Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница
2Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
1Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
ЖивотЧарлс III вработил човек, чија единствена работа е наутро да го буди со гајда Кралот Чарлс III. ангажирал професионален гајдаџија чија задача е секое утро да го буди свирејќи на гајдата под прозорец, пишува The Sun.Станува збор за мајорот Пол Барнс, кој свирел на гајдата на погребот на кралицата Елизабета Втора, а претходно и на погребот на принцот Филип. Мајорот Барнс изјавил по погребот на кралицата: „Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора беше мојот врховен командант, а нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, беше мојот кралски полковник. Свирењето гајда на двата нивни погреби во замокот Виндзор е голема чест за еден војник. Како млад човек што живеев во близина на замокот Балморал, се сеќавам на нивното присуство уште од рана возраст, а Кралската гарда ме инспирираше да се приклучам на војската. Свирењето на погребот на нејзиното височество ме натера да размислувам за тие рани спомени и среќен сум што можев да им оддадам почит на двајцата на овој начин“. Имено, ангажирањето личен музичар е нешто како традиција меѓу монарсите, а во тоа уживала и кралицата Елизабета Втора. "Мајка му сакаше да има свој гајдаџија. Тоа е убава традиција", рекол извор близок до кралското семејство за британските медиуми. Инаку, по смртта на кралицата Елизабета, беше објавено дека речиси 100 вработени во поранешната официјална резиденција на кралот Чарлс III. добиле известување дека можат да останат без работа. Личните секретари, канцеларијата за финансии, тимот за комуникации и персоналот во домаќинството ја примиле веста за време на мисата за кралицата во Св. Гилс во Единбург. На списокот се нашле и оние кои со децении работеле за кралот. „Сите се апсолутно бесни, вклучително и личните секретари и високиот тим. Целиот персонал работи деноноќно за да го извлече најдоброто од ситуацијата, па не е изненадување што сите се видно потресени“, изјавил извор близок до кралското семејство во тоа време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегијаСо денови, па дури и со недели, дел од пациентите со ретки болести чекаат пристап до неопходната терапија..Сметаат дека е потребна и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти. Претседателката на здружението „Живот со предизвици“, освен проблемите со редовната терапија, како проблем ја гледа и недоволната институционална поддршка за пациентите. „Една од работите што секогаш не измачува и што веќе со години не се решава од кога е отворена програмата за ретки болести покрај тендерските постапки се набавките и нарачките на терапија.Една мала грешка прави одложување од една до две до три недели и затоа бараме тие нарачки и набавки да се прават порано“ – Весна Алексовска, претседателка на „Живот со предизвици“. За лицата со мускулна дистрофија секое доцнење на терапијата значи изгубена шанса за подобрување на нивната здравствена состојба. Ване Петридов, претседател на „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, и родител на 23 момче со ваква дијагноза, бара од надлежните системски решенија за навремен пристап до терапија, но и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти. „ За лицата со мускулна дистрофија времето е од исклучителна важност бидејќи секое изгубено време значи изгубена можност и шанса тие деца да добијат лек и терапија која ветува многу и ја подобрува болеста.05:13 / Долго време апелираме до надлежните немаме соодветен мултидисциплинарен пристап бидејќи лицата со мускулна дистрофија покрај дијагнозата захтеваат пратење од доста доктори“-– Ване Петридов, „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“. Пациентите со ретки болести не бараат привилегии, туку остварување на основните права на здравствена заштита и поголема предвидливост во обезбедувањето на терапиите, потенцираше и Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија. „ Ние сме секојдневието ние ја живееме ретката болест.Не сме некој што бараме нешто однадвор или нешто што е луксуз, ние ги бараме само правата за здравствена заштита, за права на пациенти и она што следува во склоп на тоа“-- Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Според податоците на здружението „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, во него членуваат 26 деца со своите семејства. Најмладиот неодамна дијагностициран пациент е шестмесечно бебе, а највозрасниот меѓу членовите има 23 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЕвропаДемонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандардДемонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард – скап живот а стагнирачка куповна моќ, недостапни цени на домување но и преоптоварени јавни услуги ..Демонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард – скап живот а стагнирачка куповна моќ, недостапни цени на домување но и преоптоварени јавни услуги се фрустрациите кои извадија стотици илјади луѓе на улиците за време на викендот. Најлошо погодена е Франција, каде од денеска се формира кризен штаб поради прераснувањето на дел од протестите во вандалистички немири и грабежи а во некои градови, полицијата ја изгуби контролата врз толпата – призна францускиот министер за внатрешни работи. Претседателот Емануел Макрон, порача дека иако ги разбира причините за мирните протести, оние кои се обиделе да ја урнат Републиката - ќе одговараат. -Како можат француски граѓани да ѝ го направат ова на Франција? Зошто да се запали градското собрание во Лимож или туристичката канцеларија во Лион, зошто да се упадне во градското собрание во Марсеј или да се нападне резиденцијата на префектот во Бордо? Како можеше да дојде до ова? Ништо не го оправдува, ништо не го објаснува и ништо не може да послужи како изговор за ова.// Нашата земја заслужува квалитетни претседателски избори за шест месеци од сега. // Да за дијалог, да за конкретни, краткорочни одговори, и за подготовка на идни одлуки. Но, одлучно „не“ за насилството, во каква било форма. Потребни ни се единство, смиреност и почит. Да живее Републиката, и да живее Франција,- -Емануел Макрон, претседател на Франција. Во Италија денеска безбедносен состанок оддржува и премиерката Џорџа Мелони откако викендов во Милано, Торино и Болоња демонстрациите се претворија во немири со повеќе повредени лица. Во Белгија пак, полицијата се судри со демонстранти во Брисел и Лиеж, а масовниот протест во главниот град на Португалија – Лисабон помина без поголеми инциденти. Во соседна Албанија пак, протестите влегуваат во својот седми ден а главното барање останува оставка на владата предводена од Еди Рама. Рама одби да преговара со како што рече „радикализирани млади луѓе„ под влијание на екстремната левица, Русија и Иран. -Тие живеат во луксуз, а потоа се искористени од овие други сили – од „Антифа“ и од странски разузнавачки служби, како и од непријателите на Албанија. Непријатели на Албанија, оние што ѝ посакуваат зло на Албанија. Русија не е сојузник на Албанија. Русија не е партнер на Албанија. Русија не е земја што ѝ го сака најдоброто на Албанија, што сака стабилна Албанија, што сака Албанија со инвестиции, што сака Албанија со силна економија, што ја сака Албанија во Европската Унија, што сака албанските студенти да бидат рамноправни со студентите од цела Европа,- -Еди Рама, премиер на Албанија. Досега сконцентрирани во Тирана, демонстранти почнаа да се собираат и во неколку други градови како Валона, Елбасан и Скадар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаДржавната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина БрвеницаДржавната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, од спроведен прв изборен круг, врз основа на податоците од записниците од Општинска изборна комисија Брвеница. Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%. Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, додека неважечки е 161 ливче. Според утврдените резултати од гласањето одржано на 18-ти октомври 2026 година, кандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција „Твоја Македонија“, освои вкупно 2.945 гласа (38,89%), Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција освои 2.152 гласа (28,42%), Јакуп Хусеини од Коалиција ВЛЕН освои 1.529 гласови (20,19%), Јовица Радески од СДСМ, Коалиција за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, освои 707 гласа (9,34%), Душан Богдановски од Група избирачи Душан Богдановски освои 57 гласа (0,75%), и Арифе Идризи од Група избирачи Арифе Идризи освои 21 глас (0,28%). Со објавување на првичните официјални резултати тече рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Проговорите се поднесуваат преку архивата на ДИК, во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати, односно најдоцна до 21.10.2026( среда) до 12.30 часот. Согласно член 148 став 2 од Изборниот законик, приговор за постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, односно најдоцна до 19.00 часот на 20.10.2026 година (вторник). ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целата постапка по приговорите, соопштуваат од ДИК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter