Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале
2Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале
Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
2Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
МакедонијаПарите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко-сведочеше мајката на судијата Ристов Парите најдени заѕидани во ѕид во домот на родителите на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов не биле негови, туку заштеда на неговите родители која ја стекнале работејќи уште од уште од седумдесеттите години на минатиот век. Вака денеска пред судот сведочеше Донка Ристова, мајка на судијата Ристов, која пред судот рече дека секој спечален денар го ставала во дупката од ѕидот зад шпоретот, каде наводно таа и сопругот ги чувале парите. Ристова рече дека нејзиниот син не само што немал контакт за парите, туку воопшто не ни знаел за нив. -Тоа е во горната кујна, позади шпоретот. Плочката беше залепена само на 4 места за да падне, за да се отвора. Од 1975 година си ја направивме куќата и сeкоја паричка што ќе ми остане си ја ставав таму. Парите се од земјоделие - продававме бостан, пиперки кајсии, а потоа имавме и лојзе и имавме голема добивка од лозјето. Никој не знаеше за парите, ниту децата,- – Донка Ристова, мајка на обвинетиот судија Ѓоко Ристов. Во судницата потоа се појави и таткото на Ристов чие сведочење одеше во линија на неговата мајка – парите ги чувале дома затоа што не верувале во банки, а Ѓоко Ристов немал контакт со парите. За обвинителството пак ваквите сведочења не се целосно релевантни бидејќи доаѓаат од неговите родители, но и бидејќи вештачењето покажало дека директен контакт со парите имал и самиот Ѓоко Ристов, а не само родителите. – Така низ една итерпејовска ќе си дозволам естетика, зборуваа и сведочеа за настани и за факти, но тие исти не наоѓаат никаква поткрепа во останатите докази и материјали, сите други обезбедени. Но, повторувам тоа се родители, таму маргината на веродостојност и емоција е јасна, станува збор за родители и дете,- изјави тонско Искра Хаџивасилева, обвинителка. Покрај родителите на Ристов, пред судот денеска се појави и крим техничар кој бил присутен за време на еден од двата претреси во домот на Ристови, а кој сведочеше дека не е сигурен колку луѓе биле во домот за време на претресот и дали сите носеле заштитна опрема. За одбраната, токму ова сведочење укажува на тоа дека се случило конфузија со трагите од ДНК, земени за време на самиот претрес. – Вас денес ви кажа крим техничарот дека заштитна опрема не носеле, дека не се земени брисеви и траги како контролно обезбедување за контаминација на трагите. Ви кажаа дека на 29.12 Ѓоко Ристов бил присутен и помагал при тогашниот претрес и оставал траги, па нашите вештаци ќе ви објаснат зошто нема едни траги, зошто има други траги.... изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на обвинетиот судија Ѓоко Ристов. Следното рочиште со испитување на нови сведоци на одбраната ќе продолжи на 22 октомври. Сега веќе суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов седна на обвинителната клупа откако во јануари годинава во два претреси во домот на неговите родители беа пронајдени 350.000 евра, сокриени и соѕидани во ѕид. Против него има обвинение за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење на пари, а на почетокот од ова судење Ристов не призна вина и рече дека ќе докажува оти парите се на неговото семејство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветПутин му беше домаќин на африкански претседател, висок 204 сантиметри- сите му се смеат (ФОТО)Фотографијата од рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо, привлече внимание на социјалните мрежи поради големата разлика во нивната висина.Двајцата лидери се сретнаа во вторник во Москва, каде што Русија беше домаќин на осмиот самит на Форумот на земјите извознички на гас (GECF). Речиси 35 сантиметри разлика Даниел Чапо, според медиумските извештаи, е висок 204 сантиметри, додека висината на Путин се проценува на околу 170 сантиметри. Разликата меѓу двајцата е речиси 35 сантиметри, што е особено впечатливо на заедничките фотографии. На фотографијата, Чапо стои до Путин и, поради неговата висина, значително се извишува над рускиот претседател, па токму оваа сцена го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Шеги на X Социјалната мрежа X беше преплавена со коментари за висината на Путин, а имаше и неколку добри шеги. „Гуливеровите патувања во Москва“ и „Не пропуштајте го фактот дека овој хобит дури носи и штикли“, напишаа корисниците на X. 😄 A blow from an unexpected quarter! Mozambique's president has made Putin a laughingstock The African leader posted a photo on social media from the so-called Gas Exporting Countries Forum (GECF). As we all know, the Russian dictator is self-conscious about his height, and photos like this are a rare sight in his official photo collection. Wonder if the photographer is still alive? — NEXTA (@nexta_tv) October 28, 2026 „Џуџе“ и „Џуџе во високи потпетици“, се некои од коментарите.Тагови: Владимир Путин претседател Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРоналдо е најдобрата „Златна топка“ на сите времиња, Меси е втор Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја освои наградата за најдобрата Златна топка во историјата - BOAT, како што одлучи гласањето на навивачите на веб-страницата.По гласањето за најдобар играч во светот за 2026 година, каде што наградата ја освои Хари Кејн, играч на Баерн Минхен и капитен на репрезентацијата на Англија, беше доделена наградата за најдобрата „Златна топка“ во историјата. Тука се избрани сите добитници на Златната топка откако е доделена оваа најважна индивидуална награда. Роналдо ја освои Златната топка вкупно пет пати, а онаа ја освои во 2008 година, кога играше за Манчестер Јунајтед, со кого ја освои Лигата на шампионите таа година и имаше неверојатна сезона, по што се пресели во Реал Мадрид во најголемиот трансфер на сите времиња во тоа време, првиот што надмина 100.000.000 евра. Второто место го освои Лионел Меси со Златната топка во 2012 година. Колку се доминантни Роналдо и Меси над другите фудбалери во историјата, покажува фактот дека секој од нив ги освоил првите 12 места, секој за различна сезона. Првиот фудбалер и добитник на Златната топка што се нашол на листата, а не е Роналдо или Меси, е Роналдо Назарио, кој е на 13-то место за 2002 година. Потоа тука се Кевин Киган во 1979 година, Јохан Кројф во 1974 година, Мишел Платини во 1984 година, Франц Бекенбауер во 1976 година...Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЕвропаФилмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегалеДрама утрово во центарот на Виена! Банда вандали провали во позната луксузна златарница на улицата Грабен. Во раните утрински часови, сторителите удрија со теренец „Лексус“ во излогот на продавницата и насилно влегоа внатре. Излогот беше целосно уништен во бруталниот напад Сторителите потоа украдоа накит. Вредноста на украдените предмети сè уште не е позната. Сепак, станува збор за една од најскапите златарници во Виена, каде што ѓерданите вредни до 175.000 евра не се невообичаени, пишува весникот „Хојте“. Местото на злосторството беше целосно уништено. Тешко оштетениот теренец остана заглавен во скршениот излог на златарницата по провалата. Полицијата пристигна во голем број, го блокираше просторот и го обезбеди местото на злосторството. Истрагата е во тек. Luxus-Juwelier Wien: Spektakulärer Einbruch am Graben. Rammbock-Bande flüchtet nach Crash mit Lexus-SUV. Polizei ermittelt aktuell. https://t.co/oXXPmjg8Uc https://t.co/kqoOiAEhtZ — heute.at (@Heute_at) October 28, 2026 Сè уште не е познато колку сторители учествувале во спектакуларната провала, ниту во кој правец избегале со пленот. Информации за висината на материјалната штета исто така сè уште не се достапни.Тагови: Виена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook