Циципас и Киргиос „завојуваа“ на Вимблдон

Австралискиот тенисер Ник Киргиос и  Гркот Стефанос Циципас  „завојуваа“ на теренот за време на мечот од третото коло на Грен слемов во Вимблдон, кој Австралиецот го доби (3:1)

Двајцата тенисери конфликтот го продолжија и надвор од теренот.

Контроверзниот тенисер од Австралија за време на мечот побара од судијата да го исклучи Стефанос Циципас бидејќи со топче ја гаѓаше публиката. Младиот Грк во еден миг со топче го погоди и својот ривал Киргиос.

Конфликтот кој очигледно постои меѓу двајцата контроверзни тенисери продолжи и откако двајцата го напуштија теренот.

Ник и Стефанос некогаш биле пријатели, сега се мразат од дното на душата, пренесуваат добрите познавачи на белиот спорт.

Циципас по мечот го нарече Нико насилник.

- Не знам што зборува! Тој го направи циркусот. Има сериозни проблеми... сериозни. Добар сум во соблекувалната, имам многу пријатели, дури сум и еден од најпопуларните тенисери. Не го сакаат. Само да го разјасниме тоа – изјави Киргиос, кој пред новинарите излезе облечен во дуксер на Денис Родман.

Киргиос повторно ја спомена ситуацијата што го предизвика хаосот, кога Гркот ја исфрли топката кон трибините. Таа ситуација ја спореди со онаа од УС Опен во 2020 година, кога најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван откако ненамерно со топче погоди линиски судија.

- Можам само да удрам топки во публиката и нема да има последици? Зошто Циципас после тоа се уште беше на теренот? Не сакам моите расправии со судијата да се означуваат како прекршоци на исто ниво како оние на Стефанос, изјавил Киргиос пред новинарите.

 

САД испраќаат досега најголем пакет оружје за Украина

Соединетите Американски Држави денеска ветија дека ќе ѝ испратат на Украина нов пакет оружје и воена опрема во вредност од милијарда долари.

Новиот пакет оружје ќе вклучува ракети за моќни повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, илјадници артилериски гранати, минофрлачи, рачни противтенковски ракети Javelin и друга муниција и опрема.

Така, вредноста на оружјето и опремата што Америка ги испратила или ќе ги испрати во Украина од почетокот на руската инвазија достигна 9,1 милијарди долари.

„Поминаа речиси шест месеци од почетокот на неиспровоцираниот и брутален напад врз Украина. Русите продолжуваат да ги уништуваат украинските градови и села. Претседателот Бајден јасно изјави дека САД ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот народ во одбрана од руската агресија, без разлика колку долго е потребно “, изјави денеска американскиот шеф на дипломатијата Антони Блинкен.

„Како дел од тие напори, денеска, со одобрение на претседателот Бајден, го одобрив досега најголемиот пакет американско оружје и воена опрема за Украина“, рече Блинкен.

Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили, со дејство и од земја и од воздух. 

Огнот е опкружен и догорува само во контролирани површини, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Со локализирање на пожарот се прегрупираат силите за негово догасување. Дел од луѓето на терен ќе дежураат до рано наутро кога е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар, по што ќе се одлучи како ќе се дејствува за негово догасување, велат од ЦУК.

За гасење на пожарот во текот на денот беа ангажирани еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пожарникари и вработени во шумските стопанства и комунални претпријатија од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, а помогна и дел од локалното население.

Лукаревска: Советничката група на СДСМ е нова енергија за Тетово

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати.

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати, за инает не се поддржуваат добри проекти, постојано празни ветувања, повикување на претходниците и удирања во гради со проекти од претходниците, не е лошо, полошо е, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во обраќањето на промоцијата на советничката листа на СДСМ за локалните избори во Тетово.

„Да не дозволиме на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години, години на празни ветувања. Да бидеме мотивирани и на 20 август употребете го вашиот глас, гласајте за кандидатите за советници од СДСМ, за овие луѓе кои имаат свои идеи, кои ќе работат во интерес на граѓаните и кои нема да молчат ако градоначалникот не работи добро“ порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска истакна дека кандидатите за советници од СДСМ се вистинското решение за Тетово.

„Нашите идни советници се новата енергија за Тетово. Тие советници ќе туркаат напред, и ќе бодат гласни и да можат да го кажат вашиот проблем, да нудат решенија за секојдневните а всушност најбитните проблеми од вашето живеење. Централната власт не го заборави Тетово и натаму ќе придонесува за развој на овој град. На 20 август одлучно гласајте за број еден, да не дозволиме општината да биде парализирана и некој да има оправдување дека има нефункционален совет. Гласајте за никој да не биде над вашиот глас, туку да биде во полза на вашиот глас. Да имате убави улици, нови паркови, да имате чист воздух, тоа не е политика, тоа е обврска која ќе ја имаат нашите другари, идните советници.“ порача Лукаревска.


притисни ентер