Бугарија прифаќа да го користи краткото име

Бугарија веќе нема да го проблематизира краткото име на државата и за тоа веќе се информирани Обединетите нации. 

Ова денеска на заедничката прес конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков го соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Во овој момент бугарскиот премиер е на прием кај претседателот Стево Пендаровски. Таму е Јана Јосифоска.

Јана согласноста од Софија да го употребува краткото име на Македонија е една од петте точки за кои во моментов се преговара.

Што е со останатите?

Напредокот на дијалогот меѓу Скопје и Софија со внимание се следи и во Вашингтон, кои се последните пораки одтаму?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска повика на прекин на огнот во Либан и Газа, неколку дена откако Техеран истрела над 280 балистички ракети кон Израел, јави ДПА.

При посетата на сирискиот главен град Дамаск, Арагчи го опиша прекинот на огнот како „најитното прашање“, пренесе ИРНА.

Шефот на дипломатијата рече дека Израел е главната пречка за мирот и ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на израелските „воени злосторства“ за да се постигне мирот во регионот.

Израел се закани дека ќе возврати по ракетните напади на Техеран, а една од можните цели се нападите врз иранските нуклеарни постројки, пренесува ДПА./МИА

Директорот на Наполи: Разговараме со Кварацхелија за нов договор

Спортскиот директор на Наполи Џовани Мана информира дека клубот е во преговори со напаѓачот Квича Кварацхелија за продолжување на неговиот договор.

- Комуницираме за нов договор. Не брзаме и не сме под притисок. Фудбалерот има уште три години од актуелниот договор. Смирени сме и преговараме, го цитира Мана на социјалната мрежа Икс инсајдер Фабрицио Романо.

На 1 октомври беше објавено дека клубот му нуди на 23-годишниот Грузиец плата од шест милиони евра годишно за продолжување на договорот.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Во тековната сезона постигна три гола и две асистенции на девет натпревари за тимот од Неапол.

Актуелниот договор на Грузиецот со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Сегашната плата на Кварацхелија изнесува 4,6 милиони евра годишно./МИА

Катами: Хезболах е подготвен за израелско копнено напредување

 Заменик-лидерот на политичкиот совет на либанската милитантна група Хезболах, Махмуд Катами, изјави дека групата е подготвена за израелско копнено напредување.

-Хезболах ги спречи израелските сили да се инфилтрираат на либанска територија, изјави Катами за Ал Џезира.

Според него, ракетите на Хезболах достигнале дострел од 150 километри со задржување на брзината на лансирање.

-Секоја територија што Израел ќе се обиде да ја преземе ќе се претвори во гробишта за неговите војници и тенкови, посочи тој.

Катами додаде дека шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, вчера се сретнал со раководството на Хезболах и изјавил дека Техеран стои со Либан.

-Хезболах делува на бојното поле и нема да влегува во преговори додека е под оган, нагласи тој.

Катами рече дека Израел е тој што го отфрла прекинот на огнот и дека Израел и изралскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не сакаат да ја прекинат војната.

По неколкудневни тешки воздушни напади врз Бејрут и низ јужен Либан, Израел на 1 октомври објави дека неговата војска започнала „ограничени, локализирани и насочени копнени напади“ против Хезболах.

Целта на израелската Влада е обезбедување услови за безбедно враќање на жителите од пограничните области, што беа раселени по нападите на Хезболах./МИА

притисни ентер