Шоу бизБритни сака да биде мајка , татко и со децидна забрана Сагата за Бритни Спирс последните денови повторно ги исполнува колоните на светските медиуми.Тој нов бран интерес е поврзан со обид на 38-годишната поп принцеза пред судот во Калифорнија да се ослободи од туторството на нејзиниот татко. Имено, Бритни сепак сака да се ослободи од старателството од нејзиниот татко Џејми, кој е задолжен за нејзината кариера, финансиите и сите одлуки во врска со нејзиниот живот, веќе дванаесет години откако sвездата доживеа нервен слом. Бритни сега сака повторно да се ослободи од него затоа што сака повторно да стане мајка. Пејачката веќе има две деца, синовите Шон (14) и Џејден (13), со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, со кого се разведе во 2007 година по три години брак. Но, сега Бритни, со своето младо момче, тренерот Сем Асгари (26), би сакала да основа семејство и да има уште едно дете. Таа желба ја образложи минатата недела на судот во Калифорнија, затоа што нејзиниот татко, меѓу другото, остро се спротивставува на тоа повторно да стане мајка. - Таа отсекогаш сакала големо семејство и сака да биде независна. Тој сака да донесе уште повеќе одлуки за нејзиниот живот. Таа се држи до нејзината кариера, но улогата на мајка е најважната работа во нејзиниот живот и таа сака да има бебе со мажот што го сака - велат извори блиски до пејачката, која се обиде да се ослободи од „притисокот“ на нејзиниот татко минатата недела. Бидејќи, наводно, нејзиниот татко не и дозволува да го напушти домот, да вози автомобил и слично, додека, неверојатно, сепак и е дозволено да работи и да заработува пари. Нејзините фанови се цврсто покрај неа. Едно време, тие започнаа кампања наречена #FreeBritney, каде се истакна дека пејачката практично е заробена во нејзиниот дом и која повторно се разгоре со најновите настани. Кампањата вроди со плод, бидејќи сослушувањето започна во јули, по што беше преиспитано решението за старателство и беше одлучено Бритни да остане под старателство на нејзиниот татко, барем до февруари 2021 година. Сепак, сега, според новата пресуда, помладата сестра на Бритни, 29-годишната Џејми Лин Спирс, доби дозвола да управува со нејзината фондација, која пејачката ја основала уште во 2004 година за да ги заштити парите што ги поседува и да ја осигура финансиската иднина на нејзините деца. Џејми Лин ќе се грижи за недвижностите на нејзината сестра и други работи на имотот, како и за финансиите. Во меѓувреме, медиумите наидоа на документи во кои адвокатот на Бритни Спирс бара недвижностите и парите да бидат привремено згрижени од нејзиниот менаџер Џоди Монтгомери, кој остро се спротивставува на таткото и натаму го контролира богатството на Бритни. Џејми Спирс во интервју за американскиот NY Post зборува за кампањата која го претставува како опортунист што сака да го контролира емотивниот и финансискиот живот на својата ќерка. - Ја сакам ќерка ми и сите мои деца. Секоја година треба да го пријавувам на суд секој цент што го трошам. Како по ѓаволите, можев да украдам нешто? - им рече револтираниот татко Спирс на новинарите, додавајќи дека е вознемирен од агресивните фанови кои учествуваат во движењето #FreeBritney. - Овие теоретичари на заговор немаат идеја. Има и такви кои ми се закануваат со смрт. Не сакаме такви фанови - истакна Џејми Спирс. Говорејќи за семејството Спирс, да потсетиме дека пред една година, во пресрет на последниот преглед на менталното здравје на американската музичарка, нејзината мајка Лин Спирс исто така побара старателство. Таа исто така поднела барање до судот да има увид и надлежност врз финансиите на нејзината ќерка, но судот го одбил тоа. Бритни сега побара судот да биде заменет со Џоди Монтгомери, нејзиниот менаџер, кој беше нејзин привремен старател кога таткото на пејачката поднесе оставка за кратко време поради болест. Но, судот го одби ова барање и донесе одлука дека Џејмс Спирс останува чувар на неговата ќерка барем до 1 февруари 2021 година. Ова ги фрли во очај нејзините обожаватели, иницијатори и приврзаници на кампањата #FreeBritney, кои не планираат да запрат и ќе се борат, велат тие, сè додека не се задоволи правдата и нивното милениче не се ослободи од занданата каде што се вели дека ја држи нејзиниот татко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаIN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница. Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции. Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија. Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија. Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата. Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредуваУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски. Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии. Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00