Дечев: Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите за македонскиот јазик

Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите за македонскиот јазик, официјалниот јазик не може да биде дијалект на друга држава .

Ова е ставот на бугарскиот историчар Стефан Дечев кој критички кон бугарската Влада вели дека треба да погледне во сопствениот двор.

. Во интервју за телевизијата Блумберг вели дека вината е кај нив што бугарите се убедени дека двете држави имаат заедничка историја “на еден народ”.

„Македонската нација и процесот на нејзино создавање, со сите специфики и особености, не се разликува од процесите на создавање на која и да е друга нација во светот. Македонскиот јазик е вештачки јазик до толку колку што сите стандардизирани јазици во светот се вештачки. Официјален јазик на една држава не може да биде дијалект. Додека не разбереме дека идентитетот на една нација е динамичен и тој не се предава по генетски пат, какви било мешовити преговори меѓу Бугарија и Македонија, се излишни и ќе завршат во слепа улица“,вели- Стефан Дечев – бугарски историчар.

Од партијата на Борисов се оптимисти на компромисно решение. Пратеникот Пламен Манушев смета дека набрзо премиерите на Македонија и Бугарија ќе најдат заеднички јазик, но сепак потенцира дека меморандумот е испратен до европските институции и не смее да се отстапи од пишаните црвени линии. Манушев додава дека би било корисно ако во преговорите се вклучат и парламентите на двете држави.

-Процесот е исклучително интензивен и се надевам дека овие работи ќе се решат во наредните денови. Премиерите Заев и Борисов се убедени дека ќе се најде такво решение. Ниту еден бугарин не сака да бидеме пречка за европската интеграција на Македонија, која е братска држава и братски народ.– Пламен Манушев – пратеник од ГЕРБ.

По интензивните остри пораки од официјална Софија, и бугарските аналитичари коментираат дека не треба да се блокира почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија. Политикологот Иван Крастев вели дека е апсурдно да се стави вето од Бугарија која се залагала за унијата конечно да ја отвори вратата на Македонија.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

По ерупцијата на вулканот Руанг во Индонезија, се уште трае евакуацијата на населението

 Стотици жители на индонезискиот остров Тагуланданг денеска чекаа на пристаништето на островот да бидат евакуирани, додека сив чад продолжи да излегува од кратерот на вулканот Руанг.

Вулканот на островот Руанг еруптираше вчера и исфрли лава, поради што властите евакуираа повеќе од 12.000 луѓе од блискиот остров Тагуланданг.

По вчерашната ерупција, индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности го подигна нивото на тревога за вулканот Руанг на највисоко ниво и ги предупреди жителите на островот Тагуланданг дека паѓањето на карпите и лавата во океанот може да предизвика цунами.

„Персоналот за пребарување и спасување од Манадо евакуира 109 жители на Тагуландан до пристаништето Мунте, додека стотици се уште чекаат во пристаништето Минанга да бидат евакуирани“, соопшти денеска Националната агенција за пребарување и спасување.

Жителите ќе бидат евакуирани во областа Северна Минахаса на индонезискиот остров Сулавеси. Властите го продолжија прекинот на работењето на аеродромот „Сем Ратуланги“ во Манадо до утре во 12 часот. /МИА

Штербик преживеа срцев удар

Поранешниот ракометен голман на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар, објави унгарскиот клуб Веспрем.

Во информацијата на клупската страница на Веспрем стои дека Штербик вчера наутро имал срцев удар и веднаш бил хоспитализиран.

- Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, отиде во болница каде што му беше дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата лекарска интервенција, Штербик денеска се чувствува подобро и веќе утре би требало да го напушти одделението за интензивна нега. Му посакуваме на Арпи брзо опоравување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање, објави Веспрем.

Штребик беше дел од тимот на Вардар кој го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите.

притисни ентер