Александер Мекквин, Ралф Лорен, Александер Ванг, Версаче, Роберто Кавали, Долче и Габана, Армани, Прада, Марк Џекобс, Мајкл Корс, Ботега Венета, Том Форд и Томи Хилфигер.

Во 2020 година, таа се омажи за Матео Милери, италијански ди-џеј. Не е познато дали парот се развел, манекенката сè уште има заеднички фотографии со сопругот на Инстаграм, па многумина се прашуваат дали нивниот брак завршил поради Ди Каприо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа денес кога товарен авион на Амазон излетал од пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во САД, удирајќи во неколку возила, соопштија официјални лица.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Неколку лица се однесени и во болници со непознати повреди, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд, пренесува „NBC“.

Според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA), повеќе од 60 пожарникари од округот Мајами-Дејд реагирале на местото на несреќата.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувнал по падот на Боингот 767-300, а надлежната служба потврди дека имало „повеќе повредени“ во овој инцидент, пренесе американската телевизиска станица.

Како што е додадено во соопштението на „FAA“, авионот продолжил да се движи надвор од пистата околу 14 часот по локално време, откако долетал во Флорида од Сан Хуан, Порторико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година (среда) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Прскањето ќе се одвива на водни површини.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Алтернатива за Германија  извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт, далеку пред главните ривали. Пренесува Би-Би-Си.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Прелиминарните резултати покажуваат дека не успеала да освои апсолутно мнозинство, но AFD вели дека добила мандат за влада.

Крајнодесничарската AFD обезбеди 43,8% од гласовите, а конзервативната CDU 17,2%, според прелиминарните резултати на покраинската изборна комисија. Харизматичниот лидер , Улрих Зигмунд, рече дека тоа е „сензационално“ и дека сакаат да започнат со управување што е можно поскоро.ниту една крајно десничарска партија не ја освоила контролата врз германска покраина од втората светска војна, а управувањето на покраинско ниво би значело овластувања врз полицијата, локалното образование и културата. Саксонија-Анхалт има мало население од 2,1 милиони жители, а AFD во покраината е оценета од домашните разузнавачки служби како „десничарски екстремистичка“, класификација што ја отфрли 35-годишниот Зигмунд. ФД се залага за строги ограничувања за имиграцијата, обновување на врските со Русија, намалување на поддршката за Украина и напуштање на еврозоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер