Дали Премиершип ќе биде прекинат на три недели поради смртта на кралицата Елизабета II

Кралицата Елизабета II почина на 96-годишна возраст по 70 години на тронот на Велика Британија.

Се очекува во земјата да биде прогласена дури 17 дневна жалост поради смртта на саканата кралица. Веќе се откажани бројни спортски настани и натпревари, но сѐ уште се чека одлуката на англиската Премиер лига, која на глобално ниво е најатрактивна.

Денеска нема да се одигра натпреварот од деветтото коло од Чемпионшип меѓу второлигашот Барнли и Норвич Сити, како и натпреварот од Лига 2, односно третолигашот меѓу Транмер Роверс и Стокпорт Каунти. Фудбалскиот сојуз на Северна Ирска соопшти дека викендов нема да се играат натпревари во тој дел на Обединетото Кралство.

Откажан е и натпреварот во крикет Англија-Јужна Африка. Денеска нема продолжение на натпреварот во голф на PGA шампионатот. Прво беше откажана етапата Трката околу Британија закажана за денеска, а потоа и целата трка што требаше да заврши во недела.

Сепак, сѐ уште нема официјални информации дали натпреварите во Премиершип ќе се играат овој викенд. Би-Би-Си пишува: „Одлуката за ова ќе биде донесена откако ќе се разгледаат официјалните упатства за жалост и ќе се спроведат консултации со претставници на другите спортови и министерствата за медиуми и спорт“.

Доколку првата англиска фудбалска лига го одбележи националниот период на жалост за кралицата со неиграње натпревари, ова, заедно со паузата за репрезентативните натпревари што следува, би значело дека Премиер лигата нема да се игра до почетокот на следниот месец.

Сепак, Мајк Киган, спортскиот уредник на Дејли Меил, открива дека Ричард Мастерс, извршниот директор на Премиер лигата, им рекол на претставниците на клубовите на состанокот кој моментално се одржува: „Најверојатно е дека владината препорака за можни одложувања нема да биде дефинитивна и дека тие ќе мора да донесуваат одлуки за играње натпревари“.

Позната е причината за смртта на фудбалерот на Панатенаикос, чие тело било во домот во Атина

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој вчера вечерта бил пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.

Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

По сериозна повреда и замена на коленото, најубавата спортистка се враќа на патеките?

Една од најголемите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон, можеби размислува за враќање на патеката во Светскиот куп.

Гласините почнаа да кружат, особено по пишувањето на швајцарскиот „Блик“, а последните случувања навестуваат дека таа може да побара специјална покана за настап.

Првите знаци се појавија кога атрактивната дама беше забележана како тренира во Нов Зеланд, а сега тренира во глечерот Ретенбах, поддржана од персоналот од тимот за трки HEAD. Покрај тоа, таа во април имаше делумна замена на коленото и добро се опоравува, па не е чудно да видиме голем кам-бек.

Нејзиниот тренинг во Ретенбах навестува сериозни подготовки, иако нема официјална потврда за нејзиното враќање. Вон ја заврши кариерата во 2019 година поради повреди, признавајќи дека има постојани болки. По операцијата на коленото, ситуацијата значително се подобрила, што ѝ дава шанса да се врати.

Нејзиното потенцијално учество би било огромен поттик за американското скијање. Доколку добие вајлд-карта, Вон би му се придружила на Марсел Хиршер, уште еден великан во скијањето, кој веќе има обезбедено специјална покана за Бивер Крик.

Линдзи Вон за време на нејзината кариера има 82 победи на Светскиот куп и три олимписки медали, вклучувајќи го и златото во Ванкувер во 2010 година.

Таа важи за една од најубавите спортистки на сите времиња.

Коста К. седум дена ковал план за масакрот во училиштето, со маица ја покрил камерата

К.К.(14), момчето осомничено за масакрот во „Рибникар“, пред два дена зборуваше во Специјалниот суд, односно се согласи да сведочи и во таа прилика ги изнесе ужасните детали од неговиот криминален план и, во крај, масовното убиство.

Српски Телеграф ги пренесува досега необјавените детали од неговото сведочење.

К.К опиша како дошол до ранецот со оружјето. Тој изјавил дека на 24 април минатата година го пронашол ранецот, а 7 дена подоцна, односно на 1 мај земал пиштоли и муниција.

"Знаев како изгледа ранецот на татко ми со оружје, бидејќи го носеше на стрелиште кога ме носеше на вежбање. Ми требаа околу 30 минути да го најдам ранецот. Беше во плакарот, а во него имаше кутија со шифра. Кога го отворив, видов два пиштоли „зброевка“ и „ругер“. Во друга кутија во ранецот имаше муниција. Тогаш беше 24 април.Седум дена смислував план и чекав да бидам сам дома на 1-ви мај. Со маица ја покрив камерата во станот и ги зедов пиштолите и муницијата. Скрив сè во мојата фиока и чекав. Никој не забележа дека ги нема пиштолите. Потоа на 3 мај намерно задоцнив на училиште со пиштолите спакувани во мојот ранец.Шаржерите веќе беа во пиштолите, а „зброевката“ беше репетирана со куршум во цевката. Понесов 92 куршуми и 6 рамки. Сакав да почнам да убивам во мојот клас, но седмоодделенците секап ми беа цел, бидејќи тие ме исмеваа. Пвро го убив чуварот, бидејќи го видов како закана.

Тој изјавил и дека татко му често го носел на стрелиште, како и дека постојано го фалел бидејќи добро пука.

„Татко ми ме носеше на стрелиштето и беше горд на мене затоа што добро пукав. Пукав и силуети и бев многу прецизен. Правев кругови околу центарот. Ме интересираа пиштолите, исто и татко ми. Мислам дека ме носеше на стрелиштето за да се зближи со мене, не знам. Но ме сликаше и ме фалеше за тоа колку сум добар. Од друга страна, мајка ми секогаш ми викаше кога нешто немаше да направам добро, а татко ми, се сеќавам, еднаш ме нарече психопат. “, изјави К.К.

К.К не го завршил сведочењето пред судот и тоа ќе продолжи на 17 октомври. Сите учесници во постапката - судот, обвинителството, адвокатите, неговите родители, но и родителите на убиените деца имаат законско право да му поставуваат прашања на кои тој мора да одговори бидејќи се согласил да сведочи. Коста К. сведочеше повеќе од три часа во судот во Белград.

На Владимир Кецмановиќ му се закануваат 12 години затвор и се наоѓа во притвор, а неговата сопруга Миљана на судењата доаѓа од слобода и казната што ја предлага обвинителството е две и пол години затвор. Кецмановиќ се товари дека не ги чувал одвоено оружјето и муницијата, а исто така и дека не ги чувал правилно, додека Миљана Кецмановиќ е обвинета затоа што нејзината ДНК била пронајдена на чаура што била пронајдена до вратата од кабинетот по историја во училиштето „Рибникар“.

притисни ентер