Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот.

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група.

- Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат, не знам од кај го вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна група, сме се договориле и сега повторно ги повикувам тие, ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии го зборуваат е нивно мислење и не можеме да го стопираме или негираме, рече претседателката Цаца Николовска, во гостувањето во емисијата „Утрински печат“

На јавноста, нагласи Цаца Николовска, треба да и биде јасно дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

- Македонскиот идентитет преку јазикот, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување, не е во ред. Не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран, нагласи Цаца Николовска.

Поранешната уставна судијка посочи дека во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно во самата Преамбула, каде делот „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ...“ би се проширил со набројување на делови на други народи.

Цаца Николовска нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани, зошто таква е процедурата на промена во Уставот, а што тие ќе содржат е друго прашање.

Најмладата милијардерка, Елизабет Холмс заврши во затвор

Основачката на Теранос, Елизабет Холмс, се пријавила да ја отслужува 11-годишната затворска казна, јавуваат американските медиуми.

Холмс беше осудена на 11 години и три месеци затвор за измама на инвеститорите кои инвестирале во нејзиниот стартап за тестирање на крвта, чија вредност некогаш се проценуваше на 9 милијарди долари.

Таа беше осудена во јануари за три точки за измама преку интернет и една точка за заговор, откако поротата откри дека криминално ги измамила инвеститорите со лажно тврдење дека технологијата за тестирање на крвта на нејзината компанија може да дијагностицира различни болести откако земала примероци од само неколку капки крв. .

Во последната пресуда, американскиот окружен судија Едвард Давила и нареди на Холмс да плати 452 милиони долари како отштета на жртвите. Тој препорача Холмс да ја отслужи казната во женски затвор во Брајан, Тексас, пишува „Fox Business“. Судот го прифати тој предлог.

Елизабет Холмс, најмладата милијардерка, беше поздравена од медиумите како една од успешните приказни на Силиконската долина, нарекувајќи ја жена Стив Џобс, но следеа обвинувања за измама, по што вредноста на Теранос падна од 9 милијарди долари на многу помала сума. Холмс набрзо поднесе оставка и му ја препушти директорската позиција на Дејвид Тејлор, поранешниот генерален советник на компанијата.

Од почетокот на 2003 година, кога ја основаше фармацевтската компанија Теранос, преку врвот во 2014 година, кога Форбс ја прогласи за најмлада милијардерка, до последниот пад на имиџот на Холмс во јавноста, таа претрпе трансформација од млада претприемачка надеж во подем до измамник кој ги злоупотребува своите вработени.

Извор: Индекс.хр

Вештачката интелигенција би можела да доведе до изумирање на човештвото?

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година.

Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото, предупредија експерти, вклучително и директорите на истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција „ОпенАИ“ (OpenAI) и „Гугл дипмајнд“ (Google Deepmind), додека десетици други ја поддржаа изјавата објавена на веб-страницата на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.

Во изјавата се наведува дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна. Додека друуги експерти тврдат дека стравовите се претерани.

Таа изјава беше поддржана од извршните директори на производителот на „ЧетГПТ ОпенАИ“, Сем Алтман, на „Гугл Дипмајнд“, Демис Хашабис и на „Антропик“ (Antropic), Дарио Амодеи.

Додека за професорот од Њујоршкиот универзитет Ијан ЛеКун, кој заедно со Хинтон Бенџо важат за „кумови на вештачката интелигенција“, таквите апокалиптични предупредувања се претерани.

Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравувањата дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото се нереални и го одвлекуваат вниманието од прашања како што е пристрасноста во системите, кои веќе се проблем.

Компјутерски научник од Универзитетот Принстон, Арвинд Нарајанан претходно изјави дека сценаријата за катастрофа слични на научна фантастика се нереални.

- Сегашната вештачка интелигенција не е ниту блиску до доволно способна да ги материјализира овие ризици. Како резултат на тоа, се свртува внимаието од краткорочните штети од вештачката интелигенција, посочи Нарајанан.

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на Тесла, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија за вештачка интелигенција.

Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да не заменат“.

Вознемирувачко видео: Девојка убиена во Индија. Таткото: Луѓето снимаа наместо да и помогнат

Девојка (16) во неделата беше брутално избодена и претепана до смрт на прометна улица во главниот град на Индија, Њу Делхи, што предизвика нов бес поради безбедноста на жените во земјата и насилството извршено од мажи.

На снимката од инцидентот, кој трае повеќе од една минута и е снимен со безбедносна камера, се гледаат повеќе луѓе како одат во близина додека напаѓачот постојано ја удира жртвата. Прикажан е само еден маж кој се обидува да го тргне напаѓачот од жртвата пред брзо да се повлече.

Видеото може да биде вознемирувачко за некои читатели!

Телото на жртвата е пронајдено во неделата вечерта во областа Шахбад Даири во северниот дел на населбата Рохини, каде што се случил инцидентот, пишува Си-Ен-Ен. Вчера попладне индиската полиција соопшти дека уапсила маж осомничен за убиство.

Станува збор за механичар кој бил приведен во Буландшахр, во соседната држава Утар Прадеш, изјави за новинарите Рави Кумар Синг, заменик началник на полицијата.

"Ја видов ќерка ми како лежи на земја со лицето на земја. Нејзините органи излегоа, а главата и беше смачкана. Лежеше безживотно. Немаше смисла да ја однесам во болница", рекол таткото на девојчето во интервјуто за Си-Ен-Ен.

"Лут сум што никој не и помогна на ќерка ми. Да и помогнаа, денес ќе беше жива. Слушнав и дека случајните минувачи биле зафатени со снимањето на инцидентот. Дури и да врескаа, тоа ќе и помогнеше на ќерка ми", заклучил таткото.

притисни ентер