Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата
2Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ТехнологијаМинијатурен робот ќе има огромна задача на Марс: „Бумбарот“ ги движи крилјата 400 пати во секунда „Роботот бумбар“ што моментално се развива во Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) е дел од новата генерација роботи инспирирани од „морничави“ животни.Машината, која тежи помалку од спојувалка, може да ги мавта крилјата до 400 пати во секунда и да достигне максимална брзина од 2 м/с. Исто така, може да се врти и да лебди, објави Си-Ен-Ен. „Само се обидуваме да имитираме бумбар“, вели докторантот Ји-Хсуан „Немо“ Сјао, кој работи на роботите. Истражувачите се надеваат дека еден ден ова ќе помогне во опрашувањето, можеби дури и на други планети. „Ако одгледувате нешто на Марс, тука влегуваат нашите роботи“, објасни Сјао. Друг научник, Кевин Чен, објаснува дека тимот не сака да ги замени инсектите, туку работи на нив за сценарија каде што не може да се смета на инсекти. Тие би можеле да се користат на фарми во магацини, каде што редовите култури се наредени високо и осветлени со ултравиолетова светлина. „На пчелите им е многу тешко да преживеат во таква средина“, вели тој. Низ целиот свет, научниците учат од природата за создавање роботи кои можат да извршуваат сложени задачи во различни средини. На Јеил, истражувачите развија робот инспириран од гекони кој може да ги ампутира сопствените екстремитети, способност што би можела да биде корисна во мисиите за пребарување и спасување во опасни урнатини, според неговите креатори. Истражувачите во Јужна Кореја неодамна развија робот кој може да се движи како гасеница. „Милиони години еволуција помогнаа да се создаде најдоброто решение“, вели Сјао, кој ги развива алгоритмите што им помагаат на роботите да се движат. Бумбар, гасеница, гекон и скакулец Роботот бумбар користи меки вештачки мускули кои се истегнуваат и се контрахираат за да ги мавтаат крилјата. Крилата на роботот и нивниот мал механизам, слични по големина на компонентите на часовникот, се произведуваат во истата „лабораторија“. Тимот работи и на робот сличен на скакулец. Машината, помала од човечки палец, може да скокне 20 см во воздух и може да се движи по терен како што се трева, мраз или лисја. Сјао додава дека роботот што скока е енергетски поефикасен од летачкиот робот. Малите роботи би можеле да се користат на мисии за истражување места како што се внатрешноста на цевковод или турбински мотор. Сјао вели дека следниот чекор во развојот на технологијата е да се додадат сензори што можат да ги снабдуваат роботите со информации и батерии за да ги напојуваат. Машините моментално се напојуваат со електрична енергија. „Многу е тешко да се стави мал извор на енергија на мал робот“, објаснуваат експертите, коментирајќи ја „мааницата“ на роботот. Се проценува дека целосно автономен робот би можел да се развие во следните 20 до 30 години. Но, проучувањето на природата на инсектите ќе биде вовед за тимот што го развива. „Сè уште има многу да се научи“, истакнуваат тие.Тагови: марс Робот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на имотни деликти, зависности и насилствоПолициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“.Денеска (21.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа превентивна активност „Кажи не на дрогата“ со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави. Во Прилеп, Велес и Чашка, пак полициски службеници од ОВР Прилеп и СВР Велес реализираа превентивни активности за заштита од кражби, измами и разбојништва, во рамки на кои, преку непосредна комуникација полициските службеници ги советуваа граѓаните како да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, укажувајќи им на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Штип и Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност (16–22 септември). Низ директна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи односно зголемување на нивото на сообраќајна култура, како и почесто користење на алтернативни превозни средства. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. Отсекот за превенција при СВР Куманово во Куманово реализира превентивна активност за спречување на говорот на омраза и насилно однесување, пред се кај помладата популација.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕшалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на АрмијатаВо периодот од 20 до 23 септември 2026 година, во посета на нашата држава и Армијата за првпат престојува ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа.Целта на посетата е националните воени претставници да стекнат подобро разбирање на стратешките и оперативните аспекти на безбедноста и одбраната преку непосреден увид во безбедносните и одбранбените политики и капацитети на земјата домаќин, начинот на организација и подготвеност на силите, како и да се запознаат со културата, традицијата и обичаите на нашата земја. Денес во касарната „Илинден“ во Скопје гостите беа пречекани од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на Командата за опeрации бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Поздравувајќи ги гостите, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски ја нагласи важноста од сојузничката соработка, која е изградена врз доверба и заеднички вредности во рамките на НАТО - најмоќниот одбранбен сојуз во историјата. Притоа тој истакна дека Армијата има важна улога во придонесот кон мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата, преку своите способности и активно учество во мисиите, операциите и активностите на НАТО, поради што нашата држава е препознаена како кредибилна, ценета и почитувана членка на овој сојуз. Воените претставници беа брифирани за нашето учество во меѓународните мисии и активности во рамките на НАТО, процесот на модернизација и опремување на Армијата и капацитетите на нашиот национален ресурс АП „Криволак“, кој е еден од најзначајните полигони за обука во Југоисточна Европа. Националните воени претставници го проследија тактичко-техничкиот збор на кој имаа можност непосредно да се запознаат со дел од вооружувањето, воената опрема и средствата со кои располага Армијата, како и со нивната намена и примена при извршувањето на редовните задачи. Воедно, тие ја проследија методско-показната вежба изведена од припадници од Баталјонот за специјални намени, Лесната пешадиска баталјонска група и Центарот за одгледување и дресура на кучиња, со што добија непосреден увид во подготвеноста и способностите на Армијата. Деканот на ешалонот на националните воени претставници, генерал-мајор Стефан Мершеноар од Република Франција, изрази искрена благодарност за гостопримството, високото ниво на организација и содржинските презентации со кои беше претставена Армијата. Тој истакна дека ваквите посети претставуваат значаен придонес кон продлабочувањето на меѓусебната доверба, зајакнувањето на сојузничката кохезија и унапредувањето на воената соработка во рамките на НАТО. Посетите на ешалоните од национални воени претставници се реализираат на ротациона основа, при што секоја година друга земја членка е домаќин на оваа активност. Ваквите посети претставуваат значајна можност за размена на искуства и најдобри практики, продлабочување на меѓусебното разбирање и зајакнување на воената соработка меѓу сојузниците. Истовремено, тие придонесуваат кон унапредување на интероперабилноста и градење на уште посилни партнерства во рамки на Алијансата. Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на АрмијатаТагови: Генералштаб на Армијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаПосета на претставници од Амбасада на САД во Општина КумановоНа првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ. На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула. Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните. Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.Тагови: Општина Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook