Цената за закуп на плажа на Охридското Езеро од 90 денари за метар квадратен

Плажите во првата зона и во централното градско подрачје на Охридското Езеро ќе се издаваат на јавно наддавање со почетна цена од 90 денари за метар квадратен. 

Ова денеска на досегашните закупци им го соопшти градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, најавувајќи дека следните денови ќе биде објавен јавниот повик.

Според Стојаноски, постапката ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање, за закуп во времетраење од пет години. Тој појасни дека доколку некоја од понудените плажи не добие закупец во првиот обид, ќе биде објавен и втор и трет обид за издавање, а доколку нема заинтересиран закупец, плажата ќе остане како општо добро.

Што се однесува до плажите пред хотелите што се издаваат по пат на непосредна спогодба, градоначалникот Стојаноски информира дека до сопствениците на сместувачките капацитети ќе биде упатен уште еден повик да се пријават за потпишување спогодба за концесија, а во спротивно согласно легислативата и тие плажи ќе бидат објавени за јавно наддавање. /МИА

Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС

 Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС).

„Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна изјави дека Бошњаците можат да имаат 25 отсто од територијата. Некои го сфатија ова како простор за етнички инциденти“, рече Шмит во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој посочи дека неговиот мандат е да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор и оти за тоа има поддршка од Советот за безбедност.

„Советот за безбедност повеќе пати искажа поддршка за моето работење. Веќе со нетрпение го очекувам мојот извештај следниот месец“, додаде Шмит.

Тој се осврна на излагањето на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која упати сериозни обвинувања против Шмит, наведувајќи дека во него „не се почитуваат фактите и правната рамка на БиХ“.

„Се надевам дека разбирате дека ова не е место за разговор за навреди, ова е место за разговор едни со други. Повикувам на поголема точност, единственото нешто што го гледам е злонамерност“, рече Шмит.

Тој посочи дека како висок претставник мора да биде гарант за постоењето на ентитети, кои се делови од БиХ, која има меѓународен субјективитет, додавајќи дека РС е составен дел на БиХ. /МИА

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

притисни ентер