Македонија„Жетва без нејзино име“ во Јуроп хаус Струмица: Разговор за руралните жени и нивниот невидлив трудНад 38.000 жени во Македонија се регистрирани како земјоделки, но многу од нив немаат еднаков пристап до финансиска сигурност, породилно отсуство, здравствено осигурување и социјална заштита. Овие предизвици беа во фокусот на вчерашната панел-дискусија „Жетва без нејзино име: Руралните жени и невидливиот труд“, одржана во Јуроп хаус Струмица. Настанот беше организиран како дел од кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change), иницирана од Делегацијата на Европската Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ, обединети во #TeamEurope, во рамки на националниот караван. Дискусијата отвори простор за разговор за системските и институционалните пречки, но и за предрасудите и нееднаквостите што го ограничуваат пристапот на жените во руралните средини до нивните права. Жените земјоделки учествуваат во производството на храна и руралната економија, а истовремено најчесто се грижат и за домот. Сепак, нивниот труд и придонес често остануваат надвор од формалните економски и институционални рамки. Посебно загрижувачки е пристапот до имот и земјиште: во 2021 година, само 4,1 процент од жените во руралните области биле евидентирани како сопственички на имот, додека на национално ниво земја поседуваат само 12 проценти од жените. Разговорот ги опфати причините за овие нееднаквости, вклучувајќи ги практиките поврзани со наследувањето. Иако ќерките имаат законско право да наследуваат, често се откажуваат од својот дел во корист на браќата. На тоа влијаат долгогодишни традиции и очекувањето дека по бракот ќерката ќе „припадне на друго семејство“. Во дискусијата учествуваа Вероника Јоана Чолка, заменик-шефица на мисијата на Амбасадата на Романија, Лејла Рајкова, застапничка за правата на руралните жени и локалното земјоделство, и Лилјана Јоновски, вонредна професорка на Факултетот во Кичево и експертка за вклучување на жените во јавниот живот, со фокус на руралните средини. Разговорот го модерираше Андреа Угриноска од „Тиииит! Инк.“ – Скопје. Панелистките ги разгледаа предизвиците со кои се соочуваат жените што живеат и работат во руралните средини, спроведувањето на законите и достапните механизми за поддршка. Беше отворена и перспективата на Романија, како земја со значително учество на работната сила во земјоделството, како и прашањето за улогата на Европската Унија во унапредувањето на правата на руралните жени. Во разговорот беа опфатени и општествените и културните пречки што опстојуваат покрај законските рамки, како и начините на кои институциите и заедниците можат да придонесат за еднакви можности. По панелот, во прашања и одговори се вклучи и публиката. Главната порака од дискусијата беше дека придонесот на жените земјоделки мора да биде препознаен и проследен со еднакви права и сигурност. Обезбедувањето пристап до имот, здравствено и социјално осигурување и права поврзани со работата е важен чекор кон поправедно и одржливо општество. Преку караванот „Носи ја промената“, Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ и мрежата на Јуроп хаус продолжуваат да отвораат јавни разговори за родовата еднаквост и правата на жените низ земјата.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзмама вредна 100 милиони евра: Разоткриени шверцери на луксузни возила, претреси и во ХрватскаЕвропското јавно обвинителство (EPPO) разби криминална мрежа која извршила измама со ДДВ во вредност од 100 милиони евра преку увоз и продажба на луксузни автомобили. Во операцијата „Џавелин“ (Javelin) биле уапсени 13 лица, а претреси се спроведени во пет европски земји, меѓу кои и Хрватска. Како што соопшти Европското јавно обвинителство, вчера, во рамките на опсежна истрага, биле спроведени претреси во Австрија, Хрватска, Чешка, Германија и Полска, во кои учествувале повеќе од 900 даночни службеници и полицајци. Во Германија и Австрија се уапсени 13 лица, а истрагата се води против повеќе од 50 осомничени. Истовремено, беа извршени налози за одземање имот во вредност од дури 26 милиони евра. Во Берлин се одземени два имота, меѓу кои и еден во кој се наоѓа хостел, а во Хрватска биле одземени седум имоти. Исто така, се замрзнати банкарски сметки и одземени десетици автомобили, вклучително и скапи луксузни возила, како и готовина, криптовалути, оружје со муниција и неколку луксузни часовници. Според доказите собрани досега, оваа сложена шема била организирана од петмина осомничени предводници и двајца даночни советници, а интегрираниот систем функционирал најмалку од 2016 година. Тие ги искористиле правилата на Европската унија, според кои прекуграничните трансакции меѓу земјите-членки се ослободени од ДДВ. Компании од неколку земји на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија и Чешка, пријавиле продажба на луксузни автомобили на компании во Берлин, кои ја имале улогата на таканаречени „исчезнати трговци“. Според прописите на ЕУ, германските компании ги купувале автомобилите по нето-цена, без ДДВ, но при нивната препродажба на купувачи во Германија, тие биле должни да пресметаат ДДВ и да го уплатат кај даночните органи. Наместо тоа, како што се сомнева, тие го наплаќале ДДВ-то, а потоа исчезнувале или престанувале со работа, без да платат даноци кон државата. Автомобилите потоа биле препродавани преку посреднички компании, таканаречени „тампон-компании“ (buffers), чија задача била да ја прикријат измамата и да им дадат изглед на легитимност на трансакциите. На крајот, возилата биле продавани во друга земја од ЕУ, а последниот купувач во Германија можел да побара поврат на ДДВ-то платено на добавувачот, иако тој данок никогаш не бил уплатен во државниот буџет. На овој начин, според обвинителството, осомничените се стекнале со незаконска добивка проценета на 100 милиони евра, која потоа ја испрале со цел да го прикријат нејзиното вистинско потекло. Оваа акција беше спроведена под надзор на Европското јавно обвинителство (EPPO) од страна на органите за спроведување на законот во пет земји. Во Хрватска учествуваше PNUSKOK, со поддршка од полициските управи во Загреб и Задар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаОд 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен станНови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан.. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом. Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти. Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназијаГрадоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter