Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотДенеска се празнува Мала Богородица: Еве каква ќе биде есента ако на овој ден осамне облачно утроДенеска, 21 септември, православна црква и верниците ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој се поврзуваат бројни обичаи и верувања.Денеска, 21 септември, православните верници ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој во македонската народна традиција се поврзуваат бројни обичаи и верувања. Едно од нив е особено интересно во овој период од годината – се верува дека времето на Мала Богородица може да навести какви ќе бидат есента и зимата. А денешниот ден во Македонија осамна облачно. Утрото го пречекавме под облаци, додека во текот на денот се очекуваат периоди на разведрување и појава на сончеви интервали. Токму поради тоа, ако се водиме според старото народно толкување, денешниот празник Мала Богородица би можел да се опише како своевидна „мешавина од знаци“. Не нè пречека целосно ведро и сончево утро, но облачноста не значи дека целиот ден ќе остане под облаци. Есента и зимата, фигуративно кажано, денеска „испраќаат порака“ – облачното утро според народното верување може да најави порано заладување, додека разведрувањето и сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за верување дека нè очекуваат и уште многу убави и благи денови. Што вели народното верување? Според едно од распространетите народни верувања, доколку на Мала Богородица е ведро, сончево и без облаци во поголемиот дел од денот, претстојната есен и зима би требало да бидат благи, без многу студени денови. Спротивно на тоа, облачното време на овој празник во народната традиција се толкувало како најава за постуден период. Во некои народни преданија се наведува дека особено се набљудувала промената на времето во текот на самиот ден, па смената на облаци и сонце можела да се толкува како најава за променлива есен. Во минатото, кога немало современи временски прогнози, луѓето внимателно го следеле однесувањето на облаците, ветерот, температурата, животните и растенијата и врз основа на искуството создавале изреки и правила кои се пренесувале од генерација на генерација. Мала Богородица била важен пресврт во годината Не е случајно што токму со овој празник се поврзуваат толку многу верувања за времето. Мала Богородица се одбележува во периодот кога летото дефинитивно се приближува кон својот крај, а природата влегува во есен. Во традиционалниот живот во Македонија, овој празник имал и практично значење – се поврзувал со почетокот на есенските земјоделски работи, орањето и сеидбата на озимите култури, а периодот околу Мала Богородица бил поврзан и со почетокот на есенските свадби. Затоа, некогаш погледот кон небото на овој ден се сфаќал многу посериозно отколку денес. Времето не било само прашање дали денот ќе биде пријатен за прошетка или работа – од него зависеле земјоделските активности, приносот и подготовката на домаќинствата за постудениот дел од годината. А според денешното небо, по облачното утро, сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за различни толкувања. Ако се протолкува во духот на старото народно верување, есента би можела да биде променлива – со први постудени периоди, но и со доволно сончеви и топли денови.Тагови: Мала Богородица православен календар празник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook