Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Точно седум дена поминаа по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, а со изминувањето на часовите се помали се и надежите дека ќе се пронајдат преживеани под урнатините.

Спасувачките екипи се и понатаму на терен а меѓу нив се и струмичките спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување. Митко Димчев за Канал 5 ги пренесува страшните слики од Адијаман, еден од најпогодените градови од земјотресот. Од под урнатините успешно извлекле 38-годишна жена чие дете кое било покрај неа, за жал не преживеало.

-За среќа успеавме да најдеме една 38-годишна жена после пет дена по земјотресот, но жал нејзиното дете беше најдено до неа мртво. Тоа беше единствениот преживеан во таа зграда. Додека од моментот кога почнавме да пребаруваме во руините од зградата извадени се 25 тела. Вршевме пребарување, ископување, сечење на опасни делови и рушење на бетонски греди, расчистување на целата зграда за да дојдеме до евентуално преживеани или повредени лица, или за жал загинати. – Митко Димчев – Дирекција за заштита и спасување

До утре попладне овој македонски тим спасувачи ќе остане на терен по што треба да излезат екипите за санација со тешка механизација. Димчев вели дека со кратки паузи постојано пребаруваат под руните, но во последните часови пронаоѓаат само загинати.

-Само синоќа се извадени тела на три деца на возраст од 3 до 5 години. Сите станари во зградата се починати, најмногу се пронајдени во делот каде што бил делот со скалите и лифтот како и делот каде биле спалните соби. Има буквално квартови со нови и стари згради срамнети со земја и само се гледаат купови железо и цементни блокови. Тешко се доаѓа до телата, потребна е механизација и многу работа. Оваа зграда е целосно исчистена. – Митко Димчев - Дирекција за заштита и спасување

Дел од екипите кои уште во понеделникот заминаа во Турција вечерва се враќаат назад, по што ДЗС по насоки од турските власти ќе одлучува дали ќе бидат испратени други спасувачи. Во меѓувреме бројот на жртви постојано расте а во земјава денеска е ден на жалост.

-Државното знаме денеска е на половина копје, пред Владата, државните институции и дипломатско – конзуларните претставништва. Денеска е ден на жалост, како израз на солидарност и почит кон големиот број на жртви од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер