ФудбалДани Алвеш на судењето за силување: 20.000 евра сум во минус (ВИДЕО)Започна судењето на Дани Алвеш (40), поранешен бразилски фудбалер обвинет за силување.Според многумина, најдоброто десно крило во историјата на фудбалот, кој во кариерата освои 43 трофеи, е обвинет за силување на 23-годишна жена на 30 декември 2022 година во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона. Обвинителството против Алвеш има голем број форензички и видео докази и изјави на сведоци. Тврдат дека на споменатиот датум Алвеш ја поканил жртвата и нејзините пријатели, ги почастил со пијачки, а потоа ја однел девојката во тоалет како единствен дел од ноќниот клуб кој не бил покриен со камери. Наводно ѝ побарал орален секс, што таа го одбила, па тој ја силувал, а потоа го напуштил клубот. Девојката веднаш го пријавила настанот во полиција. Лекар ја прегледал, а полицијата почнала истрага. Алвеш се соочува со 12 години затвор, а откако првпат беше испрашуван во јануари 2023 година, неколку пати го менуваше своето сведочење. Тој прво рекол дека никогаш не ја запознал жртвата, а потоа изјавил дека бил со неа во тоалетот, но ништо не се случило. Во третата приказна признал дека имал орален секс, а во четвртата дека имало и консензуален секс, но тоа не сакал веднаш да го каже за да не дознае неговата сопруга. Сега, откако смени тројца адвокати, вели дека бил премногу пијан за да знае што прави. Судењето, во кое наводната жртва ќе сведочи скриена зад завеса и нејзиниот глас ќе биде изменет, започна вчера и се очекува да трае три дена. Алвеш имаше фантастична кариера. Играше за бразилските клубови Баија и Сао Паоло, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и мексиканскиот Пумас. Покрај споменатите 43 трофеи со најголемите европски клубови, тој двапати ја освои Копа Америка со репрезентацијата на Бразил, за која одигра 126 натпревари и постигна осум гола. И покрај блескавата кариера во најголемите клубови и низата раскошни договори, Алвеш на судењето се пожали на тешката финансиска состојба. Тврди дека е во минус за 20 илјади евра. ⚖️ Judici a Dani Alves. L'advocada de l'exfutbolista sol•licita la nul•litat del procediment i la suspensió del judici | @RTVECatalunya @Palacios_Isabel ➕ Info: https://t.co/f9rd18dPKT pic.twitter.com/PBMNjZuNiL — RTVE Notícies (@rtvenoticies) February 5, 2024 Девојката која го обвини Алвеш дека ја силувал, го повторила тоа што ѝ го кажала на полицијата на судењето. Таа сведочела повеќе од еден час, зад затворени врати. Нејзиниот глас бил модулиран, а сликата ѝ била пикселирана, за да не се открие нејзиниот идентитет во случај снимката од судењето да излезе во јавноста. Таа сведочела дека Алвеш ја силувал откако физички ја совладал во тесниот тоалет на ноќниот клуб. „Само заминав од таму со скршено срце и плачев. Отпрвин не сакав да го пријавам и постојано велев: и онака никој нема да ми верува. Само сакам да си одам дома“. Девојката која го пријавила Алвеш за силување додава: „Поради последиците од силувањето страдам од вознемиреност, едвај излегувам од дома. Чувствувам дека некој постојано ме следи и го изгубив веселиот карактер што го имав. Покрај тоа, станав опседната со сè“. Една од нејзините две пријателки кои таа вечер биле со жртвата сведочела вака: „Ние трите отидовме во ВИП кабината каде што беше Алвеш со пријател, откако тој двапати нѐ покани преку келнерот да му се придружиме. Алвеш таму се однесуваше лошо кон мене и уште една другарка.Тој ме фати за задникот, а неа за половиот орган. Потоа Алвеш отишол во мал тоалет само за ВИП гости, а го следела мојата друга пријателка, онаа што ќе ја силува. Набрзо ми испрати порака на мобилен од тоалетот да дојдам итно и дека мора да излеземе од таму. Ја зедов уште едната пријателка со мене и ја најдовме оваа третата како плаче. Таа само велеше „многу ме повреди“ покажувајќи кон нејзиното меѓуножје“. Тогаш сведокот, адвокат, на неколку прашања од адвокатот на Алвеш одговори со „не се сеќавам“. Судијата ја потсети дека не може да избегне да одговори на толку многу прашања поради слабата меморија. Сведокот, кој за време на сведочењето неколку пати се расплака, се извини поради тоа и како причина ја наведе големата нервоза што ја почувствувала таа вечер. Вториот сведок, кој е роднина на жртвата, ги повторил зборовите на првиот сведок и додаде: „Мојата братучетка зема антидепресиви откако беше силувана, не може да работи, не излегува од дома и само плаче. "Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter