Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотФинците се најсреќната нација во светот, но земјата тоне во долговиФинска, земјата што девет години по ред е прогласувана за најсреќна во светот, се соочува со најави за тешка зима и најстрог буџет во последните години, насочен кон силни мерки за штедење. Пред изборите во април, дебатата не се води околу тоа дали ќе има кратења, туку кои услуги, социјални бенефиции и пензии ќе бидат најмногу погодени. Показателите за долгот и дефицитот на Финска се најлоши уште од 1990-тите години, кога колапсот на банкарскиот систем и распадот на Советскиот Сојуз – тогаш клучен извозен партнер – предизвикаа длабока економска криза, пишува DW. Раст на јавниот долг Финскиот завод за статистика минатиот месец потврди дека јавниот долг во вториот квартал достигнал 90,3 отсто од БДП, што претставува пораст од околу 65 отсто пред пандемијата. Една од причините лежи на исток: Финска ги зголеми трошоците за одбрана по влезот во НАТО, поттикната од руската инвазија врз Украина. Покрај тоа, Хелсинки се соочи со значително повисоки трошоци за енергија откако стави крај на зависноста од Москва, од каде што набавуваше околу една третина од својата енергија. Сепак, финската влада троши повеќе отколку што прибира средства уште од финансиската криза во 2008 и 2009 година, делумно поради стареењето на населението и бавниот економски раст. Минатиот месец, Државната управа за финансии прогнозираше дека буџетскиот дефицит во 2026 година ќе изнесува 4,2 отсто од БДП. Брисел бара од Хелсинки да го намали новото задолжување, бидејќи правилата на Европската Унија наложуваат дефицитот да не надминува три отсто од БДП. Во јануари, Европскиот совет покрена постапка и ѝ даде рок на Финска до крајот на 2028 година да ја постигне оваа цел. Владата на премиерот Петери Орпо, која е на власт од јуни 2023 година, планира да заштеди приближно девет милијарди евра во текот на својот мандат. Економистите предупредуваат дека следната влада – без оглед на тоа кој ќе победи на изборите – ќе мора да спроведе значително подлабоки кратења. Иако стапката на ризик од сиромаштија во Финска е под просекот на ЕУ, земјата има една од највисоките стапки на невработеност во Унијата. Според „Еуростат“, во август таа изнесувала 10,3 отсто – малку повеќе отколку во Шпанија (10 отсто). Невработеноста кај младите достигнала 23,3 отсто, наспроти просекот во ЕУ од 15,4 отсто. Лаури Олапа, директор на Финскиот центар за нови економски анализи, предупреди дека нов круг на мерки за штедење би ѝ нанел тежок удар на домашната економија, бидејќи потрошувачката на домаќинствата веќе опаѓа. „Повеќе од четвртина од населението работи во јавниот сектор; доколку овие работници се соочат со закана од отпуштање, стапката на штедење ќе порасне, а приватната потрошувачка дополнително ќе се намали“, изјави Олапа за DW. И покрај низата предизвици – од пандемијата и повисоките каматни стапки до последиците од две војни – нацрт-буџетот за 2027 година сепак предвидува дефицит од 12,4 милијарди евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24