Сите гледаат во ракунот, а торбата од алигатор е главната „ѕвезда“ на имиџот на Халанд - Канал 5

Сите гледаат во ракунот, а торбата од алигатор е главната „ѕвезда“ на имиџот на Халанд

Ако мислевте дека Ерлинг Халанд од САД се врати со само една луксузна чанта, се лажете.

Сите гледаат во ракунот, а торбата од алигатор е главната „ѕвезда“ на имиџот на Халанд

Додека медиумите пишуваат за плишан ракун и голема чанта Долче и Габана, малкумина забележаа дека Халанд на аеродромот пристигна дури со две луксузни торби.

Станува збор за уште еден ексклузивен модел на модната куќа Долче и Габана, претставен пред само неколку недели на ревијата на машката колекција пролет/лето 2027 година во Милано.

Втората чанта е целосно изработена од кожа од алигатор

Халанд носел две торби од истата колекција кога пристигнал во Осло. Преку рамо ја носел веќе добро познатата платнена торба од Сицилија со бордо детали од кожа од алигатор, за што веќе пишуваа бројни светски модни медиуми.

Но, кога ќе погледнете внимателно, ќе забележите дека постои уште еден, подеднакво впечатлив модел – голема трапезоидна чанта во боја на нане, целосно изработена од кожа од алигатор. Станува збор за модел претставен на саемот на Долче и Габана пролет/лето 2027 година, кој се уште не е достапен за продажба.

Може да вреди повеќе од 70.000 евра

За оваа чанта проговори и Tiktoker Jack Savoie (@jack.savoie), кој ги анализира луксузните модни додатоци. Во видеото тој истакнува дека се работи за модел направен целосно од кожа од алигатор, вклучувајќи го и ременот за рамо, поради што очекува да биде значително поскапа од првата чанта што ја носеше Халанд.

„Ако првиот вреди околу 47.000 долари, тука имаме двојно повеќе кожа од алигатор. Мојата проценка е помеѓу 80.000 и 90.000 долари“, рече Савои.

Тоа според денешниот курс би изнесувало приближно 68.000 до 77.000 евра. Сепак, треба да се нагласи дека ова е само негова проценка бидејќи Dolce & Gabbana се уште ја нема објавено официјалната малопродажна цена.

Сепак, ракунот го украде шоуто

Иако модните чанти го привлекоа вниманието на љубителите на луксузот, најголемата ѕвезда на пристигнувањето на Халанд во Осло беше плишаниот ракун наречен Whisky Raccoon, кој го купи за време на неговиот престој во Тексас за 750 долари. Необичниот сувенир го засени фактот дека норвешкиот напаѓач пристигна на аеродромот со дури две чанти од најновата колекција на Долче и Габана кои се уште не се ни пристигнати на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер