СветЦарините би можеле да ги поскапат производите на Тему?Евтини облека и производи од Тему и други кинески онлајн продавачи би можеле наскоро да поскапат.Белата куќа го завршува изземањето кое спречува царини за мали пратки од Кина. Овој потег ќе има големо влијание на кинеските онлајн трговци како што се Тему, кои сега се очекува да се соочат со строги давачки по прв пат, што претставува голем удар за нивните бизниси. Претседателот Доналд Трамп во средата прогласи основен данок од 10 отсто на увозот од сите земји и повисоки царини за десетици земји кои имаат трговски суфицит со Соединетите Држави, заканувајќи се да наруши голем дел од архитектурата на глобалната економија и да предизвика пошироки трговски војни, објави АП. Трамп држеше табела додека зборуваше во Белата куќа, покажувајќи дека Соединетите Држави ќе наплатат данок од 34% за увоз од Кина. Наредбата на Трамп од средата изјавува дека Министерството за трговија сега има системи за обработка и собирање приходи за тие увози и дека давачки ќе бидат наплатени за пакети што ќе бидат испратени од 12:01 часот на 2 мај. Трамп првично изјави дека ги наметнал царините за Кина поради, како што вели, нејзината улога во она што тој го нарекува национална криза поради фентанилот кој влегува во САД. Оваа недела наредбата вели дека превозниците на нелегални дроги и нивните состојки „често избегнуваат откривање“ користејќи го правилото „de minimis“, пишува АБЦ нјуз. Кинеската влада претходно ги оспори тврдењата на Трамп за фентанил, објавувајќи извештај во март во кој ги изложи начините на кои вели дека работи за намалување на нелегалната трговија со фентанил. „Царините ќе го загрозат глобалниот економски развој“ Портпаролот на Кинеското министерство за трговија изјави во четвртокот, по објавата на Белата куќа за дополнителни царини од 34% на веќе постоечките 20% царини кои Трамп претходно ги објави, дека царините ќе „го загрозат глобалниот економски развој и стабилноста на синџирот на снабдување“, повикувајќи ги САД „веднаш да ги откажат еднострани царински мерки и правилно да ги решат разликите со своите трговски партнери преку еднаква дијалог“. На објаву висини на царини не реагираше само Кина, туку и останатите светски лидери – повеќе за тоа во текстот овде. „Во духот на хуманоста, Кина му помогна на САД на различни начини. САД не треба да одговараат на доброто со злото или да наметнуваат произволни царини. Ниту една одговорна голема земја не треба да го прави тоа“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на прес-конференција на 7 март, според Асошиетед прес. „Ниту една земја не треба да фантазира дека може да потисне Кина и истовремено да одржува добри односи со неа“, додаде тој.Тагови: САД Тему царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook