Бредли Купер и Џиџи Хадид се прошетаа низ Њујорк, сите коментираат како се облечени (ФОТО) - Канал 5

Бредли Купер и Џиџи Хадид се прошетаа низ Њујорк, сите коментираат како се облечени (ФОТО)

Бредли Купер и Џиџи Хадид прошетаа по улиците на Њујорк и привлекоа внимание со координираните модни избори.

Бредли Купер и Џиџи Хадид се прошетаа низ Њујорк, сите коментираат како се облечени (ФОТО)

Актерот и режисер облекол црвена маица и сини спортски панталони, а со тоа искомбинирал сини тениски патики и бела јакна, која ја носеше во рацете.

Од друга страна, Хадид носеше бела маичка со принт, а преку грбот врза елек во боја на маицата на Купер. Аутфитот го комплетира со капа, златен накит и очила за сонце.

Извор близок до парот изјавил дека тие уживаат во нивната врска. „И двајцата се зафатени, но успеваат да поминат време заедно и да уживаат еден во друг. Не бевме сигурни дека тоа ќе се претвори во нешто сериозно, но очигледно е дека добро се забавуваат заедно“, откри тој за People.

Неодамна Бредли и Џиџи уживаа на средба на Бродвеј, но фотографијата од парот објавена на Инстаграм збуни многумина. Двојката присуствувале на изведбата на мјузиклот Чикаго на 9 ноември за да ја поддржи Алиса Милано, која ја презеде улогата на Рокси Харт во театарот Амбасадор. Алиса објави фотографии со нејзините пријатели по завршувањето на шоуто за да им се заблагодари за поддршката.

"Бредли, Џиџи, Ерин, Мишел - и многу други со кои немам слики. Ви благодарам на сите што дојдовте да ме видите во мјузиклот Чикаго. И ви благодарам на сите што ме чекавте на студот на вратата на сцената. Срцето ми е полно“, напишала таа.

Првата од неколкуте фотографии во серијата беше на која Алиса позира со Бредли и Џиџи. Нејзините следбеници забележале дека Бредли и Џиџи изгледаат поинаку од вообичаено.

„Премногу Facetune“, „Amazing Facetune“, „Па Бредли е непрепознатлив на оваа фотографија“, „Најлошиот фотошоп досега“, беа коментарите под фотографијата.

Џиџи и Купер не сакаат да зборуваат за нивната врска. Се сомнева дека тие се во врска од минатиот октомври, кога првпат биле видени заедно. Тие толку многу сакале да ја држат својата романса подалеку од јавноста што своевремено биле во куќа на Род Ајленд во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт.

Сепак, на неодамнешната ревија на Викторија Сикрет, манекенката ја потврди врската. Џиџи изјави за Entertainment Tonight дека Бредли не дошол да го гледа шоуто. "Бредли гледа од дома, се грижи за децата, но многу ме поддржува. Имам пријатели кои доаѓаат на шоуто, многу пријатели", рекла Џиџи и со тоа ја потврдила врската со актерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да заврши

Од јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола имало груба манипулација, допрва ќе следи истрага вели премиерот Мицкоски во однос на одлуката да му се врати пасошот на бизнисменот и почесен конзул Борче Марковски.

Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да заврши

Од јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола имало груба манипулација, допрва ќе следи истрага вели премиерот Мицкоски во однос на одлуката да му се врати пасошот на бизнисменот и почесен конзул Борче Марковски, кој од пред два дена е во Србија. Постои несогласување меѓу извештајот на Основното јавно обвинителство и записникот врз основа на кој Вишото обвинителство ја донело одлуката, вели Мицкоски и најави дека ќе има истрага за целиот случај.

-Од Обвинителството, пак, најавија дека ќе бидат испитани сите аспекти на донесената одлука и аргументацијата за враќањето на патната исправа. Оттаму претходно посочија дека во моментов Марковски не може да се смета за лице во бегство, бидејќи, според образложението на Вишото обвинителство, со определената гаранција биле отстранети околностите кои укажувале на опасност од бегство. Биле прифатени и аргументите на одбраната дека неговото патување во Србија е поврзано со работењето на фирмата што ја поседува таму,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Марковски ја доби патната исправа назад откако Вишото јавно обвинителство Битола, по барање на неговата одбрана, наложи да се даде позитивно мислење за укинување на мерката. Основниот суд во Струга потоа му го врати пасошот,по што тој ја напушти државата преку граничниот премин Табановце

Дека ќе бидат испитани сите аспекти на донесената одлука и аргументацијата за враќањето на патната исправа најавија и од ОЈО. Оттаму претходно посочија дека во моментов Марковски не може да се смета за лице во бегство, бидејќи, според образложението на Вишото обвинителство, со определената гаранција биле отстранети околностите кои укажувале на опасност од бегство. Биле прифатени и аргументите на одбраната дека неговото патување во Србија е поврзано со работењето на фирмата што ја поседува таму.

И според неговата одбрана Марковски не бил во бегство и викендов ќе се врател во Македонија а доказ за тоа била и дадената гаранција од 5 милиони евра..

Марковски и уште осум лица се обвинети за злоупотреби поврзани со јавната набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“, вредна над 1,7 милиони евра. Судскиот процес продолжува на 2 септември во Основниот суд Струга.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува

Водата во Гостивар се уште не е за пиење,ниту за готвење, според добиените резулатти за гостварци нема позитивни вести. 

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува

Резиуделната бактерија се уште е пристуна во гостиварскиот водовод, потврди првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Она што е во добра насока е дека епидемилошката состојба се подобрува и има континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош, велат во писмениот извештај на министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи во здравствениот дом Гостивар, што е за 37 помлку од претходниот ден.

Од почетокот на епидемијата, во двете здравствени установи се извршени вкупно 4.483 први прегледи.

YouTube video

Доставени се 1.014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети, со што е постигната покриеност од 70 проценти, велат од министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?!

Според дел од српските медиуми, старо-новиот предводник на Реал Мадрид, Жозе Мурињо лично му се јавил на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ и му понудил плата од 8.000.000 плус бонус за потпис.

 Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?!

Фудбалска„бомба“ – Душан Влаховиќ е на чекор до потпис со Реал Мадрид!

Српскиот ас е голема желба на Жозе Мурињо, пишува шпанскиот портал „Defensa Central“.

Португалецот Мурињо наводно смета дека на тимот му е потребен силен, физички доминантен центарфор, односно класична „деветка“, а во Влаховиќ гледа играч кој може да ги исполни сите тие барања.

Односот на Жозе Мурињо кон Душан Влаховиќ претставува спој на голема тренерска почит, медиумски провокации и постојана желба да го доведе во својот тим. Додека Португалецот ја водеше Рома, Србинот блескаше во дресот на Фиорентина, а потоа премина во Јувентус.

Мурињо постојано го опишуваше Душан Влаховиќ како „идеален и модерен центарфор“ – физички доминантен, агресивен и смртоносен во шеснаесетникот.

Римските медиуми пишуваа дека Мурињо побарал од раководството на Рома да стори сè за да го доведе, но Јувентус бил финансиски недостижен.

За време на натпреварите меѓу Рома и Јувентус, Мурињо честопати фрлаше предмети кон Влаховиќ од техничкиот простор, но по натпреварите јавно го фалеше: – Душан е фантастичен напаѓач. Ги поседува сите квалитети за да биде меѓу најдобрите во светот.

Интересно е што, кога пред две години Жозе Мурињо стана тренер на Фенербахче, тој исто така побара од раководството на турскиот клуб да го ангажира Душан Влаховиќ. Едноставно кажано, Португалецот е воодушевен од Србинот во фудбалска смисла.

Турските и италијанските медиуми тогаш известуваа дека Мурињо лично стапил во контакт со Влаховиќ и неговиот агент Дарко Ристиќ за да ја испита можноста за евентуален сензационален трансфер во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер