Деми Роуз ,,облечена" само во шешир и танга во жешката пустина (ФОТО) - Канал 5

Деми Роуз ,,облечена" само во шешир и танга во жешката пустина (ФОТО)

Атрактивната британска старлета Деми Роуз ги почести своите фанови со фотографии на кои позира во топлес , облечена само во танга.

Деми Роуз ,,облечена" само во шешир и танга во жешката пустина (ФОТО)

„Серијата фотографии од пустината продолжува“, им порача Деми на фановите, а ниту една од десетте милиони нејзини обожаватели не се пожали дека фотографиите се здодевни.

The desert series continues 🏜 by @dannydesantos

A post shared by Demi Rose 🌹 (@demirosemawby) on

Деми позираше во Невада, а нејзините неизбежни реквизити на сетот беа нејзината каубојска капа и тангата.

Blessing your Sunday 💗 by @dannydesantos

A post shared by Demi Rose 🌹 (@demirosemawby) on

Деми се прослави пред три години кога го заведе раперот Тајга, кој штотуку се раздели со Кајли Џенер. Иако нивната врска не траеше, фаталната Британка го привлече вниманието на светските медиуми, каде речиси секојдневно објавуваат по нешто за неа.

Once upon a time in the West... by @dannydesantos

A post shared by Demi Rose 🌹 (@demirosemawby) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири активни пожари – прилепско Чаниште е безбедно, огнот се движи кон мариовско

Неуморната борба со најголемиот пожар на отворен простор продолжува и попладнево, сувата трева гори со брзина на барут кон прилепското село Крушевица.

Четири активни пожари – прилепско Чаниште е безбедно, огнот се движи кон мариовско

Веднаш по изгревање на сонцето, пожарникарите добија помош и од воздух, полетаа ер – тракторите, полицискиот хеликоптер по неколку клучни маневри со вода од монтажниот базен е повлечен за да не дојде до распламтување на огнот од перките.

Драматичната битка за спас на селото почна уште синоќа, и трае во текот на целата ноќќ...

Атмосфера – ноќно гаснење

За среќа, опасност по населените места нема, уверува директорот на ДЗС – Стојанче Ангелов. Во опожарената област има и три манастири кои се целосно обезбедени со контролиран оган и заштитни појаси.

-Значи ветрот кој еве сега дува, погледнете не принудува да се повлекуваме, за неколку секунди се се смени, од една релативно мирна атмосфера во овој брз наплив на оган, ќе мора да дејствуваме странично. Еден голем апел до граѓаните, една голема молба, ве молам внимавајте, доволна е искра за ваква кататстрофа. Ова е најголем пожар ова лето на отворен простор,-Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС.

Пожарот во прилепското С. Чаниште кој им зададе сериозна мака на пожарникарите, и во кој изгореа неколку стари и напуштени куќи е под контрола, како и оној кај тетовско Јегуновце. Поинтензивен останува кај Студеничани, а по неколку дена, се уште создава проблеми пожарот кај Македонски Брод.

-Активен е и пожарот кај Студеничани, високо во планината, повеќе чади, отколку што гори, исто така поголема површина, и останува уште еден активен пожар, тоа е пожарот кај Македонски брод, кој што е прилично под совладан. Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС.

Сите лица на терен кои учествуваат во гаснењето се во добра здравствена состојба, а единствениот регистриран инцидент од претходниот ден е повреден работник кој управувал со багер, но и тој е во добра состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварски Комуналец се уште се „оглушува“ на повиците да го објави извештајот за квалитетот на водата

Официјалниот извештај за квалитетот на водата во Гостивар и натаму не се објавува - „Канал 5“ и денеска побара одговор од ЈП „Комуналец“ Гостивар – кога и дали ќе биде објавен официјалниот извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод.

Гостиварски Комуналец се уште се „оглушува“ на повиците да го објави извештајот за квалитетот на водата

Официјалниот извештај за квалитетот на водата во Гостивар и натаму не се објавува - „Канал 5“ и денеска побара одговор од ЈП „Комуналец“ Гостивар – кога и дали ќе биде објавен официјалниот извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод, но до овој момент одговор на нашето прашање не добивме.

По објавувањето на одлуката дека водата во гостиварско по повеќе од еден месец е безбенда за пиење, министерот за здравство Сашо Клековски и денеска, откако на прес-конференција ги објави последните мерења кои ги направиле центрите за јавно здравје, појаснуваќи дека тие институции се под надлежност на неговото министерство, ги повика и останатите инволвирани да ги објават своите податоци.

„Ова врз основа на што е донесено. 3 лаборатории работеа ова е само тоа што е работено од ЦЈЗ во рамки на програмата за јавно здравје и други две лаборатории правеа паралелни извшетаи...“ Сашо Клековски – министер за здравство.

Инаку иако беше најавено за утре, Клековски вели епидемиолошкиот извештај ќе биде објавен за неколку дена. Во Гостивар и натаму има епидемија, само во текот на вчерашниот ден на преглед поради гастроентеритис се јавиле 50 тина пациенти, но според здравствените власти овие заболувања во текот на летните месеци се многу чести, па оттука велат се прават анкети за да се утврди дали и натаму на сила ќе остане одлуката за епидемија во гостиварско...

Во меѓувреме здравство издаде и препораки до ЈП Комуналец Гостивар, меѓу кои е наведено континуирано следење на количината на хлор од извориштетот до крајние потрошувачи...

Партиите и денеска со меѓусебни прозивски кој и кога треба да го објави извештајот за квалитетот на водата...

Инаку Обвинителството истражува како дошло до загадувањето. Истражна постапка е отворена против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, како и против техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи. По истекот на првичните 30 дена, ОЈО Гостивар ќе бара продолжување на мерката притвор за осомничените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Птица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери?

Птиците одсекогаш биле резервоар за болеста нилска треска, од која и заболуваат. 

Птица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери?

Посебно од нилска треска се подложни грабливите птици, најчесто чавка и гаврани, објаснува специјалист по птици Методија Велевски од Македонското еколошко друштво. Она што посебно е важно е да се знае дека вирусот не минува од заразена птица на човек туку само посредник е комарцот.

„Потребни се комарци, за да практично преку крвта на овие болни птици го пренесат вирусот понатаму. Причина е повеќе опстојувањето на комарците во оние застојани води каде што се размоножуваат во голем број и веќе се чуствуваат последиците од климатските промени. Порано се размножуваат тигристите комарци и поуспешно ги поминуваат зимите и остануваат во летото каде се во контакт со луѓето“, објаснува за Канал 5, Методија Велевски оринтолог македонско еколошко друштво.

Велевски ги истражува птиците нивниот живот но и преселби во преспанскиот регион. Тој вели дека климатските промени не се иднина, тоа реалниот живот и причина за дел од птиците преселници кои се хранат со комарци остануваат на јужната хемисфера заради климатските промени и можно е во иднина комарците да се ги има во поголем број. Прскањето е можеби едно решение, но поважно е да се делува на места со застојана вода и чистење на каналите на време и едукација за заштита од комарци кај граѓаните.

„Некои птици посебно се тука ластовичките и пиштарките се природни регулатори на бројноста на комораците. Меѓутоа и многу други организми посебно виленските кончиња се одлични ловци на комарци и тие прскања се меч со две острици“, вели Велевски.

Од АХВ објаснуваат дека имаат стотини пријави за умрени птици од граѓани и апелираат да не се прави паника.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер