Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
2Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
3Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ
СветЧешкиот премиер не ја исклучува можноста за испраќање војници во УкраинаЧешкиот премиер Петр Фијала изјави дека Чешка ќе продолжи да ѝ помага на Украина во зајакнување на нејзината армија по завршувањето на војната, така што таа самостојно ќе може да одврати идни агресии од Русија. Тој не ја исклучи можноста Чешка да испрати свои војници, но подвлече дека одлуката ќе зависи од природата на евентуалната мисија и од тоа дали ќе биде организирана од страна на ОН или НАТО. - Испраќањето на чешки војници зависи од условите и карактерот на мисијата. Во 'коалицијата на подготвените' не се само земји што сакаат да испратат војници. Има и такви што помагаат поинаку, убедени дека Украина се бори и за нас, рече Фијала за „Млада фронта Днес“. Тој предупреди дека не треба да има нереални очекувања – не станува збор за единици што директно ќе се борат против руските сили. - Ќе зависи од многу фактори – кога ќе настапи примирје, какви ќе бидат условите за мирот, какви гаранции ќе се дадат. Дури потоа ќе знаеме дали ќе има европски воени единици и какви, истакна Фијала. Тој подвлече дека САД мора да одиграат клучна улога во справувањето со руската агресија. - Не верувам во решение што би значело де јуре признавање на анектираните територии како дел од Русија. Тоа не би бил крајот на агресијата, туку поттик за нова – кога Русија ќе закрепне, стручњаците велат дека тоа ќе биде за 4 до 6 години, рече премиерот на Чешка. Фијала нагласи дека Русија нема јасно дефинирана западна граница и секогаш кога може, ја поместува. - Ако сега кажеме: нека го задржи Крим и анектираните територии, нема да донесеме мир. Исто така размислуваа некои политичари во 1930-тите. Тоа доведе до Минхен, до жртвување на нашата држава. Наместо мир, донесе најстрашна војна, додаде Фијала. Тој заклучи дека само Украинците може да одлучат какви компромиси се прифатливи за нив, особено кога станува збор за територија. /МИАТагови: украина Фијала Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер.Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер, објавија Елисејската палата и француското Министерство за вооружени сили. Макрон го гледаше лансирањето од фрегата на француската морнарица. M51, третата верзија на стратешката балистичка ракета лансирана од подморница, која е во употреба од минатата година, беше испукана без нуклеарна боева глава и падна во Северниот Атлантик, неколку стотици километри од кој било брег, според францускиот „Фигаро“. Посетата на претседателот беше ненајавена и се одржа без присуство на медиумите. Самото лансирање претходно беше најавено како дел од воена вежба. À bord de la frégate multi-missions Auvergne, j'ai assisté au premier tir du nouveau missile balistique M51.3 depuis le sous-marin nucléaire lanceur d'engins Le Vigilant. Très peu de nations disposent d'un tel savoir-faire. Félicitations à tous les acteurs de cette réussite exceptionnelle : DGA, CEA, Ariane Group, Naval Group et Marine nationale. Votre professionnalisme, votre rigueur et votre maîtrise technique sont la fierté de la France. Ce succès technique est une nouvelle démonstration de la crédibilité de notre dissuasion, dont la pérennité est assurée. Pour être libre, il faut être craint. Et pour être craint, il faut être puissant. Pour protéger les Français dans la durée face aux menaces, j'ai engagé dès 2017 le renouvellement de nos moyens pour les décennies à venir. En dix ans, le budget de nos armées aura doublé. Nos futurs sous-marins stratégiques sont actuellement en chantier. Le programme de missiles stratégiques hypersoniques et manœuvrants, qui équiperont notre composante aérienne de dissuasion, a été lancé cette année. Notre dissuasion nucléaire nous protège et continuera à nous protéger. Vive la République et vive la France. — Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 6, 2026 Тестот доаѓа во време на зголемени тензии во Европа. Макрон во последните недели предупреди за промена на карактерот на „руската агресија и закани“ кон европските земји, по серијата хибридни напади за кои Западот ја обвинува Москва. Ракетата беше лансирана од нуклеарната подморница „Ле Вижилан“ како дел од операцијата „СМЕРТРИОС“, чија цел беше да се тестира способноста на подморницата повторно да ја користи ракетата М51 по редовно одржување и ремонт. 🇫🇷 France is preparing a new test of the M51.3 strategic ballistic missile without a nuclear warhead President Emmanuel Macron watched a test firing of a nuclear-capable missile with no warhead. Maritime restrictions off Finistère run through October 21, 2026, for an at-sea launch. The trial will be fired from the nuclear ballistic-missile submarine Le Vigilant to check its systems after a long overhaul. The flight is expected to cover about 4,700 kilometers over the Atlantic. — Visegrád 24 (@visegrad24) October 6, 2026 Министерството соопшти дека ракетата била следена во текот на целиот лет и дека тестот бил извршен „во целосна согласност со меѓународните обврски на Франција“. Франција пред една година воведе нова верзија на ракетата М51 во употреба, опишувајќи ја како важен чекор во модернизацијата на поморската компонента на нејзиното нуклеарно средство за одвраќање.Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во СкопјеОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопјe.— Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“, ги поканува сите заинтересирани да се пријават за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“, која ќе се одржи во периодот од 13 октомври до 3 ноември 2026 година. Работилницата се реализира во рамки на проектот „КОРЕНИ, КОДОВИ И ИДНИНАН – културен континуитет во применетиот дизајн“, финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кој има за цел да направи спој помеѓу богатото културно наследство и современите дизајнерски и технолошки пристапи. Спој на традицијата, 3Д технологијата и одржливоста Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе имаат можност да истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од областа на: - Tрадиционални техники и мотиви во изработка на модни додатоци и домашен декор, - 3Д моделирање и дигитално обликување, - Изработка со современи технологии, - Еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии). По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, преостанатиот период до 3 ноември е предвиден за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти. Можност за финансирање и пазарно пласирање на најдобриот дизајн Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири. За најдобриот концепт/дизајн е обезбедена финансиска поддршка за изработка на прототип, како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање. Начин на пријавување Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација. - Краен рок за пријавување: 10 октомври 2026 година - Линк за регистрација: https://forms.gle/DygseWuVPZxtcrKWAКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИРастот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ.Зголемени пензии. Да направиме една кратка анализа на покачувањето на пензиите во првите две години од мандатот на владата на ВМРО - ДПМНЕ и владите на коалицијата СДСМ/ДУИ. Бројките најдобро ја покажуваат разликата кога ќе ги споредиме првите две години од двете влади, а ќе ја споредуваме просечната старосна пензија. СДСМ – ДУИ. јуни 2017 – јули 2019. 15.273 денари → 15.813 денари. раст: само 540 денари. ВМРО-ДПМНЕ. јули 2024 – мај 2026. 22.858 денари → 29.663 денари. раст: 6.805 денари. 6.805 ÷ 540 = 12,6 ПАТИ ПОГОЛЕМ РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА ! За приближно ист временски период, растот на просечната старосна пензија во првите две години на владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДСМ и ДУИ. 540 денари наспроти 6.805 денари или 296 денари наспроти 22 денари месечен раст. Тоа е разликата што ја покажуваат бројките. Наредната анализа ќе биде споредбата за покачувањето на пензиите во периодот од седум години влада на СДСМ/ДУИ и две години влада на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, објави на ФБ Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook