Денеска починале 45 заболени, регистрирани се 1.394 нови случаи на Ковид -19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на КОВИД-19..

Во Скопје – 592, Куманово - 104, Битола – 101 ,Прилеп – 63,Велес – 60, Кавадарци – 50, Охрид – 39, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка - 10 ,Валандово – 8, Богданци - 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип,Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар,Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 479 оздравени пациенти од:

Скопје – 245, Прилеп – 35, Кавадарци – 27, Куманово и Велес – по 21, Битола и Свети Николе – по 15,Гостивар,Струмица и Гевгелија – по 12, Кочани – 11, Неготино -10, Тетово – 9, Берово,Валандово и Богданци – по 6, Пробиштип – 4, Кичево – 3 , Македонски Брод – 2, Штип,Ресен,Радовиш, Виница, Крушево,Кратово и Пехчево – по 1 .

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 15 од Скопје ( 95г , 88г , 88г , 87г ,84г , 84г , 83г , 76г , 74г , 74г , 72г , 69г , 69г , 60г и 50г ) , - по 4 од Прилеп (82г , 71г , 56г , 54г) - по 3 од Тетово (80г , 75г , 74г, ) и Гостивар (80г ,74г, 66г) , - по 2 од Битола ( 79г и 71г) ,Куманово ( 76г и 67г ), Струмица ( 74г и 66г) , Кочани (68г и 63г) и Кичево ( 71г и 61г) – по 1 починат од Кавадарци (65г) , Штип (50г) , Гевгелија (65г) , Велес (83г) , Ресен (70г) , Радовиш (65г), Виница (70 г), Валандово (60г) , Демир Капија(72г)и Демир Хисар (66г). 44 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.

Направени се 4.920 тестови преку: ИЈЗ-790, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–152, МАНУ-164, Жан Митрев (Филип Втори)-220, Авицена-352, Биотек-353, Систина-339, лабораторија Лаор-509, Синлаб - 122, Ремедика-58, Плодност – 63, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.589.

Досега во земјата се направени вкупно 638.327 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 59986, активни 10613

Прилеп 7253, активни 1130

Куманово 7124, активни 1047

Тетово 6435, активни 659

Битола 4738, активни 981

Велес 4678, активни 818

Гостивар 4647, активни 521

Кавадарци 4582, активни 749

Штип 4375, активни 499

Охрид 4258, активни 876

Струмица 3369, активни 408

Струга 2728, активни 274

Кочани 2321, активни 280

Кичево 2084, активни 228

Неготино 1979, активни 393

Гевгелија 1904, активни 415

Свети Николе 1304, активни 129

Крива Паланка 1099, активни 125

Ресен 1058, активни 199

Радовиш 940, активни 140

Берово 876, активни 130

Дебар 867, активни 63

Делчево 862, активни 104

Пробиштип 709, активни 100

Виница 641, активни 96

Валандово 542, активни 96

Крушево 439, активни 127

Богданци 423, активни 81

Демир Капија 369, активни 88

Кратово 336, активни 30

Демир Хисар 331, активни 44

Македонски Брод 312, активни 43

Пехчево 238, активни 37

Македонска Каменица 212, активни 18

Дојран 115, активни 12

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Гевгелија е Град на културата за 2025 година, соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска заедно со државниот секретар, Марија Ѓоргова, ги посети институциите од областа на културата во овој град.

Министерот Љутков потсети дека Гевгелија вторпат, по 2011 година, е носител на оваа манифестација, а тоа ја потврдува посветеноста на градот повторно да биде во центарот на културните настани во Македонија.

„Ова признание не е само чест, туку и обврска. Тоа е потврда дека Гевгелија, со својата богатa културна традиција, повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија. Министерството за култура и туризам стои зад вас и ја поддржува оваа манифестација со 3 милиони денари, со цел да создадеме програма со повеќе од 140 настани во текот на целата година, програма што ќе го освежи културниот живот во овој град“, рече министерот Љутков.

Љутков ја посети и Старата чаршија во Гевгелија, за чија комплетна реставрација, од буџетот на Владата се издвоени 40.675.095,00 денари, со што Гевгелија ќе добие нова визуелна и функционална димензија.

„Овие проекти ќе ја подобрат инфраструктурата и ќе создадат простор за културни настани и уметнички проекти, со што ќе се негува традицијата и ќе се поттикнат нови културни трендови“, рече Љутков.

Според министерот Љутков, Гевгелија, со својата локација и природни убавини, привлекува многубројни туристи, а сега, како што рече, со статусот Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање.

Во рамките на посетата на Гевгелија, министерот Љутков, заедно со своите домаќини, ги посети НУ Музеј – Гевгелија и црквата „Свети Атанасиј“ во село Габрово, соопштуваат од Министерството.

Бен Афлек е 20 години вљубен во Џесика Алба, сега има можност за врска (ФОТО)

По неодамнешниот развод со Џенифер Лопез, Бен Афлек наводно се насочил кон познатата актерка Џесика Алба, која исто така неодамна се разведе по 17 години брак.

Извори за странските медиуми изјавија дека актерот долго време бил вљубен во Алба. „Добро чувана тајна е дека Бен Афлек имал љубов со Џесика Алба пред многу години“, рекле тие и додале: „Тој се интересира за неа речиси 20 години. Сепак, нивните патишта никогаш не се вкрстиле. До сега. Тие имаат силна врска и секогаш кога поминувале време заедно во минатото, хемијата меѓу нив се разбранувала“.

„Бидејќи и двајцата сега се сингл и нивните деца се пораснати, изгледа дека е совршено време нивната врска да процвета“, заклучил изворот.

Раскинувањето на Бен Афлек и Џенифер Лопез се случи пред повеќе од шест месеци, а оттогаш Афлек се поврзува и со Кик Кенеди, ќерката на Роберт Кенеди Јуниор, но таа гласина набрзо беше демантирана.

Исто така, во средината на јануари, Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак. Една недела откако се појавија извештаите за нивната разделба и можен развод, актерката ја потврди веста на социјалните мрежи. „Со години сум на патување на себеоткривање и трансформација – и како поединец и во партнерство со Кеш“, ја започна својата објава на Инстаграм.

„Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, порача таа.

Прогласена е вонредна состојба на Санторини, Грција донесе драстични мерки на сила до 1 март

На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат островот, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.

Најсилниот земјотрес, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, го погоди островот вчера вечерта, а се случи на длабочина од пет километри, по напливот на сеизмичката активност.

Илјадници луѓе го напуштија Санторини и околните острови во Егејското Море поради страв дека допрва треба да дојде уште еден – многу поинтензивен земјотрес, кој може да доведе до цунами или дури и вулканска ерупција.

Грчките власти претходно денеска најавија драстични мерки кои ќе важат до 1 март, објави Real.gr.

„Со одлука на Генералниот секретаријат за цивилна заштита, општина Тира прогласува вонредна состојба, со цел да се одговори на вонредните потреби и да се справат со последиците од сеизмичката активност што неодамна се случи во споменатото подрачје. Оваа одредба ќе важи до 1 март“, се наведува во соопштението.

Забележано е дека премиерот Киријакос Мицотакис утре ќе отпатува за Санторини за да ги информира одговорните за сеизмичката активност што го потресе островот. Премиерот ќе биде придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас.

Стотици туристи и жители го напуштија островот со траект, додека многу други побрзаа да одлетаат пред нов земјотрес да го погоди островот.

Брод на крајбрежната стража и воен десантен брод се распоредени во случај да биде потребна евакуација, потврди министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас на вонредниот состанок со безбедносните службеници, научниците и премиерот во Атина.

Неколку помали земјотреси, со јачина од 2,4 до 4,5 степени според Рихтеровата скала, беа почувствувани и на Додеканезите, на околу 240 милји од Санторини, во последните 24 часа.

Засега не е забележана поголема штета на островот, но властите преземаат мерки на претпазливост.

На луѓето им се советува да избегнуваат големи собири во затворени простории, мали пристаништа и области каде што може да се случат одрони.

На хотелите им е кажано да ги испразнат своите базени за да се намалат потенцијалните штети на зградите.

Исто така, постојат стравувања дека посилен земјотрес може да предизвика цунами, па властите ги предупредија луѓето да се држат подалеку од крајбрежните области.

Мерки на претпазливост се преземени и на неколку блиски острови во Егејското Море, кои сите се популарни дестинации за одмор, откако во изминатите три дена беа регистрирани повеќе од 200 подводни земјотреси.

притисни ентер