Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
СветДевојка заминала на свадба на рајски остров – локални жители ја претепале, силувале и убилеМихаела М. (23), по потекло од Словачка, отпатувала на островот Боракај, на Филипините, на свадбата на нејзините пријатели, а патувањето во рајот брзо се претворило во хорор.Имено, девојката наводно била силувана и убиена од неколку мажи од Филипините, пишува Билд. Оваа 23-годишна Словачка, која живеела во Берлин, одлетала на далечниот остров за да ја прослави венчавката на своите пријатели на белите песочни плажи. Последен пат била видена на 8-ми март, како насмеана и ужива на свадба под палми, за да задоцни на летот само 48 часа подоцна. „Ми напиша колку е среќна“, објасни пријател во трогателниот онлајн апел за донации. Тој истакна дека никој ништо не слушнал од неа. Наводно по венчавката, на 10 март таа се појавила надвор околу пладне, но два дена подоцна била пронајдена мртва. Нејзиното тело лежело полуголо во напуштена капела. „Таа беше жртва на страшно насилно злосторство“, вели нејзината пријателка, а според судскиот вештак, Михаела М. била силувана и претепана до смрт. Според полицијата, истрагата е речиси завршена – тројца осомничени се уапсени. Еден од осомничените е случајно уапсен за време на рација со дрога, пишува дневниот весник The Philippine Star. Во затвор 28-годишникот предал двајца соучесници кои ги сретнал со Михаела М. ноќта кога се случило убиството. Според неговата изјава, мажите ја претепале жената во бессознание со парче дрво, ја одвлекле до капелата и таму ја силувале. После сите заедно испиле нешто како ништо да не било. Оваа недела, истражителите на Филипините дури одведоа клучен сведок на местото на злосторството за да ги потврдат неговите изјави и да подготват обвиненија. Михаела, која работела како негувателка, секогаш се грижела за другите, а нејзините пријатели имаат само пофални зборови за неа.Тагови: свадба силувале Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во ПолскаСиноќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“. Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор. „Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ. Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста. Фото: Ивона КочовТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрогаНа 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter