Царовска: Со иновативно решение обезбедуваме храна за три пати повеќе граѓани во социјален ризик од претходно

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со преставници од Здружението „Сите сити - Ајде Македонија” и Црвен Крст денеска го посети прифатниот пункт за бездомници во Момин поток.

Прифатен центар во кој околу 50 лица изминатиот период добиваат топол оброк преку иновативното решение на „Сите сити - Ајде Македонија”.

Храната е свежо подготвена во Здружението за деца со посебни потреби „Дама- ел”, дел од намирниците се пазарни вишоци, а дел се набавуваат.

„Мене ми е особено драго да зборувам тука денеска бидејќи „Сите сити -Ајде Македонија”, имаат двојно општествено влијание. Од една страна со новиот иновативен модел кој го претставија обезбедуваме храна за три пати повеќе граѓани отколку претходно. Од друга страна, поставуваат пример за развој на социјалното претприемаштво, коешто може да нуди навистина квалитетни услуги за најранливите категории граѓани. На овој начин преку вложување средства и искрена енергија се поттикнуваат позитивни промени во општеството. Токму затоа, ние, како Влада и Министерство ги развиваме социјалните претпријатија од коишто државата ќе има можност да купува услги“, изјави министерката Царовска.

Освен доставување на храна за бездомниците во Момин поток коешто се прави секоја среда изминатиот период „Сите сити –Ајде Македонија” пилотира модел за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп. Исто така, волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица во нивните домови.

Дополнително, од понеделник до петок храната собрана од „Жито леб”, продавници за овошје и зеленчук и други локали се дистрибуира до народната кујна во Ѓорче Петров, каде што се подготвуваат околу 200 оброци.

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер