3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ЖивотДевет години од животот поминуваме на телефонМобилните телефони стануваат главен начин на комуникација. Просечено луѓето најмногу ги користат за социјални мрежи и комуникација. Според последното истражување спроведено од веб страницата за споредби на телефони „Висал Аут“ направено на илјада корисници се покажало дека човекот поминува девет години на телефон од својот живот. Истражувачите претпоставиле дека децата најчесто добиваат телефон кога се на 10-годишна возраст, а дека еден човек дневно поминува околу 3 часа на телефон. Има разлики и помеѓу генерациите. Лицата родени од 1981 до 1996 година поминуваат една четвртина од времето кога се будни на телефон. Лицата родени од 1965 до 1980 поминуваат околу 16,5 отсто од времето на телефон, а за лицата родени помеѓу 1946 и 1964 процентот изнесува 9,9.во часови, милениумците поминуваат просечно 3,7 часа дневно на телефон, средната генерација 3 часа, а постарите генерации поминуваат просечно 2,5 часа дневно на телефон.На годишно ниво, милениумците трошат 56 дена држејќи телефон во раката, додека најстарата генерација 39 дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамОва е германскиот автомобил на годината – дали се согласувате со изборот?Наградата „Германски автомобил на годината“ (GCOTY) ја освои едно електрично возило – „Volkswagen ID. Polo“.Електричниот наследник на многу омилениот модел „Polo“ најпрво победи во категоријата „Буџет“ (за автомобили со цена под 25.000 евра), а потоа ја однесе и главната победа. Без да навлегуваме во тоа дали можеби имало некаква пристрасност во процесот на избор, со оглед на тоа што станува збор за германски бренд, вреди да се напомене дека жирито се состоело од 47 германски и меѓународни автомобилски новинари. Понатаму, во финалниот круг, „ID. Polo“ ги надмина моделите „Kia PV5“, „Mercedes-Benz GLC“, „Xpeng X9“ и „Hyundai Ioniq 6 N“. Томас Шефер, извршен директор на „Volkswagen“, изјави дека „ID. Polo ја носи електричната мобилност таму каде што таа може да има најголемо влијание – во секојдневниот живот на луѓето“. Андреас Миндт, шефот за дизајн во „Volkswagen“, исто така ја коментираше наградата. Пишувајќи на „Instagram“ за „ID. Polo“, тој истакна дека „сакале да создадат вистински „Volkswagen“ – автомобил со јасен дизајн, препознатлив идентитет и карактер“. View this post on Instagram A post shared by Andreas Mindt (@andymindtofficial) Што се однесува до останатите победници по категории, листата е следна: • Компактни (25.000 € – 40.000 €) – „Kia PV5“ • Премиум (40.000 € – 70.000 €) – „Mercedes-Benz GLC“ • Луксузни (над 70.000 €) – „Xpeng X9“ • Перформанси – „Hyundai Ioniq 6 N“ Специјални категории • Најдобар однос цена-квалитет – „Geely E2“ • Најдобар дизајн на екстериерот – „Renault Twingo“ • Најдобар ентериер – „BMW iX3“ • Најдобар погонски систем – „Porsche 911 Turbo S“ • Семеен автомобил – „Škoda Peaq“ Наградата за личност на годината во индустријата за 2027 година му припадна на Клаус Зелмер, првиот човек на „Škoda“. Извор: Б92Тагови: автомобил на годината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА тестираше три нови правила, аут со нога,....На премиерното Светско првенство и фестивал за играчи до 15 години, ФИФА тестираше три експериментални правила. Натпреварите се играа со неограничен број замени, аутите се изведуваа со шутирање на топката, а прекршоците за офсајд се досудуваа само во зоната од 14 ментри пред голот. Турнирот се одржа во Баку од 24 до 30 октомври, со учество на 189 екипи од сите шест конфедерации. Титулата во највисоката „Категорија А“ ѝ припадна на Шпанија, која во финалето на 30 октомври ја совлада Чешка со 3–0. Во текот на една недела беа одиграни 932 натпревари, при што беа постигнати вкупно 4.505 голови – просек од 4,83 по натпревар. На натпреварот со најмногу погодоци беа постигнати 21 гол. Игра со осум играчи во поле и неограничени замени. Целта на ФИФА беше да се овозможи динамична игра со многу напаѓачки акции, па затоа натпреварите се играа со осум играчи во секој тим и со неограничен број замени, со што се укина претходното ограничување од пет замени. Ова им овозможи на тренерите почесто да ги ротираат играчите и да управуваат со нивното физичко оптоварување, истовремено давајќи им можност за настап на поголем број членови од тимот. Натпреварите се одвиваа на помали терени, со димензии 68 на 47 метри, при што се користеа голови со стандардни димензии. Наместо да се уфрла со раце, топката се враќаше во игра со нозе. Со ова, ФИФА имаше за цел да го забрза продолжувањето на играта и да им овозможи на младите играчи повеќе допири со топката, како и повеќе можности за развој на нивната техника. Исто така, беше променето и правилото за офсајд: играчот можеше да се најде во офсајд само откако ќе влезеше во одредена зона, која започнуваше на 14 метри од голот на противникот. „На оваа возраст, играњето е најважното нешто. На младите играчи им се потребни значајни натпревари, различни противници и разновидни фудбалски искуства за да напредуваат. Талент има насекаде, но можностите за младите не се секогаш еднакви. Овој турнир им дава шанса на играчи од целиот свет да се натпреваруваат, да учат и да се развиваат“, изјави Арсен Венгер, шеф на ФИФА за глобален развој на фудбалот. Венгер додаде дека ФИФА сака да осигури секој талентиран играч да биде забележан, да добие можности за тренинг и играње, и на тој начин да може да го достигне својот полн потенцијал. На турнирот учествуваа играчи родени во 2011 и 2012 година. Натпреварите се состоеја од две полувремиња по 20 минути, а секој тим имаше право да пријави 14 играчи и до шест членови на стручниот штаб.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ТехнологијаДата центрите во Германија трошат електрична енергија колку 6,5 милиони домаќинстваСпоред проценките на индустриското здружение „Битком“, потрошувачката на електрична енергија во германските дата центри значително ќе се зголеми во наредните години, како резултат на брзиот развој на вештачката интелигенција.Како што се наведува во студијата на „Битком“ објавена вчера, годинава центрите за податоци и помалите ИТ-објекти во Германија ќе потрошат приближно 23 терават-часови електрична енергија – количина што одговара на вкупната годишна потрошувачка на околу 6,5 милиони домаќинства. Според пресметките на „Битком“, се очекува потрошувачката да се зголеми на 35 до 38 терават-часови до 2030 година, а до 2035 година би можела да достигне меѓу 56 и 70 терават-часови. Во меѓувреме, Норвешката дирекција за водни ресурси и енергија (NVE) неодамна процени дека потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци би можела да порасне од сегашните 3–4 терават-часови годишно на 25 терават-часови до 2035 година – проекција направена во контекст на ограничениот потенцијал за проширување на капацитетите за производство на електрична енергија. Предупредувања за проблемите со електроенергетската мрежа Германското здружение предупредува дека амбицијата на земјата да стане центар за дигиталната индустрија би можела да биде попречена од недоволниот капацитет на електроенергетската мрежа и долгите постапки за добивање дозволи. „Секој што ќе заостане во изградбата на инфраструктура, брзо ќе ја изгуби позицијата и во областа на вештачката интелигенција“, изјави претседателот на „Битком“, Ралф Винтергерст, на Дигиталниот самит во Берлин. За Германија да може да држи чекор со меѓународната конкуренција, здружението повика на насочено намалување на трошоците за електрична енергија и забрзување на процедурите за планирање. Килијан Вагнер, раководител за одржлива дигитална инфраструктура во „Битком“, предупреди дека компаниите нема да се откажат од дигиталната трансформација, а граѓаните нема да престанат да користат дигитални услуги, дури и ако Германија нема доволно центри за податоци. Според Вагнер, во таков случај Германија само ќе стане уште позависна од странски земји, а компаниите ќе ги градат своите центри за податоци надвор од државата. Колку вода трошат дата центрите? Здружението исто така се осврна на загриженоста во врска со големата потрошувачка на вода во современите центри за податоци. Според нивните податоци, две третини од податочните центри во Германија трошат најмногу еден децилитар вода по киловат-час електрична енергија. Податочните центри што се ладат преку испарување трошат најмногу вода, но, според „Битком“, ваков систем се користи во приближно една третина од дата центри во Германија. Извор: Индекс.хрТагови: Германија дата центри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook