30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск - Канал 5

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина.

Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата

„Здравиот тука да дојде ќе се разболи, а не болниот од вакво чекање“...Вака со една реченица пациентите кои се борат со канцер и нивните блиски ја објаснуваат состојбата на Онкологија.

Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата

Некои од пациентите што живеат во другите градови ширум Македонија трошат по 100 евра за превоз на едно доаѓање, а во болница за да примат терапија минуваат и по 8 до 9 часа.

Гужвата на Онкологија е само една од маките на пациентите чиј број од година во година се зголемува, па само лани на оваа Клиника има регистрирано 5300 новодијагностирани за разлика од претходната година.

Граѓаните велат дека недозволиво е за пет-скен да се чека речиси половина година, снимање за кое дел од нив на приватно плаќаат по околу 1200 евра, а истото е неоходно и клучно за да се види дали карциномот се шири или е локализиран.

Уште погорлив проблем е тоа што неретко се случува, дел од пациентите да минат долг пат и неколку часа да чекаат на ред само за на шалтер да им кажат дека за џабе доаѓале бидејќи нема терапија. Дел од пациентите што ги затекнавме пред Клиниката зад камерата ни кажаа дека ова им се случило денес. Патувале до Скопје од Струга и од Куманово но за нив немало од хормоналната терапија Золадекс која се користи за одредени видови на карцином, со цел да се намали влијанието на хормоните врз растот на туморот.

Директорот на Клиниката Игор Стојковски вели дека како установа немаат вина што некогаш се случува да нема терапија посочувајќи дека доцнат добавувачите, а најави дека работат на план лекови да се набавуваат за три години однапред.

Надлежните велат дека децентрализацијата е започната со консултативни прегледи во Градската болница „Осми септември“ и во Битола, но најавите со години се дека онколошки центри кои ќе бидат опремени и функционални ќе има и во Тетово и Штип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината.

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината, но и потврда дека јавните финансии ги управуваме одговорно и со јасни приоритети. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција на којашто го претстави Предлогот за измени и дополнување на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен вчера од Владата.

„Во изминатиот период глобалната криза донесе нови предизвици, особено преку растот на цените на енергенсите и зголемените ценовни притисоци.

Кога во јуни го подготвувавме првиот ребаланс, проценките беа дека состојбата на меѓународните пазари постепено ќе се стабилизира. Во меѓувреме, за жал, се случи спротивното. Геополитичката криза се продлабочи, цените на енергенсите продолжија да растат, а Владата реагираше со конкретни мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните и економијата. Потврда дека мерките се наврeмени и добро одмерени е тоа што инфлацијата е стабилизирана што значи дека нема прелевање на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“, рече министерката.

Таа додаде дека намалувањето на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти имаат една јасна цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и да се помогнат на компаниите полесно да се справат со ценовниот шок, но дека тие мерки имаа директен ефект и врз буџетските приходи. Тоа, според министерката, е причината за вториот ребаланс со цел да се усогласат приходите и расходите со реланите економски текови и да се обезбеди стабилно функционирање на Буџетот до крајот на годината.

„Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста на Буџетот. Тој е одговор на променетите економски услови, со непроменет приоритет – заштита на граѓаните, исполнување на законските обврски, одржување на економската активност и фискална дисциплина“, потенцира Димитриеска-Кочоска.

Претставувајќи ги измените рече дека вкупните приходи се на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. При тоа напомена дека намалувањете во најголем дел е резултат на променетите услови на пазарот на енергенси и мерките што ги презедовме за заштита на граѓаните и економијата.

„Остварувањето на приходите во текот на годината покажува позитивна динамика. Кај даночните приходи, со ребалансот е направена умерена корекција од 213,3 на 209,8 милијарди денари, односно намалување од 1,6 %. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените на нафтените деривати врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за Буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата“, рече министерката.

Со Ребалансот кај неданочните приходи и донации, се предвидува намалување за околу 2 милијарди денари, додека кај останатите даночни приходи – данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ-то и царинските приходи очекувањата остануваат стабилни и во рамки на планираните износи.

Министерката потенцира дека на расходната страна со Ребалансот се пристапува одговорно и дисциплинирано. Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милјарди денари во однос на претходните проекции. При тоа намалувања има во ставките за стоки и услуги и субвенции, како резултат на дисциплинирано и поефикасно трошење. Дополнителни средства се обезбедени за најранливите категории граѓани и за здравствените услуги.

„Ги намалуваме расходите таму каде што реализацијата е послаба или каде што не станува збор за највисоки приоритети. Но, не штедиме на она што е најважно.

Обезбедуваме средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги“, рече министерката за финансии.

За капиталните расходи, посочи дека се прави корекција од околу 5,7 милијарди денари, пред сè поради пролонгирање на динамиката на реализација на одредени капитални проекти, но дека тоа не значи откажување од капиталните инвестиции.Продолжуваат вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Особено важно, наведе министерката, е што продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво, како дел од политиката за рамномерен регионален развој.

Со Ребалансот на Буџетот, како што рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата, проекцијата за економскиот раст останува непроменет на 3,5%, како и нивото на буџетскиот дефицит којшто се задржува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“

Три стана во сопственост на Артан Груби и неговото најблиско семејство, проценети на околу 335 илјади евра, се понудени како гаранција за да му биде вратен пасошот.

Продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“

Неговиот адвокат не откри за што конкретно му е потребен пасошот, но вели дека гаранцијата е посилна мерка за обезбедување од одземањето на патната исправа. Куќниот притвор на Груби истекува на 13 октомври. Од Кривичниот суд и од Јавното обвинителство денеска нема одговор дали е доставено мислењето за понудената гаранција, ниту кога би можела да се очекува одлука на Кривичниот совет.

-Не можам да одговорам зошто му треба пасошот. Гаранцијата е појака мерка на претпазливост од одземена патна исправа. Куќниот притвор истекува на 13 октомври, легитимно право на обвинетиот е преку одбраната што поднесе такво нешто, гаранцијата во секој случај е појака мерка за обезбедување. Недвижен имот на обвинетиот Артан и на најблиското семејство. Три стана,- изјави – Гоце Ристески – Адвокат.

Во меѓувреме, на денешното рочиште продолжи сведочењето во предметот „Државна лотарија“. Сведокот пред судот објаснуваше како се одвивала јавната набавка на ВЛТ терминалите, за кои потврди дека биле набавени, но никогаш не биле ставени во употреба.

-Тие никогаш не беа ставени во употреба за потребите на Државна лотарија. Од страна на надлежниот сектор беа доставувани барања до УЈП и до Министерството за финансии, меѓутоа имајќи предвид дека апаратите се наоѓаат во магацините на Државна лотарија, и не се ставени во употреба, не можам да кажам во кој дел сме добиле позитивни или негативни решенија за пуштање во употреба,- -Александар Андонов – Сведок.

Одбраната на Груби смета дека неговиот исказ оди во прилог на нивната теорија на случајот. Според адвокатот Ристески, сведокот потврдил дека Груби немал инволвираност ниту во јавната набавка, ниту во работењето на Државна лотарија. Судењето за овој случај продолжува на 20 октомври а паралелно се води и нова истрага.

Во неа се опфатени две финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени за проневера на речиси 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра. За едната е скопскиот Кривиче суд определи притвор, а за другата куќен притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер