Дали поради егзодусот на белиот мантил Македонија ќе остане без лекари? - Канал 5

Дали поради егзодусот на белиот мантил Македонија ќе остане без лекари?

Лекари од речиси сите специјалности си замиуваат од јавното во приватното здравство, а не ретко незадоволни од условите за работа во Македонија земаат билет во еден правец

Дали поради егзодусот на белиот мантил Македонија ќе остане без лекари?

Специјалисти педијатри, интернисти, кардиолози, гинеколози, инфектолози. Лекари од речиси сите специјалности си замиуваат од јавното во приватното здравство, а не ретко незадоволни од условите за работа во Македонија земаат билет во еден правец, најчесто до Германија. Помеѓу последните во низата одливи на кадар од државните болници се вбројува случајот со Детската клиника, од каде според наши извори отказ за да работат во приватна болница во изминатиот период си дале петмина специјалисти, а уште неколку најавуваат дека ќе си одат.

Некои во приватното, но голем дел одат на работа странство, барем според бројот на издадени потврди од Лекарската комора која мора да има лекар за да замине во странство, дали за работа или за досоувршување. А само во првите четири месеци од годинава издадени се вакви 75 документи, покажуваат податоците од ЛК. Под претпоставка дека сите побарале потврда за да заминат во странство барем 18 лекари месечно го напуштиле македонското здравство.

Според статистиката од Комората од последните пет години, просечно 170 лекари годишно заминуваат во странство, сепак оттаму велат дека четириесетина од нив одат на доусовршување и се враќаат назад, што по груба математика значи дека годишно заминуваат околу 130 лекари.

Ама проблемот не само со лекарите. Во изминатата година околу 70 медицински сестри си заминале од една од поголемите скопски болници. По пандемијата масовни се и пензионирањата, а она што е уште пострашно, а се случува, е тоа што се поголем број ја напуштаат професијата, вели Гордана Бешлиовска, Претседател на Унијата на медициски сестри.

И лекарската комора и здруженијата на медицински персонал бараат системски решенија за да се задржи кадарот. Освен закон за сестринската дејност, помеѓу низата решенија за состојбите ги наведуваат платите, вреднувањето по заслуга, и стратегии кои ќе нудат подобри услови за нив, а подостапно здравство за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

 Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти  портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар.

„Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка.

Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP).

Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер