Чистење на енергијата во домот според фенг шуи - Канал 5

Чистење на енергијата во домот според фенг шуи

Новата година асоцира на нов почеток. 

Чистење на енергијата во домот според фенг шуи

Според фенг шуи важна е енергијата со која ја завршуваме изминатата година. Еве кои три работи треба да ги направите на крајот од 2021 г. според фенг шуи филозофијата за да се ослободите од лошата енергија и да ја отворите вратата од домот за просперитет и радост!

Со чистење на домот од негативна енергија секогаш се отвора простор за нов почеток. За вашето енергетско чистење, во овој период од годината има многу празнични зачини и овошја. Еве како можете да ги користите:

1. Чистење на енергетскиот простор со сезонско овошје и зачини

-Загрејте неколку парчиња лимон или портокал со стапчиња цимет во мала количина на вода на тивок оган, оваа арома нека го исполни вашиот дом. Можете да додадете и каранфилче, ловоров лист, па дури и грст брусница. Познато е дека во традицијата на фенг шуи, мирисот на цитрус го чисти енергетскиот простор, па со оваа течност можете да го испрскате на вашиот дом или да ја користите како освежувач.

- Направете чај од нане, изладете го и додајте го тој ладен чај во вода за бришење и спрејови за чистење за да внесете повеќе природна енергија во вашиот дом додека чистите.

- Наполнете сад со омиленото сезонско овошје за да внесете земјена креативна енергија и живописни вибрации во вашиот простор. Важно е овошјето да е свежо, да не е гнило, кога ќе го изедете, заменете го со ново.

2. Исчистете го нередот, ослободи простор од непотребни работи

За во домот да завладее енергија на успех и благосостојба, посветете посебно внимание на неговото чистење и ослободете се од работите кои не ги користите. Еве неколку мали идеи за чистење со кои треба да се позанимавате на крајот од годината:

-Средете го малиот простор кој често го користите, на пример, паричник или чанта, фиока во која чувате работи, кујнски пулт или работна површина.

- Расчистете го вашиот гардеробер, работите кои не ви одговараат можете да ги донирате и така да направите добро дело пред новогодишните празници.

- Рециклирајте ги предметите и уредите кои повеќе не работат.

Простувањето исто така го чисти енергетскиот простор во вашиот живот. Пред да заврши годината, запрашајте се кому можеби треба да му простите. Можете и себеси да се додадете на оваа листа. Простете и ослободете се од енергијата на гнев, бес, незадоволство.

3. Размислете за сите лекции и мудрости од 2021 година

Во енергетската фенг шуи мапа позната како мапа Багуа, вашата лична мудрост и количината на љубов во животот се тесно поврзани. Затоа, прославете го секој ваш успех - без разлика на големината. Направете список со сите добри работи, успеси, победи и позитивни промени што сте ги направиле во 2021 година и закачете го на видно место во вашиот дом. Ова не е начин на самопофалба, туку идеја како да се мотивирате и да најдете причина да бидете благодарни.

4. Одвојте време за мечтаење

На крај, не заборавајте да сонувате и да визуелизирате, креирањето желби и нивното материјализирање е средство за позитивна енергија,

Остварувањето на вашите соништа го исполнува домот со благосостојба, љубов, и радост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, одржа говор во Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA) во Даблин, посветен на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

Министерот Сали го истакна историското значење на Охридскиот договор за завршувањето на конфликтот во 2001 година и поставувањето на темелите за поинклузивно општество, засновано врз дијалог, еднаквост и меѓусебна почит.

Тој нагласи дека Охридскиот договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како трајна обврска за градење институции што им служат подеднакво на сите граѓани.

„Наследството на Охридскиот договор ќе биде најсилно кога еднаквото граѓанство ќе стане вообичаено искуство во секојдневниот живот“, беше една од централните пораки на министерот.

Осврнувајќи се на искуството на Ирска со Договорот од Велики петок од 1998 година, министерот го истакна значењето на политичкиот компромис, помирувањето и континуираниот дијалог за одржлив мир. Тој посочи дека, и покрај историските и уставните разлики, двата договора ја потврдуваат потребата од доверливи институции и заедничка одговорност.

Министерот ја нагласи потребата од ефективно остварување на правата, правична застапеност на заедниците, професионална администрација, функционална децентрализација и еднакви можности за младите.

Посебно внимание беше посветено на европската перспектива на Македонија. Министерот истакна дека владеењето на правото, заштитата од дискриминација, отчетните институции и почитувањето на различностите се истовремено принципи на Охридскиот договор и темелни вредности на европската интеграција.

Тој нагласи дека кредибилен процес на пристапување кон Европската Унија е важен за реформите, стабилноста и довербата на граѓаните во европската иднина на земјата.

Настанот продолжи со дискусија за наследството на Охридскиот рамковен договор, предизвиците во неговото спроведување и поуките од европските искуства во градењето мир.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот Конгрес застана во одбрана на Килијан Мбапе!

Од Вашингтон велат дека светската фудбалска ѕвезда не смее да се извинува за зборовите кажани за Мао Це Тунг!

Американскиот Конгрес застана во одбрана на Килијан Мбапе!

Специјалниот комитет при Претставничкиот дом на САД за Комунистичката партија на Кина упати остра порака до јавноста, нагласувајќи дека француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе не треба да се извинува што го нарече поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг тиранин.

Во официјалното соопштение на американските претставници се истакнува дека Мао Це Тунг бил несомнен диктатор, кој со своите деструктивни одлуки и автократија му нанел на кинескиот народ неспоредливо поголема штета отколку што тоа би можела да го стори која било изјава на некој врвен спортист.

Американските законодавци потсетија дека Мао Це Тунг, како еден од основачите и долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Кина уште од нејзиниот прв собир во 1921 година, е главната историска личност одговорна за децениско угнетување, идеолошки чистки и тешки страдања.

Неговото владеење го одбележаа трагични периоди, како што се таканаречената Културна револуција и Големиот глад, за време на кои десетици милиони невини луѓе ги загубија своите животи.

Властите во Пекинг и денес продолжуваат со истата практика на ускратување на основните човекови права – вклучително и слободата на говорот и вероисповедта – права што ги уживаат Мбапе и милиони граѓани ширум слободниот свет.

Посебниот акцент во соопштението е насочен кон меѓународните компании кои побрзаа да се извинат и да ја прекинат соработката, со цел да го зачуваат пристапот до кинескиот пазар. Вашингтон потсетува дека Комунистичката партија на Кина е најголемиот угнетувач на сопствениот народ и дека секое потчинување на нејзините барања од страна на западните компании претставува срамно оправдување на угнетувањето и прифаќање на условите што ги диктира еден недемократски режим.

Според американските претставници, Мбапе би требало да ја искористи својата светска препознатливост за да продолжи да сведочи за вистината за природата на автократијата во Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи.

Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми.

За неа, постепената интеграција и пристапот до единствениот европски пазар, европските фондови и заедничките програми, води кон приближување кон ЕУ, но не може да биде замена за полноправното членство.

Таа изрази подготвеност за сестран дијалог со Република Бугарија, во духот на европските принципи и вредности, гарантирани во основачките документи.

Министерот Бланар ја реафирмираше словачката заинтересираност и посветеност на евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и нашата.

Тој силно го поддржа македонско-бугарскиот дијалог, како единствен начин за надминување на проблемите.

Како многупати досега, министерот нагласи дека Словачка е против било какви двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ.

Соговорниците ги истакнаа блиските јазични и културни врски меѓу двете земји, втемелени во делото на сесловенските браќа Кирил и Методиј.

Претседателката изрази длабока благодарност за објавувањето на првиот учебник за изучување на македонскиот јазик за словачките говорители и отворањето на првиот лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер