Црвено жолтите на победа против Грузија - Канал 5

Црвено жолтите на победа против Грузија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва во 18:00 часот во Тбилиси против незгодниот домаќин Грузија го игра клучниот натпревар во битката за првото место групата од Лига на нации.

Црвено жолтите на победа против Грузија

Иако во селекцијата поради повреда недостасуваат капитенот Ристовски, искусните Адеми и Николов и стандардните Чурлинов, Костадинов, Ристевски… , селекторот Милевски вели дека во Грузија црвено жолтите допатуваа со амбиции за триумф без разлика на составот на тимот.

- Секогаш е важен тимот. Тој победува, а не индивидуалците. Се концентрираме на тоа како ќе функционираме како тим против одличен противник. Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот против Италија и Португалија, но за жал се соочивме со многу проблеми во Лига на нации. Имавме многу повредени фудбалери и принудно менувавме, иако тоа не беше план. Продолжуваме со таа транзиција, а ова е можност да се увериме во квалитетот на помладите фудбалери. Додека постојат и најмали шанси ние ќе се бориме. Никогаш не се навраќам на минатото, а нема ниту на мечот со Грузија во Скопје. Играат поразличен фудбал од порано, а дали се поквалитетни од нас, ќе покаже времето. Во фудбалот не победува секогаш подобриот. Ако мислиме дека не можеме да победиме тука, не би ни дошле. Овде сме дојдени да победиме, истакна Благоја Милевски - селектор на Македонија.

Искусниот Алиоски смета дека за младите фудбалери повикани во најдобрата селекција не е потребна дополнителна мотивација за добра игра.

- Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е мотивација сам за себе. Победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Не сме под притисок и мислиме само на тимот. Го исполнивме сонот овде, се пласиравме на Европско првенство, но тоа е веќе зад нас. Не е важно дали играме пред полни трибини или без публика, навивачите не се на теренот, за добар резултат треба да одиграме добар фудбал, а ние сме дојдени за да го покажеме нашиот квалитет. Поразот дома навистина беше болен за нас и ќе се обидеме да победиме тука, вели Алиоски.

За првата позиција во групата на нашите најдобри фудбалери вечерва на арената на Динамо во Тбилиси ќе и биде потребна победа од три голови предности секако триумф по три дена на дуелот против Бугарија во Скопје

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер