ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години - Канал 5

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години

Најстарото е ТАМ од 1966 година.

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“.

Ова се резултатите од најновите истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16 од 34-те противпожарни едници во земјава.

Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. Следни се Куманово – каде има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот, Битола, со 21 пожарникар помалку и Тетово кому му недостигаат 17 пожарникари.

Спротивно, најдобро стои Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево.

Инаку, 34-те противпожарни единици вкупно имаат 284 возила, од оние што гаснат пожар до цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата.

Половина од вкупно 284-те возила се постари од 30 години, додека само 15 проценти од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години.

- Најстари возила со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане. Следно, со просечно стари возила од 38 години е Кратово, а 36 години просечна старост имаат возилата на валандовската противпожарна едница. Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години, наведуваат од ЦГК.

Најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица. Анализата покажала дека следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар. Од марките возила, најзастапени се камионите ФАП од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 Лади Нива, просечно стари 23 години.

Клучните наоди од истражувањето и базата на податоци на амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, соопштија од ЦГК, се дека во земјава има вкупно 263 вакви возила. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи.

- Најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.

Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство, посочуваат, најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци.

Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот „трафик“. Следни се „ситроен“ со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила.

Споредбата со истото вакво истражување покажува дека сега има 80 вакви возила повеќе отколку во 2019 година, но само 30 од новостекнатите 80 возила се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пукотница во Глазгов е застрелана гламурозна партнерка на криминалец, наречен „Овца“

Жена за која се вели дека е девојка на озлогласен криминалец е застрелана за време на неуспешен обид за атентат, наводно поврзан со неговите огромни долгови за дрога!

Во пукотница во Глазгов е застрелана гламурозна партнерка на криминалец, наречен „Овца“

Лорен Вишарт, 27, е застрелана за време на напад врз нејзиниот партнер Џош Стивенсон, познат како „Овца“, во областа Ламбхил во Глазгов, објави Дејли Меил.

Таа била нападната од вооружен маж кој влегол во куќа непосредно пред полноќ во понеделник. Според изворите, Стивенсон, 31, е обвинет за измама на криминална банда во врска со зделка за дрога од 100.000 фунти.

Полицијата била повикана откако алармот се вклучил во 23:30 часот и бил поставен син шатор за форензика во предниот двор на куќата. Жената е однесена во болница со сериозни повреди.

„Лорен живее во куќата со нејзината мајка и брат. Нејзиниот татко го напуштил семејниот дом пред неколку години. Таа е тивко девојче. Слушнав повишени гласови и расправија во куќата пред истрелите. Потоа ја слушнав Лорен како вреска“, рече анонимниот извор.

Во меѓувреме, весникот „Сан“ цитираше неименуван извор за криминал кој вели дека Стивенсон бил цел на нападот.

„Беше објавено дека се вратил во Шкотска пред околу шест недели. Го напуштил Дубаи, се преселил во Амстердам, а потоа се вратил во Глазгов. Па така, во понеделник решиле да го таргетираат и насилно влегле во спалната соба на куќата. Не е јасно кој бил внатре, но за жал, наместо тоа, неговата девојка била застрелана.“

Друг извор го објасни мотивот за нападот:

„Стивенсон ѝ должел на криминална банда над 100.000 фунти и сега е човек со уцена за неговата глава. Неколку различни криминални групи распишаа награда за неговата глава. Тој не е популарен и не е ни чудо што станал цел. Можеби нема да промаши следниот пат.“

Полицијата истражува како дел од операцијата Порталеџ, тековна истрага за војните меѓу бандите во Шкотска, во која се извршени повеќе од 80 апсења.

Соседите зборуваа за вознемиреноста предизвикана од последното пукање, а една баба рече:

„Бев шокирана кога го слушнав ова. Се грижев за моите внуци. Ова е обично мирна улица.“

Лорен Вишарт, која работи како консултант за вработување, дипломирала право на Универзитетот во Стирлинг.

Таа сподели фотографии на Фејсбук од одмор во Тајланд во април оваа година и патување во Амстердам во 2024 година. „Истрагата е во тек и би ги замолиле сите што имаат информации да контактираат со Полицијата на Шкотска на 101, цитирајќи го инцидентот 3717 од понеделник, 16 ноември 2026 година. Полицајците остануваат во областа и сите што имаат загриженост се замолуваат да ги контактираат“, рече главниот инспектор Џен МекКалох.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серена Вилијамс почнува нов бизнис, тежок 200 милиони долари

Поранешната тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс, продолжува да гради бизнис империја надвор од теренот. 

Серена Вилијамс почнува нов бизнис, тежок 200 милиони долари

Овој пат, таа ги здружи силите со искусната инвеститорка Бет Фереира за да лансира нова инвестициска компанија, која има за цел да собере дури 200 милиони долари.

Според „Форбс Монтенегро“, новата компанија, наречена „Старфајр Венчрс“, има седиште во Њујорк и планира да инвестира во перспективни стартапи, првенствено во областите на здравството, финансиските услуги и вештачката интелигенција.

Ова не е прв обид на Серена Вилијамс во светот на инвестициите. Таа почна да инвестира во млади компании во 2014 година, а подоцна ја основа „Серина Венчрс“, преку која поддржа повеќе од 100 компании.

Сепак, сега таа сака да направи многу поголем чекор.

Милиони долари за компании кои штотуку почнуваат

Планот на новата инвестициска компанија е да финансира помеѓу 20 и 25 стартапи кои се во рана фаза на развој.

Поединечните инвестиции ќе се движат од 1 милион до 10 милиони долари, а просечната инвестиција се очекува да биде околу 5 милиони долари.

Тоа е значително повеќе од она што Серена претходно го издвои преку нејзиниот прв фонд, каде што инвестициите честопати вредеа неколку стотици илјади долари.

Сепак, Вилијамс и Фереира не открија колку пари се собрани досега, ниту колку лично ќе инвестираат.

Новата компанија веќе ги направи своите први деловни чекори. Во октомври, таа учествуваше во финансирањето на стартапот Town, кој развива асистент базиран на вештачка интелигенција. Таа инвестициска рунда собра 108 милиони долари, со што стартапот се проценува на 1 милијарда долари.

Богатство од 400 милиони долари

Деловните успеси на Серена Вилијамс доаѓаат по една од најуспешните кариери во историјата на тенисот.

Победничката на 23 титули во поединечна конкуренција на Гренд слем и четири златни олимписки медали во текот на нејзината кариера заработи повеќе од 600 милиони долари пред даноци.

Според Форбс, нејзиното лично богатство достигна 400 милиони долари, што ја става на врвот на листата на жени кои го стекнале своето богатство првенствено преку спорт.

Само во изминатите 12 месеци, нејзината заработка беше проценета на 40,1 милиони долари, што ѝ го донесе третото место на листата на Форбс на најплатени тенисерки за 2026 година.

Сепак, Серена одамна се откажа од тоа да биде признаена само за нејзините перформанси на теренот и договорите за спонзорство.

Нејзиниот прв инвестициски фонд собра 111 милиони долари во 2022 година, а меѓу компаниите што ги поддржала има 13 кои се проценети на најмалку 1 милијарда долари.

Таа сака да ги промени правилата на инвестициската индустрија

Покрај нејзините финансиски цели, Серена Вилијамс и нејзиниот деловен партнер сакаат да отворат повеќе простор за жените во светот на инвестициите.

Според PitchBook, само еден процент од инвестициите во американски ризичен капитал минатата година завршиле во компании кои немале мажи меѓу нивните основачи.

Серена верува дека се потребни повеќе жени за да одлучуваат за распределбата на инвестицискиот капитал, но нагласува дека нејзината компанија нема да инвестира исклучиво во компании предводени од жени.

Таа покажува особен интерес за здравствената заштита на жените, како и за компаниите што користат вештачка интелигенција за развој на нови производи и услуги.

Во ова ќе ѝ помага Бет Фереира, инвеститор со долгогодишно искуство, која претходно работеше во FirstMark Capital и WME Ventures, а е генерален партнер во Serena Ventures од 2024 година.

Нивната амбиција е да изградат инвестициска компанија која ќе има долгорочна вредност и која нема да зависи само од признанието на познатата тенисерка.

За Серена Вилијамс, која ги помести границите за време на својата спортска кариера, новиот предизвик сега е да постигне сличен импакт во светот на големиот капитал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во „Само Интервју“

„Само Интервју“ утре со Зијадин Села

 Зијадин Села во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер