Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството
2Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството
ЖивотБожиќна порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро СтојановБискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати порака по повод празникот Божик што задутре го слават граѓаните со католичка вероисповед.– Бог не умира оној ден кога ние веќе не сме во состојба да веруваме во сопствениот Бог, туку умираме на денот и од денот кога нашите животи повеќе не се трајно проткаени со новиот сјај на тоа чудо, оние извори на светлина над секој разум." Генералниот секретар на ОН и христијански сведок Даг Хамершелд, кој трагично загина во необјаснети околности во авионска несреќа на 18 септември 1961 година во Конго, може да ни биде водич во пресрет на Божиќните празници и во оваа наша Божиќна порака. Колку и да се трудиме да го заборавиме и да го потиснеме Бога во нашиот секојдневен живот, ќе тргнеме да се сретнеме со светлината што нѐ повикува од чудесното воплотување на Синот Божји, нашиот Господ Исус Христос. Драги браќа и сестри! На почетокот на Адвент, во најмала рака, бевме обземени од содржината на некој документ за внатрешните насоки на Европската комисија, што на 30 страници е изготвен од комесарот за еднаквост, малтешката политичарка Хелена Дали, а што требало да биде претставен на бриселските бирократи. Меѓу останатите насоки се говори како треба да се „избегне претпоставката дека сите се христијани" и дека „не сите ги слават божиќните празници" и дека „европските официјални лица мора" да внимаваат на фактот дека луѓето имаат различни верски традиции", и во таа смисла во меѓусебната комуникација не можат повеќе да ги користат зборовите „Божиќ" и „Божикни празници." Христијанското име на поединци дури треба да се исклучи за да се избегне навреда на чувствата на некои луѓе, а наместо тоа да се стави нешто „неутрално" во комуникацијата. Во тие насоки има сѐ и сешто, кој би можел сето тоа да го запамти, особено кога се завиткува во наводна „благородна" идеја за „илустрација на различноста на европската култура" и „вклучувајќи ги сите делови од општеството и религиозните верувања на европските граѓани". Ѓаволот никогаш не мирува! Откако овој документ протече во јавноста и крена голема прашина, малтешката комесарка решила што побрзо да ги повлече тие насоки. Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин праша дали ова „значи поништување на христијанскиот идентитет на Европа? Се разбира, знаеме дека Европа своето постоење и својот идентитет го должи на многубројните придонеси, ако не и воопшто, само на христијанството." Дали се ова новите градители на мирот во тој нивен „прекрасен нов свет" кои се обидуваат да ни го променат мислењето и свеста? Во стариот Рим постоело пророштвото на Сибила кое претскажувало како на светот ќе му се даде кнез на мирот, а ова пророштво го применил царот Август на себе, па затоа се нарекувал кнез на мирот, principes pacis, restitutor orbis кој е истовремено и спасител и нов основач на светот. Се чини дека човечкиот род секогаш наново навлегува во некои од своите конструкции со тоа што ни ги наметнува своите идеи за темнината наместо да се предаде на светлината на Младото Сонце од височината што доаѓа да ги осветли оние што седат во темнината и сенката на смртта и ги насочи нашите патишта кон мирот. Во текот на историјата на човечкиот род, некои херои се појавија и беа поздравени како носители на големи ветувања. Така Ниче го објави надчовекот, а Третиот Рајх сакаше да го постигне на расистички начин, со намера да го промени светот. Па, и слабите се мобилизираат одново и одново како силни, за да се воспостави бескласно општество. Така, во селските бунтови, селаните биле доведени до крвопролевање како на некаква света војна. Маркс и Енгелс ги повикаа работниците со мотото: „Пролетери од сите земји, обединете се!" Дури и Црквата сметаше дека таа мора да биде во раскош за да го одрази Царството Божјо во тој сјај. Една мудра поговорка вели дека „Божјите воденици полека мелат". Тоа можеме да го слушнеме и во говорот на нашиот народ дека Господ не плаќа секоја сабота, туку кога плаќа, плаќа. Ги знаеме овие изреки и најмногу ги користиме кога очекуваме, замислуваме или повикуваме на Божјиот суд и Божјата казна за некој што мислиме дека го заслужува тоа. Меѓутоа, има нешто точно, а тоа е дека тој што се воздигнува и дигнува против Бога, секогаш на крајот ќе го извлече најдебелиот крај. Зашто „сите ќе застанеме пред Божјиот суд" и „секој од нас ќе даде сметка за себе пред Бога" (Римјаните 14:10, 12). Бог, во историјата на спасението, ги превртел наопаку сите претпоставки на светот за доаѓањето на Спасителот. Нему никаде не Му се брза. Така, Бог илјадници години ги подготвуваше луѓето за спасение, бидејќи „не ја посакува смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот лош пат и да живее" (Езекиел 33:11). Бог не сака смрт и пропаст, туку правда и праведност, радост и живот. Бог го подготвува патот за ова. Ги подигнува оние кои повикуваат да му го подготват патот на Господа, гласници, пророци, свети Иван Крстител и Пресвета Богородица, Блажена Дева Марија. Во Витлеем, тој почна да воспоставува спасение и мир во светот, преку беспомошноста на својот Син, а не преку силата на моќта. Ова правило важело отсекогаш: Бог се служи со малиот човек, оној кој едвај во светот на моќта го прашуваат нешто и чие мислење не се бара; но Бог со таквите се служи за да ги спроведе своите планови во светот. Оваа година во нашата татковина, покрај општествените потреси поради изиграните надежи и очекувања, како и постојаната борба со пандемијата на Ковид-19, не потресоа и настани каде што требаше да ги броиме и оплакуваме жртвите, прво во пожарот што се случи на 8 септември во импровизираната КОВИД болница во центарот на Тетово, во која животот го загубија 14 пациенти, а потоа 45 лица, главно наши државјани, загинаа во страшната сообраќајна несреќа на нашиот автобус што се случи на 23 ноември во Бугарија. Не можеме во ова предбожикно време, кое само по себе е носталгично време, но и време на голем копнеж за Божјото спасение, а да не размислуваме во нашите молитви за нив и нивните најблиски кои доживуваат тага во овие тешки времиња и кои долго ќе ја носат празнината во својот живот заради своите најблиски кои повеќе не се со нив. Господ нека им помогне во нивната болка и нека во овие божиќни празници им удели утеха. Драги браќа и сестри! Бог никогаш не смее да биде приврзок во нашите животи. Тој е центарот на животот. Тој е Патот, Вистината и Животот. Нека ни помогне на сите да разбереме дека сè што имаме и сме доаѓа од неговата рака. А ние само треба да имаме одврзани раце и отворени очи за да ги видиме другите околу нас. Така сè повеќе ќе наликуваме на сиромашното дете во Витлеем, во кое Бог слезе на земјата. На овој начин ќе му служиме на неговото доаѓање, не толку со материјална или духовна помош за сиромашните – на кои секако треба да им се пружи сесрдна помош – туку со внатрешен став: јас сум мал, сиромашен и ситен пред Бога, а сепак Бог смета на мене. На крајот, оваа размислување можеме да го завршиме со мислите на големиот човек со кој и го започнавме: „Нашето дело на мирот мора да започне внатре лично кај секој од нас. За да изградиме свет без страв за човекот, ние самите мора да бидеме бестрашни. За да изградиме свет на правда, мора да бидеме самите праведни. И како можеме да се бориме за слобода, ако самите не сме слободни во својата душа? Како можеме да бараме од другите да се жртвуваат ако не сме самите подготвени да се жртвуваме? Само во вистинска и искрена посветеност на заедничкиот интерес можеме да ја постигнеме таа сила и независност, тоа единство на намери, таа еднаквост во расудувањето што е неопходна, ако сакаме да бидеме на висината на нашата задача за иднината, како луѓе од една генерација на која и е дадена можност во времето да го гради светот на мирот" (Даг Хамершелд). На сите ви посакувам благословено време, радосен Божик и божикни празници. Божјиот благослов нека ве придружува во Новата година. Амин!, стои во Божиќната порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕкономијаЦената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 годинаЦената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 година, кога Европа се соочи со енергетска криза по почетокот на војната во Украина. Во услови на раст на цените на енергенсите, ЕСМ преговара за подолгорочно снабдување со гас по поконкурентни цени, вели министерката за енергетика Сања Божиновска, нагласувајќи дека државните електрани имаат обезбедено гас за ноември. Воедно, Божиновска уверува дека политичките случувања во Србија нема да влијаат врз регионалниот проект за алтернативно снабдување со гас. -ЕСМ има закупено на подолг период гас, ќе видиме и тука што ќе се случува. Ноември имаат закупено гас, ЕСМ се во преговори за подолгорочно и секако поконкурентно снабдување на гас. Тоа што ние соработуваме со Република Србија е регионален и европски проект. Тука се инволвирани и повеќе финансиски, интернационални компании. Јас сум убедена дека нема ништо да има некакви промени во однос на политичката сцена, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Покрај обезбедувањето гас по поконкурентни цени, пред институциите е и прашањето за трошоците за електрична енергија од јануари. До средината на ноември, ЕСМ треба да ги заврши пресметките и да и достави на Владата нова понуда за цената по која ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум за следната година. Моментално цената изнесува 65 евра за мегават-час. Сепак, врз крајната цена влијаат и трошоците за пренос и дистрибуција на електричната енергија. МЕПСО побара зголемување на надоместокот за пренос за над 97 проценти, додека МЕМО не побара промена на цената. Електродистрибуција, пак, се уште нема конечна пресметка, бидејќи не е завршен тендерот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во мрежата. Божиновска посочува дека барањата на компаниите не значат автоматско поскапување и дека конечната одлука ќе ја донесе Регулаторната комисија. - Тоа што компаниите поднесуваат до Регулаторната е едно, значи вие може да барате и да си дадете ваши пресметки. Тука Регулаторната ќе одлучи и ќе види што ќе се... што ќе биде крајниот исход. Така да, ве замолувам да почекате на одлуката на Регулаторна, да видиме на крај кој ќе биде нејзината одлука и колку ќе има тука покачување, ако има, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Во меѓувреме, неизвесно е дали ќе продолжи и попустот на горивата од ОКТА, кој важи до следната недела. Божиновска вели дека одлуката за евентуално продолжување ќе зависи од движењето на цените, а по истекот на актуелниот период вели ќе се разгледаат следните чекори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравствотоЖан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, постави три пратенички прашања од областа на енергетиката, здравството и одбраната.„Особено значајно е тоа што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект од исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата, во овој период се реализираат два значајни инфраструктурни проекти во енергетскиот сектор, тоа се изградбата на гасоводните интерконектори со Република Грција и Република Србија. Со оглед на значењето на овие капитални инвестиции, би сакал да ве прашам кои се конкретните придобивки што Република Македонија и македонските граѓани ќе ги имаат од изградбата на овие два гасоводни интерконектори? На кој начин нивното ставање во функција ќе придонесе за поголема енергетска сигурност, намалување на зависноста од еден правец на снабдување и создавање услови за поконкурентни цени на природниот гас и секако какви можности се отвораат за македонската индустрија, стопанството и домаќинствата?“, рече Дрвошанов. Второто прашање Дрвошанов го упати до министерот за одбрана, а се однесува на владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години, при што побара појаснување за конкретните мерки, роковите за спроведување и придобивките што ќе ги донесе за оваа категорија припадници на Армијата. „На една седница на Влада беше донесена одлука со која ќе се реши овој децениски проблем со кој се соочуваат професионалните војници, затоа моето прашање е што конкретно предвидува донесената владина одлука за професионалните војници кои навршиле 45 години и кои се придобивките од неа? Ве молам дадете подетални објаснувања за содржината на одлуката, роковите за нејзиното спроведување и секако очекуваните ефекти врз професионалните војници“, посочи Дрвошанов. Третото прашање Дрвошанов го упати до министерот за здравство, а се однесуваше на обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството, при што побара информации за досегашните реализирани набавки, инвестициите во современа опрема и планираните вложувања во наредниот период. „Инвестициите во здравството имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, особено е важно институциите да располагаат со современа опрема, соодветни материјално-технички средства за навремено и ефикасно извршување на своите задачи. Минатата недела имавме промоција на 100 нови амбулантни возила, настан кој го отвори прашањето за обновувањето на возниот парк и подобрувањето на условите за работа на здравствените служби. Моето прашање е какви конкретни резултати постигна министерството во обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството? Ве замолувам да не информирате за досегашните реализирани набавки и планираните инвестиции во наредниот период за да граѓаните имаат јасна слика како се вложуваат јавните средства во подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија“, рече Дрвошанов, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЗабаваКога парфемот станува доживување: Гала вечер на Atelier Des Ors во СкопјеИма настани што претставуваат бренд, и има вечери што успеваат да го претворат неговиот свет во целосно искуство.Гала вечерта посветена на француската парфемска куќа Atelier Des Ors, во организација на Matoss Cosmetics, официјалниот увозник и дистрибутер на брендот во Македонија, дефинитивно припаѓаше на втората категорија. Концептот на вечерта беше изграден околу еден од најпрепознатливите симболи на Atelier Des Ors, златото. Не само како декоративен елемент, туку како нишка што ја поврзува филозофијата на брендот, парфемите, гастрономијата и целокупната атмосфера. Гостите уживаа во внимателно осмислена вечера во пет следа, претворена во вистинско гастрономско доживување. Дел од специјалитетите беа дополнети со јадливо злато, суптилна референца на 24-каратните златни честички што се еден од потписите на парфемите Atelier Des Ors. Молекуларните десерти, пенливите вина и шампањот дополнително ја заокружија вечерта во која гастрономијата и парфимеријата природно се сретнаа околу иста идеја, уживањето како форма на уметност. Atelier Des Ors е француска куќа за уметничка парфимерија основана во 2015 година од Jean-Philippe Clermont, со идеја парфемот да се врати во доменот на високото занаетчиство, естетиката и емоцијата. Во нејзината филозофија златото не е само визуелен код на луксузот. Тоа е симбол на потрагата по убавина, совршенство и трајност, а токму 24-каратните златни листови присутни во парфемите станаа еден од најпрепознатливите потписи на куќата. На вечерта присуствуваше и претставничката на Atelier Des Ors, Elise Pelletier, која ги поздрави гостите и ја доближи филозофијата на куќата, според која парфемот не треба да се доживува единствено како мирис, туку како простор за емоција, сеќавање и имагинација. Токму таа идеја, парфемот како уметност на живеењето, беше присутна во секој сегмент од вечерта. Пред гостите беше претставено портфолиото на Atelier Des Ors, а посебно внимание привлече Novae Vanilla, една од поновите креации на куќата. Инспирирана од златниот пресек и идејата за совршена пропорција што се повторува во природата и уметноста, композицијата ја гради својата приказна врз контрастот меѓу светлината и темнината. Во неа се среќаваат три различни интерпретации на ванила, NaturePrint® blue vanilla, Bourbon vanilla и Madagascar vanilla, со сончевата мекост на мимозата. Резултатот е ванила што излегува од очекуваната гурманска рамка и добива поминерален, посветол и пософистициран карактер. Меѓу гостите беа бројни инфлуенсери, соработници, пријатели и почитувачи на брендот, но она што ја издвои вечерта беше чувството дека ништо не е оставено на случајност. Од презентацијата на парфемите и гастрономскиот концепт, до најмалите визуелни детали, целиот настан изгледаше како дел од истиот внимателно режиран свет. И можеби токму тоа беше најсилниот впечаток од вечерта. На неколку часа Скопје изгледаше како природна адреса на еден светски niche perfume настан, со продукција и естетика какви што сме навикнати да гледаме во Париз, Милано или други големи европски центри. Без непотребна претенциозност, но со јасно чувство за мерка, детали и современ луксуз. Токму вакви настани му недостигаат на градот. Не само поради нивната визуелна привлечност, туку затоа што создаваат поинаква култура на доживување на брендот, во која производот не се изложува едноставно пред публиката, туку околу него се создава приказна, атмосфера и меморија. Парфемите на Atelier Des Ors се достапни во парфимериите Boudoir The house of Fragrance, каде македонската публика може да ја открие селекцијата на оваа француска куќа и нејзиниот препознатлив свет во кој парфемот, уметноста и златото зборуваат на ист јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter