МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Шоу бизБританија бара екстрадиција на Кевин Спејси по обвинувањата за сексуални злоупотребиБританските власти, наводно, бараат враќање на Кевин Спејси од САД во Обединетото Кралство за да се соочи со обвиненијата за сексуален напад.Ѕвездата од „Куќа од карти“ е обвинет за четири точки за сексуален напад во Велика Британија. Спејси е обвинет за инциденти со тројца мажи, сега на возраст од триесет и четириесет години, кои наводно се случиле во Лондон помеѓу март 2005 и август 2008 година и во Глостершир во април 2013 година. Канцеларијата на државното обвинителство соопштиле дека Спејси е обвинет и за поттикнување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност. Вчера „Гардијан“ објави дека Спејси се соочува со официјална екстрадиција во Британија ако не се врати доброволно во земјата, цитирајќи официјален претставник запознаен со процесот. Специјална единица на МВР, Дирекцијата за меѓународен криминал, ќе дејствува во име на полициските органи и обвинителите, пишува „Гардијан“. UK seeking return of Kevin Spacey from US to face sexual assault charges https://t.co/fAcF4LWzwf — The Guardian (@guardian) May 29, 2022 Повикувајќи се на експерти запознаени со процесот на екстрадиција, тие исто така објавија дека американски полициски службеници може да бидат испратени да го уапсат Спејси во име на Британија. Наводите дојдоа по прегледот на доказите собрани од полицијата во нивната претходна истрага за наводите за сексуална злоупотреба против актерот, која започна во 2017 година. Спејси ги отфрли сите обвиненија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Honda Elevate“: Усовршен кросовер со пониска ценаВо 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“.Во 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“ (да не се меша со моделот WR-V наменет за Југоисточна Азија). Сега е време за планирано освежување на дизајнот, а купувачите во Индија се првите што ќе го добијат надградениот кросовер. Додека претходно „Honda Elevate“ во Индија се нудеше со две опции за предната маска (со хоризонтални „ленти“ или вертикални шипки), сега е достапна само една – со голем мотив на саќе. Почнувајќи од средното ниво на опременост, предните светла сега се украсени со три „отвори“ кои содржат LED елементи. Амблемот на брендот е преместен од маската на ладилникот на работ од хаубата. Влошките околу светлата за магла сега се во бојата на каросеријата. Задното светло, кое се протега во една целина, сега е целосно функционално, додека претходно централниот дел не светеше. Димензиите на кросоверот наменет за индискиот пазар остануваат непроменети: должина од 4.312 мм, ширина од 1.790 мм, висина од 1.650 мм и меѓуоскино растојание од 2.650 мм. Ентериерот е освежен со нови материјали, а контролната табла вклучува портокалово амбиентално осветлување. Во таблата со инструменти е поставен 7-инчен TFT-дисплеј. Основната верзија на „Honda Elevate“ нема мултимедијален систем; тој станува достапен почнувајќи од второто ниво на опременост. Пониските нивоа на опременост доаѓаат со 8-инчен дисплеј во стил на таблет, додека повисоките нивоа располагаат со екран од 10,25 инчи и функција за автоматско прочистување на воздухот. Капацитетот на багажникот изнесува 458 литри. Подобрена опрема и напредни безбедносни системи Како и претходно, списокот на опрема вклучува електричен шибер, безжично полнење на паметен телефон, автоматска климатизација и пакетот безбедносни системи Honda Sensing (адаптивен темпомат, автоматско сопирање, систем за одржување на возилото во лента и систем за следење на мртвиот агол). Повисоките нивоа на опременост се дополнително унапредени со вентилирани кожни седишта во боја на слонова коска и подобрена камера со широк агол на гледање. Во Индија, „Honda Elevate“ и понатаму е достапна со 1,5-литарски бензински мотор со четири цилиндри и атмосферско полнење (121 КС, 145 Nm), во комбинација со 6-степен мануелен менувач или CVT-менувач. Вреди да се истакне дека моделите опремени со CVT-менувач сега имаат задни диск-кочници наместо барабан-кочници. Возилото доаѓа исклучиво со погон на предните тркала. Цената на ажурираниот кросовер Honda Elevate се движи од 1.180.000 до 1.840.000 рупии – што е еквивалентно на 21.300 до 33.250 конвертибилни марки (10700 до 16 300 евра) – пренесува Auto.ba.Тагови: Хонда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМлада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во станЕдна млада девојка купила стар училишен автобус и самата го претвори во стан, Никогаш претходно не користела ненаков алат, но создаде чудо.Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години. Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем. Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака. Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат. Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус. За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби. - Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот. Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете. И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот. Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра. На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот. Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Атрактивната Никол повторно провоцираСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше. Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет. Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго. .. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter