Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно осум пријави во Скопје, Тетово и Струмица во последното деноноќие - Канал 5

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно осум пријави во Скопје, Тетово и Струмица во последното деноноќие

 Во последното деноноќие четири лица се лишени од слобода за семејно насилство, а вкупно осум пријави има во Скопје, Тетово и Струмица. 

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно осум пријави во Скопје, Тетово и Струмица во последното деноноќие

На 20.03.2026 во 03:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.Д.(23) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга.

На 20.03.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 19.03.2026 во 15:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од с.Боговиње, тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот роднина Ј.Џ.(50) од с.Боговиње дека подолго време поради меѓусебни недоразбирања му упатувал закани.

На 19.03.2026 во 17:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 53-годишна вонбрачна партнерка.

На 19.03.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот спруг Т.П. физички ги напаѓал нивните две малолетници деца.

На 19.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена од Скопје пријавил дека незјиниот сопруг Б.Ф. во домот повеќе пати физички ја напаѓал и психички ја малтретирал.

На 19.03.2026 во 23:15 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека последната недела нејзиниот син И.И. често ја вознемирувал, тропал на вратата од нејзиниот дом и ѝ се заканувал.

На 19.03.2026 во 18:25 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг А.Б., со кого е во бракоразводна постапка, често ја вознемирувал, ѝ се заканувал и преку нивниот син се обидувал да дознае каде е сместена и каде се движи.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи десетици досиеја со детали за воена програма во чии рамки биле нарачани студии за „ворп“ погони – системи за движење со брзина поголема од брзината на светлината – како и за црвоточини и за повреди што истражувачите ги поврзувале со можни средби со непознати летала.

Пентагон објави вкупно 71 документ; 67 од нив беа обезбедени од Министерството за одбрана, додека четири потекнуваат од локални органи за спроведување на законот во Колорадо, пренесува CBS.

Објавениот материјал вклучува 55 PDF-датотеки, 15 видео-датотеки и една аудио-датотека, а документите датираат од периодот меѓу 1952 и 2025 година, според агенцијата Танјуг.

Новообјавените документи за НЛО се однесуваат на тајна американска воена иницијатива позната како „Програма за примена на напредни системи за воздушно-вселенско оружје“ (Advanced Aerospace Weapon System Applications Program), која била формирана од Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA) во 2008 година и била активна до 2012 година.

Иако повеќето референтни документи на одбранбеното разузнавање разгледуваат идеи што граничат со научна фантастика, еден документ претставува високотехничка студија од 38 страници, изработена во 2010 година, во која се анализираат „докази за ненамерни повреди кај човечки набљудувачи, предизвикани од аномални напредни воздушно-вселенски системи“.

Во тој документ, истражувачите наведуваат дека „тројца претходно здрави и активни поединци доживеале аномален (нерегуларен, невообичаен и неконзистентен со нивната област на работа) настан поврзан со воздушно-вселенски системи“, по што развиле низа медицински симптоми, вклучувајќи чувство на топлина на кожата, црвенило и опаѓање на косата.

Кај еден од поединците се појавиле „знаци на радијациона болест“ и, „во текот на неколку години, се развиле знаци на малигна трансформација“.

Во извештајот се наведува дека е „прецизно евидентиран доволен број инциденти/несреќи“ и дека се „собрани медицински податоци што ја поткрепуваат хипотезата дека веќе се распоредени одредени напредни системи“, чиј начин на функционирање останува нејасен за Соединетите Држави.

Повеќето од видеата во објавените документи наликуваат на оние од претходните соопштенија, прикажувајќи нејасни снимки од необјаснети објекти забележани од воени камери; еден необјаснет инцидент од 2022 година прикажува беспилотно летало што се движи со променливи брзини, меѓу 130 и 290 километри на час.

Придружниот извештај за средбата наведува дека операторите биле на мисија на Блискиот Исток кога забележале разни објекти на непознати височини; екипажот пријавил дека објектите имале големина од еден до два метра и „летале спорадично во рамките на целната област“.

Друго видео, снимено над Блискиот Исток, прикажува „шест мали сферични објекти“ кои делувале „агилно“ и често ја менувале насоката на движење.

Четири видеа потекнуваат од локални служби за спроведување на законот во Колорадо, кои доставиле извештаи до канцеларијата на Пентагон; една делумно заматена снимка била направена со камера од мобилен телефон во октомври 2023 година.

„Службеникот што го поднел извештајот го опишал феноменот како ‚тивок‘ и како ‚црвени, сини и зелени трепкачки светла‘“, наведува американската војска во белешките што ја придружуваат една од снимките.

Објавените документи вклучуваат едночасовна аудиоснимка и транскрипт од изјавите дадени во 1952 година од страна на офицерот на Военото воздухопловство, Едвард Рупелт; во нив тој ја објаснува истрагата на службата за инциденти поврзани со НЛО и истакнува дека околу 20 проценти од 800-те пријави за НЛО, истражени од Военото воздухопловство, остануваат мистерија.

На 14 септември, Пентагон објави воведување правен исклучок што ќе им овозможи на сегашните и поранешните вработени – кои претходно биле обврзани со договори за доверливост – да споделуваат информации поврзани со истражувањето на НЛО со владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Раното откривање може да спаси живот. Со оваа порака денеска од Драчево започна кампањата „Розев октомври“ посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка. 

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Во „Паркот на бранителите“ се одржа едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, на која лекари, пациенти и граѓани разговараа за превенцијата, навремените прегледи и лекувањето.

Наташа Бабулова, членка на здружението „ХЕМА-ОНКО“, пред присутните ја сподели личната борба со ракот на дојка. Нејзината порака е дека стравот не треба да биде причина за одложување на прегледот, бидејќи токму навременото откривање на болеста може да биде пресудно за понатамошното лекување.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија посочија дека раната дијагноза е еден од најважните фактори во борбата со болестадека навременото јавување кај лекар овозможува болеста да се открие во порана фаза и пациентките навреме да го започнат потребниот третман.

Трибината ја организираа Општина Кисела Вода и здружението „ХЕМА-ОНКО“, а градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека целта е преку вакви настани информациите за превенцијата и раната дијагностика да стигнат до што поголем број граѓани.

Денешната трибина во Драчево е почеток на активностите на кампањата која ќе трае до 4-ти октомври и ќе се заокружи со „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Регионалната кошаркарска АБА-лига распиша конкурс за нови судии кои во иднина би можеле да ја делат правдата во регионалното кошаркарско натпреварување.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Право на пријавување имаат судии кои имаат најмалку 25 години и пет сезони искуство на највисокото ниво од домашното првенство или на меѓународната сцена.

Од кандидатите се очекува добро познавање на англискиот јазик и соодветна физичка подготвеност, а сите пријавени ќе треба да поминат низ неколку стручни проверки.

Процесот на селекција ќе вклучува тест за правилата на кошарката, анализа на спорни и карактеристични ситуации од натпревари, проверка на познавањето на англискиот јазик, физичко тестирање и интервјуа со кандидатите.

Заинтересираните судии можат да поднесат пријави најдоцна до 21 септември, до 15:00 часот.

Регионалното натпреварување исто така ги објави судиските хонорари за сезоната 2026/27, кратко откако во јавноста се појавија информации дека Здружението на судии на АБА-лигата побарало значително подобрување на материјалната и правната положба на судиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер