Реакции на дел од светските лидери за царините воведени од Трамп - Канал 5

Реакции на дел од светските лидери за царините воведени од Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп објави серија нови царини, вклучувајќи основна царина од 10 отсто за сите земји и дополнителни, целни царини за одредени земји со изразен трговски суфицит во однос на САД.

Реакции на дел од светските лидери за царините воведени од Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп објави серија нови царини, вклучувајќи основна царина од 10 отсто за сите земји и дополнителни, целни царини за одредени земји со изразен трговски суфицит во однос на САД, означувајќи го овој потег како „економска независност“ и историски пресврт во американската трговска политика.

Овие мерки, според него, ќе ја зајакнат домашната индустрија и ќе вратат работните места во САД.

Царините од 25 отсто на сите возила произведени надвор од САД стапија во сила утрово, на 5 април (6:01 часот по македонско време) – основна царина од 10 отсто на целиот увоз од сите земји; на 9 април во 6:01 часот по по македонско време – повисоки, реципрочни царински стапки за „најлошите прекршители“.

Реакциите од светските лидери не изостанаа.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе ги нарече новите американски царини „целосно неоправдани“, истакнувајќи дека тие ќе ја променат перцепцијата за односите меѓу САД и Австралија, инаку блиски сојузници. Австралија доби царинска стапка од 10 отсто, а министерката за надворешни работи Пени Вонг предупреди дека овие мерки ќе имаат значително влијание врз стратешки важниот индо-пацифички регион, додавајќи дека Австралија ќе одговори со „сериозност и зрелост“. Сепак, Албанезе нагласи дека Канбера нема да преземе контрамерки, велејќи: „Пријателите не прават вака“.

Ирскиот премиер Михол Мартин изјави дека „не гледа никакво оправдување“ за царините на Трамп и најави дека Ирска, заедно со партнерите во Европската Унија, ќе разгледа како да одговори на пропорционален начин, заштитувајќи ги интересите на европските компании, работници и граѓани. „Судирот никому не користи“, нагласи тој, додавајќи дека Ирска ќе се залага за решенија што ќе ги зајакнат трансатлантските трговски врски.

Британскиот министер за претприемништво и трговија Џонатан Рејнолдс коментираше за царините од 10% на увозот од Обединетото Кралство, велејќи дека владата е фокусирана на преговори за економски договор со САД што ќе ги зачува „чесните и избалансирани“ трговски односи. „САД е нашиот најблизок сојузник“, рече тој, додавајќи дека пристапот треба да остане смирен, но дека „ништо не е исклучено“ и дека владата ќе го брани националниот интерес доколку е потребно. - Никој не сака трговски војни, но имаме алатки и нема да се двоумиме да дејствуваме, предупреди Рејнолдс.

Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер објави на платформата X дека земјата „брзо ќе одлучи за следните чекори“ откако САД воведоа царини од 31 отсто на швајцарската стока, означувајќи ја Швајцарија како еден од „најлошите прекршители“. Во 2024 година, САД извезле стока во Швајцарија во вредност од 25 милијарди долари, додека увезле 63,4 милијарди, создавајќи голем трговски дефицит. Американската администрација во својот годишен извештај ја опиша Швајцарија како протекционистичка земја што користи високи субвенции, увозни рестрикции и царини за да го поддржи својот земјоделски сектор. „Долгорочните економски интереси се приоритет, заедно со почитувањето на меѓународното право и слободната трговија“, напиша Келер-Сутер.

Полскиот премиер Доналд Туск објави на X: „Пријателството значи партнерство. Партнерството значи реални и вистински реципрочни тарифи. Потребни се соодветни одлуки“.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, кој се смета за близок со американскиот претседател Трамп, изјави дека царините наметнати од неговата администрација се „погрешни“ и нема да бидат од корист за САД.

„Ќе направиме се што можеме за да постигнеме договор со САД, со цел да се избегне трговска војна што неизбежно ќе го ослабне Западот во корист на другите светски играчи“, порача Мелони во објава на Фејсбук.

Во секој случај, додаде таа, како и секогаш, ќе дејствуваме во интерес на Италија и нејзината економија, соработувајќи со другите европски партнери. Таа изрази надеж за соработка меѓу Европа и САД за да се избегне ескалација.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека не сакаат постојано зголемување на трговските бариери.

- Не сакаме трговска војна. Сакаме да најдеме начин да се вратиме на патот на трговијата и соработката со САД, за луѓето во нашите земји да уживаат во подобар живот, посочи тој.

Шпанскиот премиер Педро Санчез истакна дека „Шпанија ќе ги заштити своите компании и работници и ќе продолжи да биде посветена на отворен свет“.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен посочи во изјавата дека не може да сфати зошто САД сакаат да започнат трговска војна против Европа.

„Никој не победува, сите губат. Наместо да градиме ѕидови, треба да ги уриваме бариерите. Европа ќе остане обединета. Европа ќе обезбеди силни и пропорционални одговори“, рече тој.

- Американски пријатели, денес не е ден на ослободување - тоа е ден на незадоволство. Тарифите на Доналд Трамп не ја бранат фер трговијата, туку ја напаѓаат од страв и наштетуваат на двете страни од Атлантикот. Европа е обединета, подготвена да ги брани своите интереси и отворена за искрени, цврсти разговори, истакна Манфред Вебер, претседател на најголемата партија во Европскиот парламент - Европската народна партија.

Новиот канадски премиер Марк Карни тврди дека Трамп „зачувал голем број важни елементи“ на комерцијалните односи меѓу Канада и САД.

- Но, тарифите за фентанил сè уште остануваат во сила, како и царините за челик и алуминиум. Ќе се бориме против овие тарифи со контрамерки, ќе ги заштитиме нашите работници и ќе изградиме најсилна економија во Г7, изјави канадскиот премиер..

Карни оцени и дека реципрочните царини на Трамп „суштински ќе го променат меѓународниот трговски систем“.

Министерот за трговија на Нов Зеланд, Тод МекКлеј, изјави дека интересите на Нов Зеланд најдобро ги опслужува свет во кој трговијата тече слободно.

- Билатералните односи на Нов Зеланд со САД остануваат силни. Ќе разговараме со администрацијата за да добиеме дополнителни информации и со нашите извозници за подобро да го разбереме влијанието на оваа најава, рече тој.

Привремениот претседател на Јужна Кореја, Хан Дак-су, истакна дека, со оглед на тоа што глобалната трговска војна стана реалност, владата мора да ги вложи сите свои капацитети за да ја надмине трговската криза.

Тој нареди итни мерки за поддршка за компаниите кои ќе бидат погодени од американските тарифи од 25 отсто, вклучително и за автомобилите, и побара од министерот за индустрија активно да преговара со Вашингтон за да се намали влијанието на тарифите.

Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека бразилската Влада жали за одлуката донесена од северноамериканската влада, која наметнува дополнителни царини до 10 отсто за целиот бразилски извоз.

„Владата ги разгледува сите можни мерки, вклучително и обраќање до Светската трговска организација, за да обезбеди реципроцитет во билатералната трговија и да ги заштити легитимните национални интереси“, се вели во соопштението.

Колумбиската министерка за надворешни работи Лаура Сарабија рече дека размислуваат за мерки за, пред сè, заштита на националната индустрија и извозниците.

Кинеското Министерство за трговија ги повикува САД веднаш да ги отповикаат овие еднострани царински мерки и соодветно да ги решат трговските спорови преку дијалог со своите партнери.

- Кина цврсто се противи на овој потег и ќе преземе решителни контрамерки за да ги заштити своите права и интереси, рече портпаролот.

Претходно, кинеската државна новинска агенција Синхуа објави коментар во кој тарифите ги нарече „самоуништувачко насилство“ и го обвини Трамп дека „трговијата ја претвори во премногу поедноставена игра на одмазда“.

Кина е можеби најтешко погодена од денешната одлука на Трамп, бидејќи е воведена дополнителна царина од 34 отсто за сите кинески стоки - покрај постојните 20 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер