Челси се вклучува во битката за потписот на Алфонсо Дејвис - Канал 5

Челси се вклучува во битката за потписот на Алфонсо Дејвис

Челси е заинтересиран за дефанзивецот на Баерн, Алфонсо Дејвис. Лондонскиот клуб сака да го ангажира Канаѓанецот ова лето.

Челси се вклучува во битката за потписот на Алфонсо Дејвис

За играчот активно е заинтересиран и Реал Мадрид, но Шпанците немаат намера да му платат на Баерн 70 милиони евра за играчот. Раководството на „белиот балет“ може да понуди само 50 милиони.

Актуелниот договор на Дејвис со Баерн трае до крајот на јуни 2025 година. „Трансфермаркт“ го цени канадскиот репрезентативец на 70 милиони евра.

Оваа сезона 23-годишниот дефанзивец одигра 30 натпревари за Баварците, постигнувајќи 1 гол и 3 асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте.

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Лекарите се јасни – нема време за чекање.

Постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.

Потребни се најмалку 100.000 евра, а значителен дел од сумата сè уште недостасува.

Ова не е обичен апел.

Ова е трка со времето.

Да помогнеме едно мало дете да порасне. Да ѝ дадеме право на живот без болка.

Медиуми, јавност – Ве молиме објавете и споделете.

Секој ден доцнење значи помала шанса за Нина.

Да не дозволиме болката да победи.

Да не дозволиме да биде доцна.

Благодариме на сите кои ќе придонесат за спас на нашата НИНА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

Белгиската полиција ги повика трагачите по богатство да се држат настрана од градилиштето северозападно од Брисел, каде што работниците оваа недела открија златни монети и златни прачки во вредност од 9 милиони евра. 

Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

Богатството е пронајдено пред четири дена за време на реновирањето на објект во градот Дендермонде, во Источна Фландрија. Полицијата соопшти дека работниците ги повикале откако откриле „големо количество злато“.

Тие објавија фотографии на својата Фејсбук-страница на кои се гледаат околу 50 прачки и куп златни монети. Белгиските медиуми објавија дека богатството, проценето на 9 милиони евра, било пронајдено во ѕидовите на подрумот за време на реновирањето на куќа во сопственост на локалната хуманитарна организација „CAW Источна Фландрија“.

Градежен работник, со кого разговараше фламанскиот јавен сервис VRT, изјави дека првичната реакција на работниците била неверување и вчудоневиденост. „Наидовме на тоа додека копавме за канализациска цевка“, објасни човекот, кој беше претставен само како Кобе. „Секако дека не очекувавме да најдеме злато“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУ: Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект

Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз .

ЦУ: Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти.

„Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле внесени со привремен увоз, што укажува дека контролите даваат ефект“, вели управникот на Царинарница Битола, Ѓоко Трпоски.

Целта на царинските контроли е проверка на царинскиот статус на пловните објекти кои се внесени во државата, особено на пловилата регулирани со привремен увоз кои согласно царинските прописи можат да се употребуваат во државата, согласно законски утврдениот рок, по што доколку не извршат повторен извоз и не ја напуштат државата треба да го регулираат правниот статус и пловилото увозно да го оцаринат.

Началникот на Одделението за оперативни работи, Душан Размовски, потенцира дека мобилните тимови ќе продолжат со зајакнати контроли, при што секое непочитување на законските одредби ќе резултира со соодветни прекршочни санкции, вклучувајќи и одземање на пловниот објект.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер