Бритни Спирс позира гола, фановите тврдат дека нешто не е во ред (ФОТО) - Канал 5

Бритни Спирс позира гола, фановите тврдат дека нешто не е во ред (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс објави гола фотографија на Инстаграм. На неа позира со свртен грб и јасно е дека не носи облека.

Бритни Спирс позира гола, фановите тврдат дека нешто не е во ред (ФОТО)

Дел од нејзините обожаватели се убедени дека Бритни ја нема на таа фотографија, иако изгледа како неа поради бојата на косата.

Некои пишуваат „ free Britney “, што е името на движењето што го започнаа обожавателите кои јавно се борат за нејзино ослободување, додека други изразуваат сомнеж дека на објавената фотографија е снимена пејачката.

„Знаеме дека не сте вие“, „Каде се нејзините тетоважи на оваа фотографија?“, „Луѓе, знаете дека не е Бритни, нели?“, „Каде е тетоважата со самовила?“, „Нешто не е во ред со оваа фотографија. ", се само некои од коментарите на следбениците.

Инаку, Бритни има две тетоважи на грбот - мала вила на дното на 'рбетот и хебрејски симбол на задниот дел од главата.

Другите следбеници заклучиле дека е можно едната тетоважа да е избришана од фотографијата, додека другата да е покриена со косата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на  Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп.

Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“..

Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва.

Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив

Американски воени авиони кои се ангажирани во операциите на Блискиот Исток ги користат македонските аеродроми, открива премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за американскиот „Брајтбарт Њуз“...

Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив

Мицкоски ваквата соработка ја става во поширокиот контекст на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Вашингтон.

„Американското воено воздухопловство ги користи нашите аеродроми, така што секој ден авиони на американското воено воздухопловство слетуваат и полетуваат од нашите аеродроми. Некои од нив ги користат нашите аеродроми за паркирање, за малку одмор, а потоа повторно заминуваат кон заливот. Имаме отворено небо за американските авиони, за воените авиони, и горди сме и стоиме на располагање да обезбедиме таква поддршка за американското воено воздухопловство“, вели Мицкоски и додава дека кога на САД им била потребна поддршка од сојузниците, Македонија „не се криела во толпата“, туку застанала на американска страна и кога тоа носело политичка цена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион

Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион

Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион

Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба.

Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште, како и со отстранување на преостанатите гранки и отпад од локацијата.

Целта на активноста е просторот повторно целосно да ја добие својата првична намена - безбедно, чисто и уредено место за игра и престој на најмладите, но и преку заеднички акции да се подигне јавната свест за значењето на чистата животна средина и одговорното однесување кон јавните површини.

Во денешната акција се вклучија и претставници и активисти од ЈЗУ Геријатрија, ООУ „Ѓорче Петров“, компаниите „Троцкенбауер“ и „Вардар Градба“, Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како и вработени во општинската администрација.

Дополнително, во текот на месец октомври на оваа локација ќе бидат засадени и нови садници, обезбедени како донација од Центарот за климатски промени во вредност од 9.000 денари, со што просторот ќе биде збогатен со ново зеленило.

Ваквите заеднички активности ќе продолжат и во иднина, со цел уредување на јавните површини, создавање поквалитетна животна средина и поголемо вклучување на заедницата во грижата за просторот во кој живее.

Денешната активност се спроведува во рамки на проектот „Младите и жените - двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини“ (WeLEADRural), како дел од BOOST Balkans, поддржан од ALDA - European Association for Local Democracy и ALDA Balkans, преку AFD - Agence Française de Développement.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер