Британски новинар изчезна во Амазонија, му се заканувале на неговиот водич - Канал 5

Британски новинар изчезна во Амазонија, му се заканувале на неговиот водич

Британски новинар исчезна во еден од најоддалечените делови на амазонската прашума само неколку дена откако неговиот водич добил закани.

Британски новинар изчезна во Амазонија, му се заканувале на неговиот водич

Дом Филипс, дописник на Гардијан од Бразил, исчезна со локален експерт и водич. Последен пат биле видени во текот на викендот во регионот Јавари, во близина на границата со Перу.

Според „Гардијан“, новинарот патувал со Бруно Араухо Переира, поранешен владин функционер задолжен за заштита на бразилските племиња. Пред неговото исчезнување, Переира добивал бројни закани од дрвосечачи и рудари во регионот.

Локалните домородни лидери вчера ги предупредија властите за исчезнувањето на новинарот и водичот за време на истражувачката мисија во областа на речната мрежа околу градот Аталаја до Норте, лоцирана на влезот во резерватот Јавари.

Домородната група Униваја вели дека мажите патувале со брод во регионот Лаго до Џабуру минатата недела. Тие пристигнаа таму во петокот, а во неделата наутро се упатиле назад кон Аталаја до Норта. Патувањето покрај реката не требало да трае повеќе од неколку часа, но од нив немало ни трага. Потрагата е започната 14 часа откако тие не пристигнале во градот, пишува Sky News.

Се верува дека локалната полиција и армијата се вклучени во потрагата.

„Гардијан е многу загрижен и итно бара информации за тоа каде се наоѓа и состојбата на Дом Филипс. Во контакт сме со британската амбасада во Бразил и локалните и националните власти за да се обидеме да ги утврдиме фактите што е можно поскоро“, изјави портпаролот на Гардијан. .

Филипс ја покрива ситуацијата во Бразил повеќе од 15 години за различни весници, вклучувајќи ги Гардијан, Вашингтон пост, Њујорк тајмс и Фајненшл тајмс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“.

Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина.

Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Тој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. 

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина.

Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“.

Не зборува италијански

„Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања.

Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна.

Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат.

Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор.

„Целиот случај е необичен“

„Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт.

Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки.

„Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник.

Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат.

„Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Турските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер