Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
1Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
Шоу бизДеми Мур ја игнорираше Кајли Џенер на Златните глобуси, видеото е виралноКајли Џенер (27) се нашла во непријатна ситуација на доделувањето на Златните глобуси во неделата вечерта, кога добитничката на наградата Деми Мур едноставно ја игнорирала. Кајли на доделувањето на престижните награди пристигна во придружба на нејзиното момче, 29-годишниот актер Тимоти Шаламе и му се придружи на маса со неговите колеги. Деми ја игнорираше Иако Кајли немаше проблем да се дружи со филмските ѕвезди Ел Фенинг и Моника Барбаро, ситуацијата со Деми Мур беше многу поинаква. Деми таа вечер прослави голем успех освојувајќи го Златниот глобус за најдобра актерка во филмот „The Substance“. По победата се приближила до масата на која седела Кајли, но целосно ја игнорирала. @tchallover Kylie getting ignored at the golden globes this year by Demi Moore 🥸 #kyliejenner #timotheechalamet #demimoore90s #goldenglobes #fyyyyyyy ♬ originalljud - timothées real wife На видеото, Деми се гледа како возбудена разговара со Ел за нејзината победа, додека Кајли се обидува да се вклучи во разговорот. Свртувајќи се на столот, Кајли извикала: „Честитки! Кон Деми, која кратко одговорила: „Благодарам“, пред да продолжи да разговара со Ел. Ситуацијата стана уште понепријатна кога Деми ја прескокна Кајли и директно му се обрати на Тимоти, честитајќи му за неговите проекти. Хит на социјалните мрежи Овој непријатен момент брзо стана хит на социјалните мрежи, а корисниците на „TikTok“ не се штедат во коментарите: „Игнорирањето на Кајли ме тера да сакам да ги гледам Златните глобуси“, „Дали ова беше јавно отфрлање на Кајли? Хахаха“, „Сите се обидуваат да избегнат разговорот со Кајли, толку ми е срам за неа“, „Начинот на кој Деми ја игнорираше... Да беше некој друг, ќе беше полошо“, се само дел од коментарите. Непријатниот момент доаѓа откако Кајли во октомври се појави на Инстаграм во црни бикини со украси, рекреирајќи го иконскиот стриптиз изглед на Деми Мур. Кајли, како и Деми, имаше права кафена коса и бела кошула. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на ЈапонијаСе зголемува бројот на загинати во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија.Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“. Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу луѓе се заробени. Се урнаа најмалку 18 куќи во градот Хикава и има жители кои сè уште се заробени во две од овие куќи. Јавниот радиодифузен сервис, исто така, објави дека пожарникарите и војската спроведуваат спасувачки операции и ги расчистуваат оштетените згради. Земјотресот, кој според Геолошкиот завод на САД е проценет на 6,8 степени по рихтер, го погоди островот кјушу во во вторникот.Тагови: земјотрес јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализиИ по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила .И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила се додека официјално не бидат добиени три последователни исправни лабораториски анализи кои ќе ја потврдат нејзината безбедност.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПовторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава Иран лансираше „повеќе“ балистички ракети во „обид за ненадеен напад“ врз американските сили на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што се прекина затишјето во борбите.Сите ракети беа „успешно пресретнати“, соопшти централната команда на сад . Иран соопшти дека целта била американска база во јордан.во меѓувреме, американската војска и силите на Саудиска Арабија ги нападнаа „терористите поврзани со Иран“ во Ирак, како одмазда за нападите со беспилотни летала. Новите напади ставија крај на краткиот прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, кој имаше за цел да ги врати преговарачите на масата за преговори. Иранската исламска револуционерна гарда, исто така соопшти дека погодила три танкери за нафта во Ормутскиот теснец, според новинската агенција ТАСНИМ. Цените на нафтата пораснаа утринава поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот би можела дополнително да го наруши транспортот на енергија низ теснецот. Во утринското тргување во Азија, глобалната референтна цена на суровата нафта од типот брент порасна за 4,3% на 87,70 долари за барел, додека нафтата што се тргува на американскиот пазар беше повисока за 4,2% на 82,62 долари. Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter