Чудо – човек со години не јаде и не пие - Канал 5

Чудо – човек со години не јаде и не пие

Индиецот Прахлад Јани на 85 - годишна возраст, живее во пештера во Амба, и тоа без храна и вода веќе 74 години. Јани го напуштил својот дом кога имал седум години, а на 11 години го благословила божицата Амба.

Чудо – човек со години не јаде и не пие
Оттогаш, тој тврди дека живее без вода и храна, а се одржува во живот со помош на нектарот кој се филтрира низ дупката во неговиот јазик. Тим од 30 научници го подложи на низа болнички тестови. Со помош на камери за надзор утврдиле дека ништо ниту јадел ниту пиел цели три недели.

Лекарите биле шокирани бидејќи било кој друг човек на негово место би умрел . Меѓутоа, Јани не бил ни омалаксан, ниту уринирал, а немал ни столица.

„Веруваме дека неговото тело поминало низ биолошка трансформација како резултат на медитација и силна јога во целосно природното окружување во кое живее“ – велат лекарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. 

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Од 1 декември, Естонија ќе ги затвори своите гранични премини кон Русија на најмалку шест месеци од безбедносни причини, соопшти во петокот владата на оваа балтичка земја.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Претходно оваа недела, Естонија најави затворање на сите гранични премини со Русија, што ќе стапи на сила следниот месец. Ова уследи по сомнителен напад со подметнување пожар во една естонска одбранбена компанија – инцидент за кој Талин ја обвини Москва – иако првично не беше прецизирано колку долго ќе трае затворањето.

Одговор на непријателските активности на Русија

„Оваа одлука е одговор на континуираните непријателски активности на Русија против Естонија и други европски земји“, се наведува во соопштението на владата.

„Компании од естонската одбранбена индустрија беа цел на напади двапати оваа година, а според Естонската служба за внатрешна безбедност, двата напади биле организирани од руските специјални служби“, се додава во соопштението.

Москва постојано ги отфрла обвинувањата од европските власти за нејзина вмешаност во акти на саботажа. Естонија – членка на НАТО и на Европската унија, како и цврст поддржувач на Украина – моментално има пет гранични премини преку кои патниците можат да влезат во Русија или да излезат од неа, истакна владата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово.

Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo

Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово.

“ Само преку овие 65 милиони денари од Министерството за транспорт реализираме навистина еден голем проект, а тоа е асфалтирање на улици и тоа во село Собри од 650 метри, во село Пирава од 580 метри, во село Брајковци од 774 метри, во село Раброво во должина од 1.230 метри и во село Марвинци, каде што сме сега, во должина од 1.560 метри, што сериозно треба да допринесе за подобрување на условите за живот на жителите на сите овие населени места. Но, исто така, имајќи предвид дека овие населени места се во близина на Коридорот 10, се работи за најживиот и економски најзначајниот автопат, ова ќе значи можност и за искористување на туристичкиот потенцијал на овие места. Веќе зборувавме со градоначалникот во однос на поголема презентација на познатиот Исар Марвинци, кој може да стане сериозна туристичка атракција, така што ќе работиме во насока и на таа поддршка, со цел да се зголеми бројот на туристи коишто доаѓаат. Ако на тоа се додадат и мерките за поддршка на земјоделието, што ги прави Владата, во една комбинирана поддршка на развојот на инфраструктурата и развојот на земјоделието, мислам дека многу можеме да направиме во следниот период. И градоначалникот и пратеничката прават одлична работа, даваат голем свој личен ангажман и посветеност во нивната работа и затоа општина Валандово и во годините коишто се пред нас ќе продолжи да ја има поддршката од Владата и ќе продолжиме заеднички да инвестираме и да имаме уште подобри проекти”- изјави вицепремиероот Николоски

Тој најави и реконструкција на регионалниот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско брдо.

“ Имајќи предвид дека постојниот пат е во лоша состојба, екипи на Јавното претпријатие за државни патишта направија увид, ја скенираа состојбата, направивме проект и очекувам во најскоро време да излезе повикот од ЈПДП, со кој повик треба да се избере изведувач кој ќе направи целосна реконструкција на овој пат. Значи, планираме целосна реконструкција на патот што води од Струмица до Валандово” – додаде вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер