Дали НАСА пронашла живот на Марс- светот очекува што ќе објават денеска на вонредна прес конференција - Канал 5

Дали НАСА пронашла живот на Марс- светот очекува што ќе објават денеска на вонредна прес конференција

НАСА закажа вонредна прес-конференција што ќе се одржи денеска, со голем интерес од научната заедница, бидејќи се очекува да бидат презентирани нови откритија од роверот Персеверанс.

Дали НАСА пронашла живот на Марс- светот очекува што ќе објават денеска на вонредна прес конференција

За потсетување, роверот ја истражува Црвената планета од 2021 година, а се верува дека конференцијата е поврзана со анализата на примерок од карпа, наречен Сафирски кањон, собран во јули 2024 година во долината Неретва (дел од кратерот Језеро).

На Марс имало вода

Споменатиот кратер се смета за една од најважните локации за истражување на можни траги од живот на Црвената планета. Пред милијарди години, таму течел речен систем, а водата, заедно со седиментите, можела да донесе органска материја.

Научната заедница со нетрпение очекува вести дали пронајдениот примерок можеби содржел хемиски траги што укажуваат на постоење на древен микробен живот, објавува Дејли Меил.

Во соопштението, НАСА не откри многу детали за природата на откритието, но тоа привлече внимание поради фактот дека вонредни конференции се организираат само во случаи кога има значајно откритие.

Слични случувања во минатото вклучуваа објавување на откривањето на органски молекули на Марс (2018) и откривање на фосфин на Венера (2020). И двете откритија предизвикаа глобална дискусија за можноста за живот надвор од Земјата.

Невообичаени форми во карпите

Некои истражувачи го поврзуваат објавувањето со студија неодамна презентирана на 56-та Конференција за лунарни и планетарни науки во Тексас.

По тој повод, тим предводен од научникот Џоел Хуровиц објави резултати од истражувањето што сугерираат дека на Марс, поточно во долината Неретва, се пронајдени необични форми во карпите - структури што личат на семиња и точки.

Според анализата, овие формации содржат елементи како железо и фосфор, кои се формираат на Земјата во присуство на микроорганизми што го разградуваат органскиот материјал.

Дали има докази?

Научниот тим ги откри овие структури користејќи алатки од роверот Персеверанс, и врз основа на досегашните податоци, некои истражувачи веруваат дека формациите би можеле да бидат доказ дека микробите постоеле на Марс пред милијарди години.

Покрај Хуровиц, на денешната конференција ќе говорат и Шон Дафи, новиот администратор на НАСА, Линдзи Хејс, главен научник за истражување на Марс, и Кејти Стак Морган, научник за мисијата Персеверанс.

Се очекува тие да споделат дополнителни информации за карпата Сафир Кањон и резултатите од анализите што се спроведени од последната презентација на податоци во март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на Република Србија, д-р Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС).

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

На почеток на средбата со министерот Лончар, Клековски се заблагодари за помошта што Србија ја пружи од првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговараа за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива.

Во фокусот на средбата беше соработката со референтните институции во Србија за високоспецијализирана здравствена заштита и зајакнувањето на капацитетите во Македонија, преку:

упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби;

второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи;

партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија — практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови.

Министрите разговараа и за дигитализацијата и интероперабилноста на здравствените информациски системи, со интеграција на податоците од јавниот и приватниот сектор. Србија го користи и системот „Мој термин“, кој е развиен во Македонија.

Во Универзитетскиот клинички центар на Србија, најголемата здравствена установа во Србија, министерот Клековски се сретна со в.д. директорката, проф. д-р Јелена Друловиќ.

На средбата стана збор за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови. Разговараа и за организациски прашања, а потоа ја посетија Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза.

„Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома“, изјави министерот Клековски.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупанчевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел

„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.

Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел

Објавата на Трамп доаѓа само два дена откако најави дека се договори со Путин за увоз на руски дизел, но на ова се спротивуваат и републикански и демократски сенатори кои да се откаже од договорот, наведувајќи дека тој е спротивен на американскиот закон со кој се забранува увоз на енергенси од Русија сè додека не ја прекине агресијата врз Украина.

„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.

Тие посочија дека владата не се консултирала со Конгресот и не доставила објаснување за својата одлука, обврска што исто така е предвидена со закон.

Трамп во петокот објави дека русија се согласила да испорачува дизел на светските пазари, а неговата администрација привремено ги укина американските санкции за руското гориво. Цените на дизелот се блиску до рекордно високи нивоа, што би можело да им наштети на републиканците на меѓуизборите во САД следниот месец.

Според Трамп, Путин се согласил веднаш да ослободи 300.000 тони дизел за американскиот и глобалниот пазар, по што би следела испорака на 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа. Володимир Зеленски остро го критикуваше договорот и го опиша како подарок за путин и инвестиција во неговата војна против украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во четврток и петок во Европскиот совет ќе се дебатира за предлогот за воведување квалификувано мнозинство наместо едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. 

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во пресрет на систанокот еврокомесарката за поршпирување Марта Кос порача дека проширувањето ќе биде можно само за земјите кои ја имаат усогалсено безбедносната политика со Унијата.

„Безбедноста станува се поважна за ЕУ и станува се поважна за процесот на проширување. Не можеме да си дозволиме да примиме нови земји членки кои нема да ја зголемат нашата безбедност, затоа стратешкиот правец станува се поважен. Минатата недела кога ги представивме резултатите од предпристапниот извештај, јасно кажавме дека само кандидатите коишто се во стратешка линија со нас, ќе можат да ни се приклучат“– Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Иако идеја за промена во начинот на одлучување од консенсус во квалификувно мнозинство потекнува од Унијата, дел од аналитичарите не се оптимисти дека предлог ќе помине.

Додека се чека конечната одлука на Европскиот совет за замена на едночасноста со квалификувано мнозинство, за пристапувањето на Западен балкан кон Унијата ќе се разговара и на Самитот ЕУ-Западен балкан кој ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, на кој ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски кој претходно ќе оствари средба и со еврокомесакраката за порширување Марта Кос. Дали дотогаш ќе има уште една средба со бугарската страна, Мицкоски не прецизираше, но порача дека надминување на блокадата е можно само преку дијалог и прилижување на ставовите меѓу двете земји. Според аналитичарите добор е што дијалогот ќе продолжи, но се скептични дека само преку разговори може да се дојде до решение.

Идната недела премеирот Мицкоски ќе биде дел и од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Црна Гора, која пак денеска затвора три преговарачки поглавја со Европската Унија, наместо претходно најавените две. Според тамошните власти ова дополнително ја приближува Црна Гора до целта да стане членка на Унијата до 2028 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер