Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица
1Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица
ЖивотДен по празникот Богојавление се слави Свети Јован КрстителПравославната црква и нејзините верници го слават еден од најголемите и најважните светци - Свети Јован Крстител, ден по празникот Богојавление.Овој светител го слават голем број луѓе, како светец познат по својата чистота, морал и божјата одлука да го изврши чинот на крштевање на Исус Христос.На овој голем ден, секој верник мора да биде свесен за една голема тајна, на која сите не повикува Свети Јован. Тоа е тајната на покајанието, трансформацијата, преиспитувањето, ставањето на целиот свој живот во „утробата на спасителот“, така што тој може да нè води понатаму, не дозволувајќи ни да ги следиме нашите луди човечки патеки. Свети Јован рече: „Треба да одиме кон бога, за да може нашиот пат да биде насочен од бога, воден од бога, водејќи нè кон создателот, кој понизно, а не насилно, нè повикува: покаете се, затоа што се приближи царството небесно и не ја пропуштајте големата шанса што ви е дадена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица Демнеле, па таргетирале возрасни, изнемоштени и тешко подвижни лица кои живееле сами – четворица осомничени кои ги врзувале, претепувале и ги убивале жртвите при грабеж се уапсени и добија 48 часовен притвор, по што ќе следува и кривична пријава.Тројца од нив се од Скопје, а едниот е струмичанец. Со тоа, се потврдија сомнежите дека зад двете грозоморни злосторства во Ѓорче Петров стои иста група, откако полицијата го склопи мозаикот и ги идентификуваше сторителите. -СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден, лиши од слобода четири лица, А.С(22), Х.Е(20), К.А(58) сите од Скопје, и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Четвфорицата се уапсени вчера, непосредно по второто убиство со грабеж на ул. Ѓурчин Кокале во Ѓорче Петров, каде во својот дом беше пронајдена мртва 76 годишна жена која била со кревко здравје. Таа живеела сама, а разбојниците откако влегле од задната врата од куќата, ја извлекле од постела, ја врзале, претепале и ограбиле, а потоа и ја убиле. Речиси идентично, се одвувало злосторството и во населбата Хром пет дена претходно. Жрвата, 62-годишниот маж би речиси неподвижен, живеел сам и бил социјален случај, кој поради здравствената состојба почесто бил со отклучена врата за да можат да можат да го посетуваат соседите кои се грижеле за него откако починала неговата мајка, кои воедно и го пронашле без знаци на живот. -Разбојниците кои го извршиле убиството влегле токму преку овој прозорец, а за тоа остана да сведочи пресечениот комарник. Соседите велат дека сега убиениот во последно време речиси и да не можел да излегува од домот, и дека бил цело време во една соба, каде го пронашле и разбојниците. Повозрасните лица, кои живеат на улицата се шокирани од случајот, велат дека стравуваат за својата безбедност. Од обвинителството посочуваат дека се прибираат докази и дека во оваа фаза од постапката не можат да се откријат повеќе информации. Обдукцијата на двете лица е исто така извршена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветОткриени вистинските трошоци за напад врз Иран – и тие се огромни До 16 октомври, трошоците за војната во Иран достигнаа 47,1 милијарда долари, при што повеќе од 60 отсто од таа сума се потрошени за бомби, ракети и друга муниција, соопшти денеска Пентагон пред американските законодавци, пренесува „Њујорк тајмс“Според проценките доставени до Конгресот, американската војска потрошила 29 милијарди долари за муниција, додека 6,1 милијарда долари биле издвоени за замена на оштетени или уништени летала, оружје и опрема. Дополнителните трошоци од последната проценка, претставена пред законодавците минатиот месец, изнесуваат околу 3,5 милијарди долари за период од околу шест недели. Воздухопловните сили потрошиле 7,6 милијарди долари за операции на ескадрили од ловци и бомбардери, Морнарицата потрошила 1,5 милијарда долари за распоредување воени бродови, а Копнената војска потрошила 2,1 милијарда долари за одржување на силите во регионот. Повеќе од 50.000 американски војници се распоредени во воената мисија. Проценката не ги вклучува 1,5-те милијарди долари за гориво и други трошоци, кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги побара во дополнително барање за финансирање на воени активности, како и трошоците за обнова на американските воени објекти оштетени во иранските напади. Претставници од Конгресот предупредија дека обновата на тие објекти би можела да чини десетици милијарди долари. Администрацијата на Трамп и секретарот за одбрана Пит Хегсет бараат дополнителни воени средства во износ до 70 милијарди долари, за покривање на трошоците за војната, како и за финансирање ново оружје и персонал. Пентагон соопшти дека во војната загинале 18 американски војници, додека повеќе од 860 биле ранети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Интегритетот се учи, ја јакнеме воспитната функција на образованиетоОбразованието има важна улога не само во стекнувањето знаења, туку и во градењето вредности, лична одговорност и интегритет кај младите. Преку секојдневната работа во училиштата, објективното оценување, еднаквите можности за сите ученици и поттикнувањето на критичкото размислување, младите учат да ја препознаваат неправдата и да се спротивставуваат на корупцијата. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на националниот форум „Млади за интегритет – Од гласот на младите до институционални промени“, организиран во рамки на завршниот настан на проектот „Млади за интегритет: Проширување на младинските антикорупциски активности“, реализиран од тинк-тенк организацијата Аналитика со финансиска поддршка од Германското сојузно министерство за надворешни работи. Министерката изрази благодарност до тимот на Аналитика за посветеноста и ангажманот на проектот, како и до наставниците и професорите, кои преку својата работа и личен пример придонесуваат младите да развиваат чувство за правичност, одговорност и почитување на правилата. „Секој наставник што објективно ги оценува учениците, без фаворизирање и лични влијанија, придонесува за антикорупциското воспитување на младите. Кога училиштето им овозможува еднакви можности на сите ученици, им покажува дека успехот треба да зависи од знаењето, трудот и посветеноста, а не од врските и привилегиите“, рече министерката Јаневска. Антикорупциското образование е вградено во воспитно-образовниот процес. Преку предметот Граѓанско образование, учениците учат за своите права и обврски, функционирањето на институциите и за владеењето на правото, а содржини поврзани со интегритетот, одговорноста и спречувањето на корупцијата се обработуваат и во други предмети. Дополнително, преку проекти и воннаставни активности учениците имаат можност подетално да се запознаат со овие прашања. Наставниците и професорите, преку обуки и професионално усовршување, ги надградуваат знаењата и вештините за да им помогнат на учениците да ги препознаат овие појави во секојдневниот живот. Јаневска посочи дека е важно младите да не ја прифаќаат корупцијата како нормална и неизбежна појава, слушајќи го оправдувањето дека „така функционираат работите“. „Не е доволно само да им кажеме на младите дека треба да бидат чесни. Неопходно е да покажеме дека корупцијата не се исплати, дека правилата важат за сите и дека во оваа држава може да се успее со знаење, труд и чесност. Само тогаш повикот ‘Млади, останете овде!’ ќе има вистинска тежина“, порача министерката. Министерството за образование и наука ќе продолжи да поддржува активности за јакнење на вредносниот систем кај младите и за зајакнување на воспитната улога на образованието, во соработка со училиштата, наставниците и граѓанскиот сектор. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter