ЗабаваБрена , Цеца и Карлеуша не се најбогатите, туку пејачката што носи злато на чевлите (ФОТО)Ако мислевте дека Лепа Брена, Светлана Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша се најбогатите српски пејачки, грешите.Сите тие се посиромашни од Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џи, која во 2013 година се омажи со дваесет години постариот експерт за информатика, Даниел Роковиќ, а во последно време ретко престојува во родната Србија. Кога се таму, Диди и нејзиниот сопруг престојуваат во куќа од 500 метри квадратни во белградски Врачар. Имаат тројца домаќини, а плакарот на Дијана вреди колку половина од куќата. View this post on Instagram Catching some sun while quarantined 🌞🤷🏻♀️ #didij #usa #world #stayhome #staysafe #quarantinelife A post shared by DIDI J (@didijofficial) on Apr 8, 2020 at 11:34am PDT Српските медиуми исто така објавија дека планира да го реновира целиот кат и да го претвори во гардеробер. View this post on Instagram Whatever life throws at you, even if it hurts you just be strong and fight thought it. Remember strong walls shake but never collapse. 💕 #didij #usa #world #nyc #la #miami #music #fashion #realityshow #mtv #vh1 A post shared by DIDI J (@didijofficial) on Mar 12, 2020 at 6:22am PDT „Ќе има цел кат во стакло и огледала. Ќе има само моја гардероба, еден ѕид за торби и еден ѕид за чевли“, објави таа. Во својата колекција има и торба „Хермес Биркин“, која достигнува до 100.000 долари. Еспресо.рс пишува дека за тие пари можат да се купат два стана во Белград. View this post on Instagram 🧡🧡🧡 #didij #usa #world #nyc #music #fashion #realityshow #takingover #soon #mtv #vogue #vh1 A post shared by DIDI J (@didijofficial) on Mar 4, 2020 at 1:04am PST Покрај тоа, таа се пофали со чевли со златни украси. View this post on Instagram Just arrived 🖤 @balmain #didij #usa #world #nyc #la #miami #music #fashion #style #realityshow #takingover #soon A post shared by DIDI J (@didijofficial) on Feb 19, 2020 at 2:35am PST View this post on Instagram Something special is coming ✨#theinternationaldiva #didij #usa #world #music #fashion #realityshow #takingover #sorry #video #soon #cantwait A post shared by DIDI J (@didijofficial) on Sep 2, 2019 at 9:57am PDT View this post on Instagram 💸💸💸 #theinternationaldiva #didij #usa #world #music #fashion #sorry #move #flashinglights #realityshow #takingover #mtv #vogue #vh1 A post shared by DIDI J (@didijofficial) on Sep 24, 2019 at 5:21am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и РесенДенеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки. Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook