Брус Вилис прв пат по половина година се појави во јавноста, откако му дијагностицираа афазија - Канал 5

Брус Вилис прв пат по половина година се појави во јавноста, откако му дијагностицираа афазија

Актерската легенда Брус Вилис сподели со светската јавност дека се бори со афазија, болест која му ја одзема моќта на говор и поради оваа причина се повлече од Холивуд.

Брус Вилис прв пат по половина година се појави во јавноста, откако му дијагностицираа афазија

Оваа вест ги загрижи сите негови обожаватели, кои не можеа да поверуваат дека можеби нема да го видат во некоја нова улога на екранот.

Од моментот кога дознал за дијагнозата, со него е целото семејство, но и неговата поранешна сопруга Деми Мур со која има одлични односи. Одвреме-навреме споделуваа одредени семејни моменти, но сега папараците за прв пат го фатија Вилис како се шета сам на јавно место.

Имено, актерот бил на кафе, а потоа се прошета, изгледајќи многу опуштено. А коментарите за неговиот изглед се феноменални, еден од најчестите е дека ретко кој би му дал 67 години.

Нема да се откаже, холивудскиот шармер храбро се справува со афазијата, која не само што му ја одзеде способноста за комуникација, туку и способноста да ја работи работата што ја сака. Затоа љубителите на креативноста на Брус се надеваат дека повторно ќе имаат можност да уживаат во акциите на еден од најпопуларните актери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 12.08.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал

Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“.

Има само еден мал проблем: таква изјава нема.

Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС:

Објавете ја снимката.

Не медиумски наслов.

Не партиска интерпретација.

Не туѓо прераскажување.

Снимката.

Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело.

Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт.

Во демократијата имаме право на сопствено мислење.

Немаме право на сопствени факти.

А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“.

Сите го гледаат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение за злоупотреби во АД “Државна лотарија”

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

Поднесено обвинение за злоупотреби во АД “Државна лотарија”

Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија во значителна вредност од 507.632.173 денари.

Тие биле свесни дека Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија-КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото.

И покрај тоа, првиот обвинет генерален директор и претседател на Управниот одбор на “Државна лотарија” на 09.05.2023 година, до третиот обвинет – Генерален секретар на Владата на РМ доставил Информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување на електронските игри на среќа. Во информацијата со предлог заклучоци навел дека вредноста на набавката изнесува 42% од сметководствената вредност на имотот на друштвото, определена врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото и како таква ќе претставува голема зделка, а нејзиното одобрување е во надлежност на надзорниот одбор на друштвото.

Генералниот секретар на 06.06.2023 година ја предложил оваа информација како дополнување на точка на дневен ред на владина седница, со што постапил спротивно на чл.119 ст.2 од Деловникот за работа на Влада на РМ и не ја вратил информацијата до подносителот односно не ја препратил до надлежниот орган.

Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво.

Доставената информација била усвоена и Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија било задолжено да ги преземе потребните активности за започнување на самостојно приредување на електронски игри на среќа и спроведување на јавна набавка на видеолотариски терминали.

Останатите обвинети, претседател и членови на Надзорниот одбор, иако знаеле дека законската процедура не е испочитувана, донеле одлука со која го одобриле отпочнувањето на постапката за јавна набавка на видеолотариски терминали за приредување електронски игри на среќа како голема зделка. Јавната набавка се реализирала и биле преземени обврски за исплата со кои на АД Државна лотарија била нанесена штета во наведениот износ.

Имајќи предвид дека првиот обвинет сè уште е недостапен на органите на прогон, односно тој е во бегство, не е пронајден и лишен од слобода речиси една година, јавниот обвинител за него побара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена.

За вториот обвинет предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во Судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер