Дајмлер на работниците во Германија ќе им подари „корона бонус” - Канал 5

Дајмлер на работниците во Германија ќе им подари „корона бонус”

Сите работници на Дајмлер во Германија ќе добијат значителна сума.

Дајмлер на работниците во Германија ќе им подари „корона бонус”

И покрај огромните проблеми во автомобилската индустрија, некои производители сè уште пливаат со главата над вода. Еден од нив е дефинитивно Дајмлер, кој одлучил дополнително да ги награди своите вработени во Германија. Според „Аутомотив њуз“, Дајмлер ќе му надомести на секој работник за „личниот и економскиот товар, како што е носењето маска и работата од дома“, што секој работник морал да го издржи во тековната година, објасни Вилфрид Порт, шефот за човечки ресурси на Дајмлер, и продолжи: За време на ова ненормално време, компанијата отсекогаш можеше да се потпре на флексибилноста на својата работна сила, која е секогаш подготвена да помогне “.

Затоа Дајмлер одлучи сите 160.000 работници во Германија да добијат т.н. „коронабонус“ во износ од по 1000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел и Хезболах договорија прекин на огнот

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје кое стапи на сила денеска во 16 часот по локално време, потврди американски функционер за Би-Би-Си.

Израел и Хезболах договорија прекин на огнот

Објавата за прекин на огнот доаѓа по нов бран насилство во јужен Либан. Според либанското Министерство за здравство, најмалку 18 лица се убиени во израелските воздушни напади во текот на ноќта.

Од друга страна, израелската армија објави дека четворица нејзини војници се убиени во борбите.

Израел тврди дека погодил 80 цели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека погодиле 80 цели поврзани со проиранското движење Хезболах, убивајќи „десетици“ негови членови.

Примирјето беше договорено еден ден откако САД и Иран потпишаа договор со цел да се стави крај на конфликтот на Блискиот Исток.

Според досега достапните информации, договорот предвидува траен прекин на непријателствата во Либан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шверц на клинички: Доктор и медицинска сестра фатени со криумчарен ботокс од 10.000 евра

Спречен нов обид за криумчарење ботокс во земјава, од страна на Царинската управа.

Шверц на клинички: Доктор и медицинска сестра фатени со криумчарен ботокс од 10.000 евра

Доктор и медицинска сестра од клинички центар зарабоииле кривична пријава, заради обидот да внесат нелегална пратка со медицински естетски препарати во вредност од околу 10.000 евра. Како што соопштија од Царинската управа, случајот бил откриен од службеник кој при детална контрола на поштенска пратка утврдил дека наместо 10 козметички производи наведени во приложената фактура, во пратката имало дури 199 непријавени вијали со ботокс, кои доаѓале од Република Кореја. Случајот веднаш бил предаден на Одделението за истраги, а по наредба на јавен обвинител биле преземени повеќе предистражни дејствија и претреси на три различни локации.

-Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, била наведена како примач на пратката.. Со согласноста нарачката да пристигне на нејзино име и адреса, а фактурата ја платила од своја трансакциска смета, таа му помогнала во кривичното дело. - велат од царината.

Инаку, пред само два месеци, во една од поголемите акции на полицијата и обвинителството за нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати, шест лица завршија во ефективен, четворица во куќен притвор, а деветмина добија мерки на претпазливост. Акцијата се одвиваше во Скопје, Струмица и Битола, а беа опфатени случаи на нелегален увоз и дистрибуција на ботокс и филери, набавувани од Србија, Кореја и Турција. Во истрагата беа опфатени и доктори од Клиниката „8 Септември“, од Универзитетската клиника за дерматологија, сопственици на приватни дерматолошки ординации, како и царински службеник кој се сомничи дека примил поткуп за да овозможи влез на нелегалната стока во државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини осомничени за криминал од 3 милиони евра

Дванаесетмината уапсени од случајот ФФМ во вчерашната голема акција се спроведени во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка.

Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини осомничени за криминал од 3 милиони евра

Обвинителството отвори официјална истрага за злоупотреби и малверзации во федерацијата преку фактури за набавки со што ја оштетиле ФФМ за околу 3 милиони евра. Тројцата функционери од ФФМ, првосомничениот екс-претседател Илчо Ѓорѓиовски, неговиот тогашен наследник и второосомничен Сејдини, како и третоосомничената шефица на сметководството на ФФМ до 2019 се товарат за проневера за службата, останатите уапсени се пак управители, кои биле дел од шемата и се товарат за помагачи во ова дело, како и за перење на пари.

-Сите субјекти, во поголемиот дел имаат соработка со ФФМ, меѓутоа дел од паричните средства кои ги имаат добиено на незаконит, противзаконит начин, ги имаат вметнато преку Олгица, па да истите бидат реализирани, односно претпоставените, тоа се службените лица во својство на претседатели на ФФМ. Обезбедивме докази во текот на предистражната постапка, дека тие услуги за кои што се издадени фактури никогаш не стигнале до ФФМ, притоа имаме и произнесување од претставникот на ФФМ, како по однос на услугите и стоките, како и по однос на штетата што им е причинета. - Фатон Азизи – Јавен обвинител

Во предметот се осомничени вкупно 18 физички лица, пет од нив во моментов не се достапни за органите на прогон, но обвинителот очекува набргу тие да се појават пред органите и дека истите се во најблиското опкружување. Во истрагата се опфатени и 8 правни лица, останатите фирми кои биле дел од шемата во меѓувреме се затворени, па се гонат нивните тогашни управители.

Обвинителството бара мерка притвор за осуммина од осомничените кои се достапни, меѓу кои се и прво осомничениот екс-претседател на Федерацијата Илчо Ѓорѓиоски и трето осомничената раководителка на сметководството во ФФМ до 2019та – Олгица Младеновска. Второосомничениот Сејдини е веќе во КПУ Скопје за друг предмет. За четворица се бараат мерки на претпазливост.

Дејствијата се однесуваат на периодот од 2015 до 2019 година, каде, според обвинителството, претседателите на ФФМ Ѓорѓиоски и Сејдини потпишале, а со тоа и реализирале вкупно 728 платни налози кои им ги доставила третоосомничената Олгица Младеновска. Ѓорѓиоски, по кривичната пријава се бранел дека не знаел што потпишува.

Обвинението се очекува да биде поднесено во предвидениот рок, најдоцна за три месеци, односно, според информациите, вештачењето е веќе готово, а остварен е и контакт со сведоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер