Дара Бубамара : Син ми не оди во селско државно училиште со глупави деца - Канал 5

Дара Бубамара : Син ми не оди во селско државно училиште со глупави деца

Како секоја мајка, и српската турбо фолк пејачка Дара Бубамара е горда на својот син, 10-годишниот Коста.

Дара Бубамара : Син ми не оди во селско државно училиште со глупави деца

Сепак, во гордоста за својот син, таа успеа да навреди добар дел од Србија.

Приказната за синот и јавното училиште во Србија започна кога новинар ја праша Дар дали стравува дека нејзиниот син ќе се расипе бидејќи таа и нејзиниот поранешен сопруг финансиски го обезбедиле.

,,Нема . Тој нема на кого да биде лош и веќе е премногу вреден. Игра фудбал, оди на џудо, на училиште е од утро до вечер, зборува три јазици и свири на пијано. зарем тоа не е доволен подарок за една мајка нејзиното десетгодишно дете сето тоа да го знае? “ изјави таа за српски Курир.

Репортерот потоа праша дали Коста имал непријатности на училиште затоа што бил дете на познати родители.

"Не, тој не оди во овие селски училишта, туку во приватно училиште, каде што учат деца на успешни родители, политичари и спортисти. Тие не се глупави деца со селска завист, туку паметни и знаат која е Дара Бубамара. Тие се деца кои велат, твојата мајка е топ! ' Во тој случај, мојот Коста ќе му удри шлаканица и ќе му рече: 'Не зборувај веќе со мене'. Тој е ментално силен, ги знае сите проблеми што ги имала неговата мајка и разговараме за тоа. Имаме отворена врска “, изјави Дара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Почина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. 

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска.

На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати.

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње.

Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Честитка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв.

По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем.

„Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина.

Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани.

Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот.

На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата.

Нека е вечна Македонија!

Честит Ден на Армијата!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и ИПСОС.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Истражувањето покажува дека само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат. Околу 80 отсто од Американците се изјасниле дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време, додека само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана.

Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за конгресот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер