Живот„Тему“ обвинет за кршење на законите на ЕУ за заштита на потрошувачите До „Тему“ е испратено барање за усогласување на своите практики со законите за заштита на потрошувачи на Европската Унија. Мрежата за соработка во заштита на потрошувачите (ЦПЦ) и Европската комисија по спроведената координираната истрага на европско ниво, заклучија дека сајтот за онлајн трговија „Тему“ користи голем број на практики со кои ги прекршува правата на потрошувачите на ЕУ. До „Тему“, кој веќе е под истрага на Европската комисија поради продажба на нелегални производи, е испратено барање за усогласување на своите практики со законите за заштита на потрошувачи на Европската Унија. Истрагата заклучи дека „Тему“ користи широк опсег на практики кои може да ги доведат потрошувачите во заблуда или несоодветно да влијаат на нивните одлуки за купување на стоки преку оваа е-продавница. Како конкретни практики со кои се кршат законите на ЕУ се посочени наведувањата да се добие впечаток за намалени цени на одредени производи иако тие всушност не се на попуст, ставањето на потрошувачите под притисок купат одреден производ со лажни тврдења за ограничени количини или рокови, присилувањето на корисниците да играат игра на среќа, изнесување нецелосни и неточни информации за враќање на стоките и добивањето поврат на платените средства, како и оневозможувањето на лесно контактирање со „Тему“ за прашања или поплаки. Дополнително, од „Тему“ се побарани информации околу исполнувањето на обврската за информирање на потрошувачите дали продавачот на одреден стока е трговец, за обезбедување на точна пресметка на наведените попусти, како и за утврдување на веродостојноста на наведените прегледи и оценки и на тврдењата за почитување на еколошките стандарди. Со истрагата против „Тему“ раководеа белгискиот Генерален директорат за економска инспекција, германската Федерална агенција за животна средина и ирската Комисија за конкуренција и заштита на потрошувачите во координација на Европската комисија. „Тему“ има еден месец да одговори на наодите од истрагата, по што врз основа на добиените одговори ќе се донесе одлука за следните чекори, кои може да вклучат и казни. Мрежата ЦПЦ ја сочинуваат институциите за заштита на потрошувачите во 27-те земји членки на ЕУ, Норвешка и Исланд и нејзина задача е да го следи почитувањето на законите на Унијата за заштита на потрошувачите и таа има можност во координација со Еврокомисијата да иницира заеднички истражни и извршни постапки./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook