Бред Пит е во тајна врска со 23 години помлада шведска пејачка

Актерот Бред Пит наводно тајно се гледа со шведската пејачка Лике Ли.

Иако нема официјална потврда за нивната врска, на социјалните мрежи се проширија гласини за нова холивудска романса откако од анонимен извор протече информација дека парот бил виден на заедничка вечера, пренесува The Sun.

Популарниот актер и 23-години помладата пејачка се соседи, поради што нивната наводна романса полесно се криела. Имено, Лике Ли е на само три минути возење од Бред Пит.

„Бред и Лике успеаја да влезат „под радар“ затоа што се соседи. Се` е совршено за Бред да има некој што живее толку блиску што може да го добие под радар“, рекол добро информиран извор.

Холивудскиот заводник наводно се гледал со пејачката од средината на 2021 година, а пред тоа бил поврзуван со израелската професорка Нери Оксман, како и со германската манекенка Никол Потуралски.

Инаку, Лике Ли со поранешниот сопруг, музичарот Џеф Баскер, го има петгодишниот син Дион, додека Бред Пит се уште води битка за старателство над шест деца со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Ниту централната власт нема решение за проблемот со градинките

Ред за во градинка во Скопје се чека со години.

Проблемот е хроничен, ама работите не се поместуваат дури и за делумно да се решат маките на некои од родителите. Ова е така оти занимални во дел од општините има, ама седат празни бидејќи за вработувања на воспитувачки „амин“ се чека од Министерствата за труд и социјала и финансии.

Ова се случува и во Карпош, но и во Ѓорче Петров. Од Министерството за труд велат дека скоро ќе има согласности за да се надмине и овој проблем.

Додека од Министерството за труд и социјала, појаснуваат дека со нови градинки на долг ќе се помогне во намалување на листите на чекање, проблемот со недостаток на капацитети го актуелнизираа родителите на околу 200 деца што не живеат во населбата Карпош, а со години ги посетуваат градинките во општината. Додека Министерката Тренчевска смета дека одлуката да не се примаат деца од други општини треба да важи само за новите уписи, од општина Ѓорче Петров за Канал 5 потврдуваат дека нема простор да се згрижат во нивните градинки зошто и таму листата за уписи е полна со 500 дечиња.

Во меѓувреме, градоначалникот Стевче Јакимовски, во „Само интервју“ повтори дека не го менува ставот и на децата што не живеаат таму нема да им се дозволи влез.

Додека дека поголем дел од родителите кои се од Ѓорче правдата ќе ја бараат и на суд, во нивната општина со месеци наназад стои празна цела градинка која доби и признание за најдобро архитектонско решение.

Рокот за отворање беше поместуван пет месеци, но од општината велат дека тоа зависи од фирмата која гради, а не од нив.

Мими и Роберт Ристов- зад кулисите!

Роберт: „Ние се каравме на велико после претстава, ќе се вратиме дома и вриштиме!”

Гледајте „G CARPET” во сабота во 19:30 часот, со Мими и Роберт Ристов на Канал 5!

Министерот Османи во Киев, повторно се отвора македонската амбасада во Украина

Три месеци од почетокот на руската инвазија врз Украина, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи стана дел од серијата на странски политичари и дипломати кои ја посетија државата.

Во Киев Османи повторно ја отвори македонската амбаада, а потоа оствари и средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. На заедничката прес-конференција, двајцата министри покрај осудата за руската агресија, ги поздравија и чекорите кои Македонија и Украина ги прават за полноправно членство во Европската Унија

-Со борбата за нивната слобода и слободата на нивната земја и за идните генерации, храбрите Украинци се сега на првите редови во борбата за демократскиот свет, да се зачуваат демократските вредности. Слободата на Македонија и секоја друга држава денеска се брани во Украина и Украина ја заслужува нашата целосна почит, поддршка и помош во нивната битка. -Бујар Османи.

На терен пак, продолжува руската офанзива во Донбас. По неколкудневните интензивни борби, проруските сепаратистички сили соопштија дека ја презеле целосната контрола врз градот Лиман кој важи за еден од стратешки најважните градови во истокот на државата. Во меѓувреме, украинскиот Претседател Зеленски и денеска со порака за помош од западните партнери за конечно ставање крај на војната.

-Моменталната офанзива на окупаторот во Донбас може да го опустоши целиот регион. Тие сакаат да ги бомбардираат Попасна, Бахмут, Лиман, Лисичанск и Северодонецк до темел, како Волновахка и Мариопол. Во градови и општини кои се наоѓаат во близина на границата со Русија, во Донецк и Луганск ги собираат сите кои што можат да ги заземат местата на убиените и ранетите во нивните бригади.- Володомир Зеленски.

Во речиси исто време со офанзивата во Донба, руската армија го гранатираше вториот по големина град во Укрина, Харков. Според официјалните податоци, , во нападите загинале 9 цивили, меѓу нив и пет месечно бебе. Звуците од воените сирени доцна синоќа, покрај во Харков се слушаа и во Запорожје и Днипро. Дека мирот не е ни на повидок, потврди и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев кој украинските услови за примирје ги оцени како неостварливи и нереални.

притисни ентер