Десет години се допишувала со маж, се шокирала кога утврдила дека не постои

Кират Аси, 42-годишна лондончанка, десет години се допишувала со маж, а на крајот открила дека тој воопшто не постои, туку дека е жртва на лажно претставување на Интернет.

Сè започнало во 2009 година кога на Фејсбук добила порака од поранешното момче на нејзината братучетка барајќи совет како повторно да се поврзе со неа. Почнале да се зближуваат, а по пет месеци допишување тој починал, пренесува Daily Mail.

Нејзината братучетка Симран Богал потоа ѝ ја дал адресата на е-пошта на неговиот наводен брат Боби за да изрази сочувство, со кого подоцна разменила профили на социјалните мрежи. Боби се претставил како доктор од Австралија, а Аси набрзо се заљубила во него. Тие комуницирале секој ден, но секој пат кога требало да се сретнат, Боби смислувал изговори.

Дури и како изговор ја искористил приказната дека бил во болница поради срцев удар, а кога Кират се обидела подетално да го испраша за неговиот живот и причините поради кои не можеле да се најдат, ќе почнел да се заканува дека ќе изврши самоубиство.

Кират на крајот најмила приватен детектив за да дознае повеќе за Боби, и по неколкумесечна истрага, се покажало дека таа всушност не се допишувала со Боби.

Иако Боби постоел, Кират всушност се допишувала со нејзината одмаздољубива братучетка.

„Ова влијаеше на моето здравје, семејството, пријателите, социјалниот живот, кариерата... Ми го уништи животот и ми зема здраво за готово десет години“, вели Кират.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

притисни ентер