Деспотовски: СДСМ нема да се обедини околу човек, туку околу принципи и вредности

СДСМ нема да се обедини околу човек туку околу јасен став, принципи и нов почеток, а изборите во недела ќе бидат референдум за партијата, вели во интервју за Канал 5 кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Законот за укинување на економски директори на клиниките на владина седница

Економските директори заминуваат во историјата. 

Нивното укинување е на дневен ред на денешната владина седница.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ е пред владата.

Која е целта на новиот закон, најавен дека ќе ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи..

Мими, на денешната седница се очекува да се донесат и нови кадровски решенија за третиот ешалон. Има ли информација кои се нови директори?

- Назначени нови директори на ТИРЗ, ФЗО, АХВ и Агенција за извршување санкции

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Средба на Гаши со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија. 

-Во фокусот на средбата беше зајакнување на соработката меѓу Собранието и Стопанска комора на Северозападна Македонија, како и измена на дел од постојаната законска регулатива. Меѓу друго едно од нивните барања беше и меѓусебна консултација пред носење на предлог-закони кои се во нивен интерес, информираат од собраниската прес-служба.

Собранието, нагласил тој, може да го сметате како ваш најсилен сојузник, и додал дека ја имаат неговата целосна поддршка.

На средбата соговорниците се согласиле дека е потребно интензивирање и продлабочување на соработката во иднина.

Реакција на Кренар Лога на изјавата на Максим Димитриевски

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште помалку Димитриевски; тој може да дозволи или да забрани знамиња во неговиот приватен дом.

Владата е дом на сите граѓани на Македонија, а следствено и на 1/3 од вкупното население, во овој случај Албанците. Секоја заедница може да го користи своето знаме, кои се дел од преамбулата на оваа држава, како турското, бошњачкото, влашкото, ромското, египетското итн.

Државното знаме на Македонија е почитувано од сите и затоа сите треба да ги почитуваат соодветните симболи. Таканаречениот српски етноцентризам се појавува како црн облак над нашата земја, и е лош знак, затоа запрете ги експериментите врз државата која секој ден се повеќе се обидувате да ја поделите и разедините. Засукајте ги ракавите и работете за иднината на оваа земја, доста со постизборна кампања.

Кренар Лога, генерален секретар на Алијанса за Албанците

притисни ентер