Бушати: Договорот на Македонија и Грција значаен не само за двете земји, туку за целиот регион

Министерот за надворешни работи на Република Албанија побара поддршка од македонските граѓани за договорот со Грција и претстојниот референдум, бидејќи, според него, тој не е значаен само за Македонија и Грција, туку за целиот регион. 

- Сакам да ги повикам сите граѓани на Република Македонија без разлика на етничката, идеолошката и културна припадност да го поддржат овој процес бидејќи тој е историски значаен не само за Скопје и Атина, туку и за стабилноста, безбедноста и демократијата во нашиот регион, рече шефот на албанската дипломатија по денешната средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На таков начин, додаде Бушати, ќе се потврди и евроатлантската определба на вашата земја.

Вицепремиерот Османи истакна дека од Албанија очекува поддршка во однос на членството на Македонија во НАТО и изрази надеж дека таа ќе биде една од првите земји што после неговото потпишување ќе го ратификува протоколот во албанскиот Парламент.

На средбата со Бушати се разговараше и за процесот на евроинтеграциите при што констатирале дека двете држави се на исто ниво на патот кон ЕУ, со прецизна рамка за започнување преговори во јуни, започнување скрининг процес овој месец. Тоа, заклучиле, ќе има даде можност на двете земји за размена на искуства и знаење во натамошното приближување кон ЕУ.

- Република Македонија и Република Албанија немаат отворени прашања. Имаме одлични билатерални односи, но постои можност и потенцијал за продлабочување на оваа соработка, како на политичко така и на економско ниво, рече Османи.

Вицепремиерот Османи информира дека со Бушати разговарале и за иницијативата за трилатералната соработка за прогласување на регионот Преспа како за заштитена зона со нови иницијативи и нови гранични премини кои ќе го развијат и туризмот, но и економијата генерално во тој регион.

Албанскиот министер за надворешни работи најави дека се работи на подготовки за одржување нова заедничка седница на владите на Македонија и Албанија во Скопје. На неа, рече, ќе биде ставен појасен фокус за развој на регионите близу границите, на можноста за подобро менаџирање на граничните премини за да се овозможи поголема раздвиженост на граѓаните.

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. 

На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа.

Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд карта. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 231.то место остварен на 15.јаниари 2024 година.

Ова е втор настап на Грен слем турнир оваа година за Ѓорческа откако претходно беше дел од квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.

Нашата тенисерка веќе неколку дена се наоѓа во Париз и тренира на терените на Ролан Гарос.

Мечот Ѓорческа – Рувруа ќе се игра во вторник. /МИА

Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Неколку стотици луѓе денеска се собраа во главниот град на Тунис во знак на поддршка на претседателот Каис Сајед, по неодамнешните апсења на новинари, адвокати и други дисиденти и јавни личности.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата во Тунис. Пред неколку дена Обединети нации и Европска Унија бран апсења го оценија како незаконски, но Сајед секоја меѓународна критика ја нарече „мешање од странство“ и му нареди на Министерството за надворешни работи да ги покани на разговор амбасадорите на неколку земји.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со натпис „Нема странско мешање, бидејќи ние сме суверена држава“.

Туниското граѓанско општество го осуди неодамнешното задушување на владините критичари додека земјата се подготвува за претседателските избори оваа есен.

Изминатите денови беа уапсени неколку експерти, новинари, адвокати и претставници на граѓанското општество. Покрај тоа, околу 40 личности, меѓу кои и осум политички противници на Сајед, поранешни министри и бизнисмени, беа приведени како дел од истрагата за „заговор против државната безбедност“./МИА

Одиграни мечевите од првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

На терените на ТК Југ во Градски парк, денеска стартуваа мечевите на годинашново издание на „ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2024“. Во првото квалификациско коло настапија и четири македонски тенисери, кои се елиминирани. 

Најискусниот играч на турнирот македонскиот тенисер Димитар Грабул одигра меч против младиот хравтски тенисер Лука Микрут од кого загуби со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Мечот траеше 88 минути, притоа дури осум гема беа решени на разлика, а во вкупниот број поени биланост беше 77:65 за Микрут, а само еден гем заврши на „0“ и го освои Грабул.

Неизвесен прв сет одигра и Берк Бугариќ, против Жером Ким од Швајцарија, откако ривалот поведе со 5:2 во гемови Бугариќ успеа да изедначи на 5:5, а потоа двата гема ги освои Ким, кој беше сигурен во вториот сет и го освои без загубен гем. Буграиќ загуби со 2-0 во сетови (7:5 и 6:0).

Шендрите Деари го загуби мечот од Лука Павловиќ од Франција со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), притоа неговиот ривал ги искористи можностите и го доби мечот.

Четвртиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше младиот Амар Хусеиновиќ, кој загуби од Константин Битон Козмин од Франција со 2-0 во сетови (6:0 и 6:1)./МИА

притисни ентер